Тази клетва, не е клетва!

Жарко Трајаноски

Ѓорге (или Ѓорѓе, или Ѓорѓи, или Џоле, или Џорџе, или како веќе му е името) пред малку експлицитно негираше дека им упатил било каква клетва на млекопроизводителите од Могила.

Значи, новинарите лажат кога тврдат Ѓорге Иванов испрати клетви.

Лаже дури и новинарката од провладиниот „Форум“ кога укажува „Иванов му замери на Ружин зошто ги коментирал неговите клетви, до седмо колено“.

Да потсетиме што им порача кандидатот на млекарите: „- Тие што зло мислат, зло прават и зло ги снаоѓа. Ако не сега, до седмо колено зло ќе ги следи.“

Тази клетва „до седмо колено“, не е клетва?

„Со тотално почитување, без никаков респект“ - ама обајцата кандидати покажаа многу ниско ниво на критичко дебатирање и демократска култура.
1 Response to "Тази клетва, не е клетва!"
отпишан said :
1:35 AM
сите лажат за Ѓорге убав он на мајка му само јанко мирка латас и миленко ја кажуваат вистината