„Време“ известува за пораката на Рен за што побрзо решавање на „билатералниот спор“ за името, провоцирана од една „шега“:
„…еден европарламентарец што на шега рекол дека Македонија наместо да се нарекува ПЈРМ би можела да се нарекува „Идна Европска Република Македонија“.“ (ФИРОМ е несмасно име)
А зошто „идна“? И сега сме Европска Република Македонија.
Ако Европа е навистина континент (а не парче од источна Азија), тогаш и ние сме во Европа. И ние сме Европјани или Европејци - како ќе милувате.
Што мислите за идејата сами да си го смениме името во Европска Република Македонија?
Така националноста на новите државјани би можела да стане Европски Македонци (скратено – Евро-Македонци), а нивната етничка припадност би си останала како и до сега - Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци итн.
P.S. Еве и две симптоматични изјави:
„"Бидејќи ние сакаме да сме европска земја, јас сакам мојата земја, да речеме, да ја наречам Европска Република Македонија", рекол Трајковски на поставеното прашање што наишло на одобрување и од членовите на неговиот кабинет кои беа во Стразбур.“ (Претседателот државата сака да ја вика Европска Република Македонија.)
„- Се надевам, мислам и претпоставувам дека претседателот Трајковски ова не го смета за официјален предлог. Тој има уставни надлежности во надворешната политика, но ги дели со Владата и за вакви чувствителни прашања би требало да се извршат широки консултации - изјави вчера вицепремиерката Радмила Шеќеринска. “ (Владата посакува "европска Македонија" да е само иронија)
Шеќеринска, каде си?!?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
3 коментари:
„И конечно, ние и како Партија која се залага за демократска, унитарна и европска Република Македонија...“ - Груевски во ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ГРУЕВСКИ ПО ПОВОД РЕЗУЛТАТИТЕ ОД РЕФЕРЕНДУМСКОТО ИЗЈАНСУВАЊЕ ПРОТИВ НОВАТА ТЕРИТОРИЈАЛНА ПОДЕЛБА (http://www.vmro-dpmne.org.mk/)
„...демократска и европска Република Македонија треба да биде предводена од политички лидери избрани на легитимен начин, во транспарентна изборна постапка, според реално изразената волја на граѓаните...“ (Б.Ц. на 18.05.2006)
Како сакаш крсти ја, пак Албанци ќе има во неа. Не си се замислил дека и тој елемент штети за погледот/приемот на земјата.
Објави коментар