Инцидентот на плоштад почнува да се интернационализира преку блогови.
Отворен е блог skopje2803 од страна на наши и странски архитекти, на кој се документира настанот и реакциите за читателите на англиски јазик.
(Го препорачувам и следниов линк на англиски: A Very Un-Holy Affair).
Таму наидов и на линк до сторијата објавена на сајтот на МПЦ Про и контра за изградба на храм на плоштадот во Скопје (28.03.2009). Еве како се толкува насилството:
„Најавата за овој протест во медиумите против изградбата на храмот на светите Константин и Елена предизвика многубројно спонтано собирање на верниот народ, кој пеејќи црковни песни и славословија, вооружени со крстот Христов, икони во рацете, литијски бајраци, знамиња на Република Македонија, Македонската Православна Црква, Византискиот двоглав орел (кој е симбол на единството на духовната и световната власт), и со знамето на светиот цар Константин, кому ќе биде посветен храмот, застанаа во одбрана на Светата Црква. Некoи од присутните ја искористија неможноста да се контролира топлата, да предизвикаат инцидент, односно физичка пресметка меѓу неколкумина од граѓаните кои се застапуваа за изградба на храмот и некои од оние кои беа против.“
Какво е тоа „спонтано собирање“ организирано со автобуси, со однапред подготвени транспаренти, со испечатени материјали, предводено од свештени лица?
Дали на плоштадот навистина ни се случи „одбрана“ на „единството на духовната и световната власт“?
Кога верниците „вооружени со крстот Христов“, тепаат со дршки од црковни знамиња, тоа за МПЦ е „физичка пресметка меѓу неколкумина од граѓаните“.
И покрај „пресметката“, најбитно за МПЦ е тоа што „протестот за поддршка на изградбата на храмот мирно заврши со литија од плоштадот до соборниот храм на свети Климент Охридски“.
Ако МВР сака да го расчисти случајот на попречување на правото на мирен собир, тогаш мора да поднесе кривични пријави и против свештениците од МПЦ кои „спонтано“ ја предводеа толпата, која „спонтано“ организираше силеџиски контра-протест на истото место, во истото време.
Останува да лебди прашањето: Дали свештениците од МПЦ го предводеа медиумски-најавениот контра-протест со знаење на МПЦ, или самоволно? На ова прашање одговор прво треба да даде МВР, кога е јасно дека МПЦ го избегнува.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
8 коментари:
Жарко, сакам некаде да прашам, па ај овде иако може е оф топик. Имаше ли на протестот од страна на „архитектонците“ присутни некои пошироко познати ликови за јавноста?
Колку гледам ти си бил, и фемгерила. Некој друг?
Чекај малку, јас овдека изгледа нешто пропуштив. Има многу траекторија од моментот да се обнови еден храм како Константин и Елена чии темели и денеска стојат под ГТЦ, се до паролата на студентите "Не го силувајте Скопје". Не ми е јасно само од каде се потегна прашањето за возобновување на храмот до чии остатоци може да се пристапи преку подземната гаража на ГТЦ, наспроти она што се случува сега, или би требало да се случи, а тоа е градење на потполно нов храм под закрилата на "Св Никола" со локација која воопшто не кореспондира со гореспоменатата. Написот на сајтот на МПЦ е комичен. Абе живи бурлески.
Има ли доволно стари скопјани кои го паметат времето пред да биде изграден Градскиот трговски Центар (ГТЦ) во Скопје? И како тој изгледал со сите свои пропратни архитектонски објекти. На местото од денешна Стопанска Банка и Орка Спорт на влезот од ГТЦ постоела црквата Св. Елена и Константин. Нејзиниот влез гледал во куќата на Мајка Тереза чии маркери и денеска фала богу постојат на плоштадот. Една од ретките работи кои вистински сведочат дека оваа жена физички живеела во едно Скопје чиј дух никогаш нема да се врати. И не треба, затоа што е страшно кога историјата се повторува и се врти во круг. Ама како тргнала работава и овие маркери многу бргу ќе ги прегази времето со проектите кои се предвидуваат во иднина. Па кога веќе зборуваме за нив и за тезата дека црква на плоштадот треба да има, би сакала луѓето прво да си одговорат на прашањето:
1. Дали сакаат да се возобнови црквата Св. Елена и Константин која постоела на местото од денешниот влез во ГТЦ и не била никогаш дел од она што сега се нарекува плоштад Македонија? или
2. Дали сакаат да се изгради било каков објект на она што е сега плоштад Македонија, а кој би ги задоволувал критериумите да биде црква?
Повеќето од луѓето кои се засегнати (како оние кои работат во МПЦ и во заштита на културното наследство) и дебатираат на оваа тема внимаваат што ќе одговорат, не се конкретени и претежно се трудат да завземат неутрален став. За оние кои научиле што сакаат во животот, одговорот е едноставен и не се движи помеѓу ДА или НЕ.
Јас не сум за црква на плоштад, барем не нова. Ако не постои храм на "сред село", не значи дека духовноста е оттуѓена од луѓето. Впрочем до сега храмовите ги граделе луѓето. Од луѓето за луѓето. Она кое останало во колективната свест тешко се брише, исто како што тешко се бришат обичаите, имињата и некои топоними кои живеат со столетија и покрај тоа што физички престанале да постојат. И во таа колективна свест стои запишано дека се додека постојат оригиналните темели на некој црква, како што е случајот со Св. Елена и Константин, таа се возобновува над нив. Ни полево, ни подесно. А да не зборуваме за фактите ако под неа уште и постојат темели од постар храм. Тука гледам се освен религиска неутралност, со проект при кој ќе падне секуларноста на една држава која потоа ќе треба да го разгледува прашањето за возобновување на Бурмали Џамија чии остатоци (изграфитирани и уништени) се уште се наоѓаат во Градскиот парк. Елем, и тоа е дел од наследството на овој регион сакал некој или не.
Не сакам нова црква на плоштад! Ако веќе треба да постои црква, тогаш сакам да се возобнови "Св. Константин и Елена" чии темели се уште постојат под сегашниот ГТЦ-Скопје. До нив се стигнува преку една врата од подземната гаража и тоа е еден проект кој долго стои заташкан по лавиринтите на МПЦ, додека низ Скопје се подигнуваат разно разни градби кои личат на божемни храмови.
Што значи - не треба да градиме ново. Само ќе треба да "срушиме" дел од старото и пак ќе го имаме истото. Епа, наздравје!
p.s. Жарко, ти се извинувам за должината на мојот коментар.
Археолошки дневник vol.2
Новица, јас бев еден од поддржувачите на протестот, кој дојде малку подоцна и фати само дел од силеџиството.
Интересно беше дека бев „препознат“ од дел од толпата на плоштадот, обиколен од една група и изложен на навреди, закани, пцости и омраза. Ќе лажам ако речам дека не бев исплашен. Во тој момент немав поим што точно се случило.
Дури откако се измолкнав и се доближив до новинарите ме оставија на раат.
Немам појма кој се бил, и не сакам во моментов да споменувам имиња.
Како бранител на човекови права, можам да кажам дека правото на мирен протест не беше заштитено од полицијата. Кој не верува во тоа, нека ги гледа пак снимките.
Архео, супер ти е коментарот, фрла нова светлина.
Очигледно, станува збор за нов објект-црква, а приказната за возобновувањето е само обична манипулација.
Да потсетам уште нешто. Приказната за изградба на црквата на плоштад беше лансирана со цел Никола Груевски да се себепромовира како поголем верник од ктиторот на Св. Богородица - Трифун Костовски.
Со таа разлика што верникот Никола сака да ја изгради црквата со парите на граѓаните, без да даде денар од свој џеб.
Da ne se zaboravi vcerasnata recenica na Pavlovic kazana na gostuvanjeto kaj Janko burekot: "Lazat kako chifuti". Ako za ova ne mu repnat kazna, neznam za sto bi mozelo...
Еве го и моето последно изјаснување во врска со црквата на плоштад и мешањето на поимите на возобновување на црквата св.Константин и Елена, чие возобновување го подржувам - но на постојните стари темели и градба на сосема нова црква на друга локација во центар карши пицеријата ДалМетФУ и стоковната куќа Нама (или како сега се вика Типо или незнам како ...), со друг изглед која веќе е народски наречена св. Никола (црквата до скоро не се имаше изјаснето за кој светец ке биде наменета и какоке се вика ... )... Оваа црква не ја подржувам поради загушувањето на центарот, нема доволно простор да се изгради црква а ке се затвори и подземниот коридор за трамвај и тунел.авто коридор под центарот на Скопје ...
- Каде беше старата локација на Св.Константин и Елена...Св. Константин и Елена да се возобнови на старите темели кои уште постојат
На протестите не бев иако пишав пост подршка ... мајками е во болница а имав и друга неодложна работа ... деновиве сум во тотален хаос ...
Дали ако на „Св. Никола“ му се ќефне, на пример, да изгради црква на новите куполи во Собранието, дали ин тогаш секој пратеник што ќе биде против ќе биде жигосан дека е против бога?
Објави коментар