Чудна шума

7/03/2007

Мечката, лисицата и волкот се едногласни дека зајаците и поситните животни не треба слободно да се шетаат во шумата:

„...МПЦ, католичката црква и ИВЗ се едногласни дека не е потребна либерализација во верското делување“ – оценува портпаролот на МПЦ (Верските слободи се нов приоритет за Македонија)

До кога МПЦ ќе биде заштитена како мечка?

Според најавите, веќе нема да постои апсурдната забрана дека од една вероисповед во Македонија може да има само една верска заедница. Но, има друг ограничувачки услов кој повторно може да се злоупотребува:

"Црква, верска заедница и религиозна група, која нема ист идентитет, или не го користи истото или слично име на веќе регистрирана, црква, верска заедница и религиозна група, ќе биде впишана во судскиот регистар".

Што значи тоа „ист идентитет“? - се дрзнувам да прашам како уредник на списанието „Идентитети“.

Што и да значи, на прв поглед не постојат ограничувачки услови за да ја регистрираме МКЦ, затоа што досега не постои комунистичка црква во Македонија. Регистрацијата на МКЦ ќе биде лахмусов тест за слободата на верското здружување во Македонија.

Кога ќе го одржиме првиот црковно-народен собор?

1 коментари:

Unknown рече...

„Ако на сите цркви и верски заедници им одговара законот, зошто сега треба некој од страна да ни кажува што да правиме. Ова е одговорот на г. Тимотеј, митрополитот дебарско-кичевски, на новинарско прашање во Охрид, по повод ставот на генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер дека меѓу другото во Македонија мора да се почитуваат верските слободи.“ (Време)
Кои „сите“? Што сака да порача Тимотеј - дека црквата на Јован и бектешите „не се со сите“?

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week