И по Тито – Тито?

7/11/2007

Многу сме трагикомични. Божем градиме демократија, а од ликот и наследството на диктаторот Тито никако да се отарасиме. Остај тоа што една елитна скопска гимназија сеуште се нарекува Јосип Броз Тито, туку диктаторот си останал и „почесен граѓанин на Скопје“ и „почесен член на МАНУ“. Мајку му божју, не сум знаел дека „браварот“ бил и толку успешен научник.

Бруки невидени. Каква лустрација, каква транзициска правда за жртвите на диктаторот, какви бакрачи... кога ликот и не-делото на „другарот“ со кралски навики сеуште будно бдее над сите нас.

Кога веќе не ги поништуваме одлуките за доделување на посебен статус на диктаторот Јосип Броз Тито, а уште и нови споменици сакаме да му градиме, тогаш, чисто заради апсурдот да биде поголем, можеме и музејот на жртвите на диктаторот и неговите крволочни следбеници да го наречеме „Јосип Броз Тито“.

Џелатот и жртвите – под ист покрив.

24 коментари:

GoodBytes рече...

Елитна? :-)

Анонимен рече...

па да.

Unknown рече...

Сега нештата се можеби малку променети, ама сепак, елитизмот е сеуште дел од гимназискиот филм Ј.Б.Т.
Ова го кажувам како бивш „корчагинец“ :)

Testing рече...

ако сакаме ИСТОРИЈА, и ако цмиздриме дека другите ја бришат и менуваат на наша штета, не е лошо да дадеме пример дека сето тоа што се случило не треба да биде заборавено.

и патем, не беше толку страшно со "диктаторот". размисли малку, сети се, затвори очи, па погледни околу себе.

Unknown рече...

„и патем, не беше толку страшно со "диктаторот".“
Како за кого, како за кого.
Прашај ги оние што завршиле во Идризово или на Голи Оток поради поинакво мислење, јавно критикување, поради обиди за политичко организирање, поради тоа што биле прогласени за предавници, шпекуланти, непријатели на ова и она...

Анонимен рече...

Si veruvaat lugjeto

i seuste ima negovi vernici
i dendenes tvrdat "ubavo ni bese"
pri sekoj boj so ovie veternici
samiot sebesi si izgledam smesen

i seuste ima idolopoklonici titovi
jas vo sedumdesetite bev isto taka
odamna imam raskrsteno so totemi i mitovi
so srpot ,cekanot i crvenata petokraka

JeBoTe

Pozdrav,

Jove

Анонимен рече...

е Зомби, Жарко,

стварно.

не можам да поверувам. ???

ДИКТАТОРОТ ТИТО ! каде беее?
алллло?

епа што да очекуваш онда од ваков народ.
сам себе се негира но живее во некаква митолошка фантазија.

Анонимен рече...

ах да
и според ЖАре
испадна нели, дека у Идризово и Голи оток (ко небаре 45год да траел голиоток а не 7-8г) се најголемите мислители , интелектуалци, визионери !
ЕБАТЕ!

90посто од тие идризовци и голо оточани работеле за туѓи обавештајни служби , биле врбувани од бугари, италијани, германци (како што е ионака случајот во сеокја војна!) и сеа ХЕЈ испадна , све хероишта , све СВЕТЦИ , исподигајте им споменици бре.

Testing рече...

секој систем има маани, срања и политички затвореници. и идолопоклонство и нерамномарна распределба на богатството. само, во некои системи тоа го има повеќе, во други помалку.

само исто така гледам и дека не секогаш слободата на говорот е најпродуктивна работа на светот. оди до еднаква бесмисла како и немањето слобода.

башка, дури немам пасош со кој ќе можам слободно да шетам и пари за тоа да си го овозможам (а господ знае дека тоа го имало во "едно време") немам причина да кенкам за минатото. сегашноста и онака е доволно заебана.

Анонимен рече...

Според коментариве ми личи дека Тито треба да остане почесен граѓанин на Скопје. И почесен член на МАНУ. И една елитна скопска гимназија сеуште треба да се нарекува Јосип Броз Тито. И ние треба да продолжиме да го носиме името Бивша Југословенска Република.
А дијагнозата убаво ја дава Incontinentia:
„размисли малку, сети се, затвори очи, па погледни околу себе“
А јас би му (и`) одговорил:
размисли малку, сети се, ОТВОРИ очи, па погледни околу себе.

Unknown рече...

Соочувањето со минатото и соочувањето со сегашноста се комплементарни процеси.
А ретко кој се занимава со демитологизирање на југословенското минато.
Ме инспириравте да напишам пост на тема - десетте (...) мита на ЈУ-носталгијата.

Анонимен рече...

ЈАс стварно не сфаќам што тоа Тито му има згрешено на македонскиот народ???

ало, ќе ве молам објаснете ми.

Тито она што го направил на поле надворешна политика , глобално гледано земајќи во предвид дека зборуваме за една мала аграрна сиромашна земјичка југославија , е нешто најмаркантно на полето на надворешна политика во втората половина на 20век.

нонстоп сме клукани со величината на Черчил па рузвелт, да беше тито некој канаѓанин,ирец, ехеее ќе се препричаваше за него, ќе се вадеа стално цитати , анегдоти.

со ова сакам да кажам дека димензијата на еден великан не е онолкава колку тој ја зафаќа туку колку ние му дозволуваме.

против тито постои некој интимен консензус кој мене не ми е јасен и кој се состои од тоа да се само дроби и плука по некој таму КОЈ пак со она што можел да направи и што му била задачата НАПРАВИЛ и превише. !

ОД еден народ(и народности) 95 неписмени пред 2св.војна (!!!!) направи да станеме една граѓанска земја , со еднакви права со права на школување,здравство, социјални станови итн итн. (нешто незамисливо за тој напатен народ кој до 2св.војна живеел како роб и аргат без никакви јебени права!)

Од после таа 2св.војна излегоа нашите родители, со факултети, ред инжињери,ред лекари,ред лингвисти, ред правници,архитекти, столари , молери.

Е па , ако вие плукате кон сето тоа тогаш - суперрррр.

ако за тоа, “еее види на трајче не му дадоа стан, ама на митре му дадоа , не може бе тааакаа“ не ви е крив ТИТО , туку крив ви е некој менде, кој ги заебава митре и трајче и решил да го удоволи трајче. не ви е крив ТИТО.

не ви е крив ни тито , што словенците од фруктал , се симнуваа во македонија и наместо да ја платат кооперативата за тие 100тона праски , го плаќаа директорот под маса (за многу помалку пари) овој ги зема парите целиот среќен а луѓено неисплатени.

тогаш , кога една единка кај нас ќе сфати, дека како индивидуа е одговорна , и дека само така како колективитет може да оди кон некаков прогрес по тие некои фиксирани правила, само така може до успех. А не со вечно кмечење и плачење “леее турчето не еба“, “леее тито не еба“,... “леее љубчо не еба“ “бране“.. итн. до бесвест.

Французите ја имаа таа лудост , храброст и луцидност да исечат глава на нивниот крал па истовремено НИ ДО ДЕН ДЕНЕШЕН не одат да мењаат некоја улица која се вика луј16, луј14, или да мењаат истоименото име на школо некое, згграда, улица, провалија.

Македонецот е во состојба да фали и да практично живее во таму некоја друга цивилизација сосема непозната за нас и сосема неефективна , цивилизација од пред 3000години, и да збори за истите лика Аце , Филип ко да ’ене вчера со нив седеле пиеле’, ама не може да биде достоен на себеси и го почитува ова блиско минато кое сепак довело некаков ред, модернизација, просперитет, за сите, не само за една елита како што бил случајот во некои други епохи.

Testing рече...

Жаре, нема во животот работи кои се така поделени на црно-бело. И тоа сите ние го знаеме, нели?

А дистанцата од која плукаш ми е малку грдичка, морам да признаам. Како викаат "ако пишуваш хејтерски постови спреми се и ти да бидеш јавно критикуван" :)))))))

Секоја неумерена наелектризираност го прави текстот помалку објективен и понесериозен. Јеби га!

Unknown рече...

Де бе, што има толку „хејтерски“ во тоа што го нареков Тито диктатор, кога се знае дека она што го спроведувал било нарекувано „диктатура на пролетеријатот“.
А и жртвите на неговата диктатура не се голема тајна.

Анонимен рече...

жртвите на неговата диктатура.
~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~~

јаоооо.хаха

а чек, како не ти смета дикататура на убавината ???

како не ти сметаат жртвите на л’ореал и ботокс ?? :)

жар, знам
лесно е да си збориш сам со себе
за диктаторот , уааа социјализам.. порано све беше за никаде...
плус, нема шанси да не си у право!

Unknown рече...

"порано све беше за никаде..."
Такво нешто никаде не сум кажал.
мојот пост беше против илузијата
„порано све беше супер.“
За некои било, ама за некои не.
У „социјализмот“ на Тито немаше место за блогирање, ниту слобода на изразување на мислењето, ниту слобода на политичко и граѓанско организирање... и многу други работи кои сега не ги гледаме.

Анонимен рече...

„Французите ја имаа таа лудост , храброст и луцидност да исечат глава на нивниот крал па истовремено НИ ДО ДЕН ДЕНЕШЕН не одат да мењаат некоја улица која се вика луј16, луј14, или да мењаат истоименото име на школо некое, згграда, улица, провалија.“
Да, ама немаат гимназија Адолф Хитлер

Анонимен рече...

Жарко,
најозбилно мислев дека барев овдека кај тебе може да се каже нешто а да не се до крај стигматизирани поими и времиња.. дека барем овде не се стереотипува како што е случајот на секаде на други места по блоговиве.

Ова овдека е класичниот некој десничарски муабет , као кај оние што се со вергина знамето во рака, аце и филип под другата, тргнати во некаков склерозен јуриш кон вистината која се сочинува од тоа , да не беше социјализмот , леле бе, ниту ќе имаше опресија, ниту конзервативизам, ќе се изразувавме сите јавно ќе правевме размена на мислења, ќе се организиравме граѓански и дрн дрн. абе не знам , ќе бевме Цветчиња расцутени у европа , модернизирани, демократизирани..


Зошто барем малку не користиш некаква интелектуална искреност (термин кој често се користи во дебати) и се запрашаш, чекај, зборам за нашиот народ, у период од 45-80. хм.

Кои сме биле тие ние?
како што спомнав зборуваме за народ во кој 9 од 10 биле неписмени.
Со тоа што во тој социјализам , доаѓа до масс едукација на целата популација и излегуваат таму во 60-тите години првите интелектуалци од ова модерно послератно образование.

Ти како ги замислуваш? свесен ли си за тогашната конзервативност кај луѓето? Ако случајно имаш проблем со соочување со личното минато, еве ќе ти кажам за франција на прим.
До 1968 имаш така репресивен притисок од ’постарите’, од авторитетите, од семејството , да во '68 баш поради тоа доаѓа до огромен куршлус помеѓу младата интелигенција и сите останати.

Неприфатливи биле било какви прогресивни идеи, активности па се до пуштање коси, модерно облекување и сл.
со ова се обидувам да ти доловам една слика, за да можеш да направиш компарација.
можеш ли да замислиш , како било кај НАС ВО 1968 ? каде што и ден денес, ако некоја типка рецимо се фати со црнец и роди мелез, ќе биде не само навредувана туку можеш да замислиш што све тоа дете од околината ќе слушне. ?

и ден денес , ние сме поприлично конзервативни по број прашања, малограѓанштината само добива нови форми , а ти мене ваму , ми зборуваш како ехх од 45 до 80, немало доволно слобода !
па ние сами и ден денес си ја ограничуваме слободата! плус ако слобода за тебе биле оние што сакале јавно да “се мочаат врз системот и тито“ тогаш имаш помешано лончиња.
Во Маккартизмот во америка , го кркале многумина за многу помалку “од тоа евентуално , се мочам врз системот и тито“ .. или пак под “де гол и слично“.

па не видов американци и французи да го негираат рузвелт/де гол зошто ете во еден период имало посјебан цврст систем.

Каде што (пази битен момент) тој таквиот систем, НОВИТЕ генерации го подобруваат, ги укиниуваат старите догми, правила , го модернизираат, и доаѓаме до послобдни општества , подемократски пограѓански.

нешто што баш било во процес кај нас и кај сите овие останати.
само како што реков,
кај нас ти владее Жаре-шема, порано не било боље ! (немало иПод кај комуњариве!)
сите знаеме дека не било боље, не ни имало абс кочници во автомобили со аир-баг, ниту автобуси со клима, ниту порно театарски претстави..
но да се плука и прави тотална негација на минатото и оценува како мрак и провалија е равно на автолоботомија.

типчево што го спомнува хитлер
го сфаќам, му недостасува него - ченто.

Unknown рече...

"...ниту порно театарски претстави..."
Тука си грешка. У југословенско време имаше порно кино - Напредок, а сега на тоа место изградија мулти-култи театар :)
Имаше и многу други работи што сега ги нема.
Ама, немаше и многу други работи кои сега ги има.
Финтата е во тоа да се потсетиме кои ги имало, а кои ги немало...
И двете претстави за Југа: „Ништо не чинеше“, „Се беше убаво“ се тоталитарни и создаваат непотребен конфликт.
И дај, не се тревожете.
Доволно сум стар за да можам да ги проценам и добрите и лошите страни од 80-тите во ЈУГА, а другиот период активно го истражувам, и има и црни и светли моменти.

Анонимен рече...

јаооооо почнале пипците на Боцевски и цо. да се шират. Мајкооооооооооо.........

Анонимен рече...

А пипците на октоподот на Б.Ц. - што со нив?

Анонимен рече...

Да беше Тито жив, ова немаше да биде блогосфера, туку логорсфера

Unknown рече...

Тогаш ќе бевме блогораши, а сега сме само блогераши :)

Анонимен рече...

охх слатки тие:))
више не се у логофера.. еехехе

ма да. мислам, стварно. Овој Титица требаше бре да забрани и весници и печат слободен, шетање со пасоши насекаде кога ќе посакаш (не ко кај некои други) да забрани развој на онаа наша телевизија и што ќе се прикажува на неа.. а не ваму, труј со амерички серии,филмови,француски филмови.. и штосве не, и после , народов се искурназуе и хоп , му иде и плука по диктаторот. Еххх, како баш на нам да ни се падне овој наивен наивен диктатор.

Шета он по земји со таму прецедници склопува дипломатски меѓудржавни договори.. југословенски градежни фирми се развиваат, одат градат фабрики, индустриски зони, низ бразили,аргентини,индонезии , либани,обали слоноваче.. и кај све не, развивавање на кадар и фирми на светско ниво, за какво денес може само да се сонува, истите тие договори и носеа на цела таа yu индустрија клиенти па извози де за ова увози .. економска раст од 10посто.. и реинсвестирање во автопати, пруги, болници, .. и после ’еххх дикаторот не држеше во темница.. во мрак во грч’

вака читајќи, верувам дека Тито уопште не морал да се мисли како да им лепне една Желязна завеска на овие од македонија. Они сами се виткаат во неа!! Кажи им , “не бе не се умотувај у железна завеса , земи трчај, слободен си.. летај.. ќе ти каже НЕееее остај ме остај ме , нели гледаш дека сум у железна завеска завитканнннн..остаааааааајјј меее“..

и така ете , сагата продолжува...

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week