Еве ја првичната листа на 10 најлузерски партии (со најголем број гласови - според ДИК, од 99,43% гласачки места), кои нема да имаат свои претставници во Собранието (според МОСТ).
1) ПЕО - 13.102
2) Земјоделска Народна Партија на Македонија - 12.538
3) ДА - 11.174
4) СДПМ - 8.365
5) Национално Демократска Партија (НДП) - 4.490
6) Национална Алтернатива - 4.250
7) Коалицијa Нови демократски сили (НДС),
Демократска Алеанца на Албанците (ДААМ) - 4.141
8) Сојуз на титови леви сили - 2.985
9) Лига за Демократија - 2.679
10) Демократска републиканска унија
на Македонија (ДРУМ) - 2.670
Ако сите овие партии се обединеле во коалиција, заедно, на пример, со Група избирачи-ПМ (5.998), ќе имале 70.392 гласа, повеќе од НДСП (56.922) која освои барем 6 пратенички места, и од ВМРО – НП (57.121) која освои барем 7 пратенички места.
Значи, поради одлуката да не коалицираат меѓусебно, „лузерите“ им помогнаа на поголемите партии да освојат 7-8 пратенички места повеќе.
Од голема помош им беа и оние кои не знаеја да гласаат или решија да гласаат со неважечки гласови (37.883). Ако граѓаните кои гласаа со неважечки гласови беа разубедени да гласаат за коалицијата од „Топ 10 - лузери“ ќе имаа освоено 108.275 гласови, многу блиску до бројот на гласови на Коалицијaта ДУИ-ПДП (114.300).
Исто така, можат ли да се сметаат како „победници“ ДОМ која со 17.579 гласа освои само 1 место (за кое и беа потребни 6780 гласа), како и Партијата за Европска Иднина - ПЕИ со 11.437 гласа (за што и беа потребни 6504 гласа)?
Интересно, Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ (303.149) сега ќе биде во можност заедно со Коалицијaта ДУИ-ПДП (114.300) да формира влада само врз основа на освоени 417.449 гласови, што претставува помалку од 1/4 од гласачкото тело.
Наравоучение: нашиот изборен систем, огромниот број на граѓани кои не излегле да гласаат, како и постоењето на голем број мали партии кои не сакаат меѓусебно да коалицираат, им дава можност на „победничките“ политички партии да владеат со другите 3/4 од гласачкото тело.
Не е ли овој факт поразителен, барем за идејата на „демократијата“ како „владеење на мнозинството“?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
8 коментари:
Само уште една споредба:
во Кисела Вода (каде што гласам), коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ЛП има освоено 38274 гласа во 2002, а коалицијата на СДСМ и ЛДП итн. - 99660 гласа.
На овие избори, Коалиција За Македонија заедно има освоено само 34.615 гласа (речиси три пати помалку), а Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и останати 48287 гласа.
Значи, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела вода има освоено само 10.000 гласа повеќе во споредба со коалицијата на СДСМ која има освоено 65.000 гласа помалку од 2002 година!!!
Е уште ВМРО и ДУИ да направат коалиција...
Не сум баш сигурен дека ВМРО-ДПМНЕ има некоја алтернатива, ако сака да формира стабилна влада.
Има!
ВМРО ДПМНЕ + ДПА + ВМРО НП = 62
„....Не е ли овој факт поразителен, барем за идејата на „демократијата“ како „владеење на мнозинството“?...“
Поразителен е. Башка шо е ФАКТ.
Ne ti e dobra rachunicata, ke vidish :)
Poskoro NDSP ke vleze, za da se razbie chlenstvoto na SDSM.
I toa so DUI, ako ne i so DPA zaedno, za da im smirat strasti.
Не се разбирам многу но кога беа претседателските избори направив некоја математика.
Претседател на државата може да се стане со само 1/4 од гласовите. Ако излезат на гласање 50%+1 гласач, од тие 25%+гласаат за еден кандидат, што значи би добиле претседател кој ќе биде поддржан од само 1/4 од населението...тоа некако не ми звучи океј.
Интересна е листата на лузери од еден друг аспект кој збори и за тие што ги водат лузерските партии. Како некои луѓе се шлепаат на ситни финти. Тврдам дека 4то пласираната Социјалдемократска партија на Македонија ор тие 4.200 гласа барем 3000 има фатено на финта(сличноста со СДСМ). Има луѓе кои не виделе не прочитале па и не сватиле и се заебале. Исто е и со Национална Алтернатива. Кога ќе видат Алтернатива одма гласале мислејќи си на Циле.
И тоа збори за нивните “програмски определби“.
Објави коментар