Сексуалната ориентација: слобода или нужност?

3/12/2007

Еве што прочитав пред малку:

„...јас не бирав да бидам хетеро, јас СУМ хетеро. Така е најверојатно и кај хомосексуалците...“ - коментира dr. Max на постот Born Different, кај ribaro.

Навистина, збунувачкото прашање „Кога одлучивте да бидете „стрејт“?“ сосема логично следува од претпоставката дека сексуалната ориентација е прашање на избор.

Но, пред резигнирано да го отфрлите, можеби претходно треба да си поставите и некои други прашања:

1) Кога одлучивте да почнете „да се чешате онаму каде што ве чеша“ - односно, кога одлучивте да се препуштите на задоволството што ви го овозможуваат вашите ерогени зони?

(Некои деца почнуваат на 2-3 години, некои на 9-10, а некои воопшто не се самозадоволуваат во текот на детството. Дали некои се родени да бидат „дркаџии/дркачки“, а други да не бидат?)

2) Кога одлучивте да си побарате сексуален партнер/сексуална партнерка?

(Некои деца почнуваат да си бараат партнер/партнерка уште на 9-10 години, некои пубертетлии на 12-13, некои тинејџери на 15-16, а некои воопшто не си бараат. Некои се задоволни со самите себе, а некои претпочитаат повеќе партнер(к)и истовремено. Дали тоа значи дека некои луѓе се родени да бидат моно-сексуалци (секс исклучиво сам/а), некои да бидат би-сексуалци (секс исклучиво во двојка), а некои да бидат поли-сексуалци (секс исклучиво со повеќе луѓе)?

3) Кога одлучивте да стапите во врска со некого/некоја?

(Некои се „фаќаат“ уште во 5-6-то одделение, некои се „фаќаат“ во 1-2-ра година средно, а некои имаат отпор кон „одење“. Некои од хетеросексуалните врски преминуваат во законски брак (само таков брак се признава кај нас), а некои не. Дали тоа значи дека некои луѓе се родени за да бидат во врска, а некои не? Дали тоа значи дека некои луѓе се родени за да бидат во брак, а други не?)

Дали зоофилите се раѓаат како зоофили и дали воајерите/егзибиционистите се раѓаат како воајери/егзибиционисти?

Дали би ви била прифатлива следнова одбрана на суд:

„...јас не бирав да бидам егзибиционист, јас СУМ егзибиционист.“

Ако ме прашувате мене, единствено нудистите се во право кога тврдат дека се раѓаат како нудисти!

Не за џабе стои на мојов блог - „Будуќност је у натуризму!“

5 коментари:

Анонимен рече...

во контекст на твојот пост имаше пред некое време дискусија на порталот двери бг, интересно сведоштво на еден хомосексуалец верник, па ме интересира твоето мислење
http://forum.logos-bg.net/viewtopic.php?t=1594

Unknown рече...

Прочитав нешто од таму.
Моето мислење е дека сексуалната ориентација е мошне проблематичен поим, со различни аспекти и значења кои предизвикуват големи недоразбирања.
За мене е исто толку бесмислено да се тврди дека некој се родил како хомосексуалец или хетеросексуалец, како што е бесмислено да се тврди дека некој се родил како христијанин.
Слично како што можеш да си ја промениш верата, така можеш да си ја промениш и „сексуалната ориентација“.
Но, имај постојано предвид, дека самиот поим „сексуална ориентација“ (како принцип на класификација) остава многу мал број можности за избор. Сакам да кажам дека класификувањето на луѓето врз основа на тоа дали фантазираат/бидуваат сетилно или емотивно привлечени/стапуваат во сексуални активности/стапуваат во врски - со лица од ист или различен пол, е само еден можен начин на сексуална класификација на луѓето кој создава многу повеќе проблеми отколку што решава.

Opal рече...

После читањево на овој пост, повлекувам дека “будучност је у гачама“ Иднината, сепак била, меѓу нашите нозе.

Анонимен рече...

Фала Жарко и јас истото го мислев додека го читав типот, уствари неосновано е да се мисли дека ориентацијата е предодредена, кај е слободата тогаш ; во тој случај проблемот се редуцира на некаква сетилна привлечност кон одреден пол, која е одлучувачка за „ориентацијата“

Анонимен рече...

си замислувам како ќе пројде на суд и пред народ..некој да каже.. не бирав да бидам љубител на мали дечиња за сексуално општење со нив, таков сум роден..имаа саутпарк епизода.
И што знаеш, може ги сакаат навистина децата и плус нема никаде доволно истражувања кои би докажале дека и децата не би уживале..ако си внимателен..не е едноставно нели? Како ќе разграничиш дека педерите се саглам, а педофилите не? Бидејќи се работи за возрасни индивидуи кои знаат да проценат?

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week