Уште насловот објавен на официјалната страница мириса на лошо: „2008 progress reports on Croatia, Turkey, and FYROM: EP sets out its views“. Употребата на „некронимот“ FYROM, наместо референцата во која стои името Македонија е загрижувачка.
Ако сака ВМРО-ДПМНЕ да го претвори извештајот во победа, ќе мора да го стори следново: „MEPs underline the need for FYROM and Greece to find a mutually acceptable solution on the name issue while reiterating their support for the UN-brokered mediation process. Parliament states that if the two countries don't reach an agreement soon that may lead to a long delay of FYROM´s accession to EU.“
Тоа го пишува на веб-страницата, а еве што вели денес евро-парламентот: „...warns that unless agreement is reached quickly between the two states, this could result in a long delay in the former Yugoslav Republic of Macedonia joining the EU;“
Значи, ако замрзнатите преговори не продолжат, и ако не се најде брзо решение за спорот со името, тоа може да доведе до „долготрајно одложување“ на нашето пристапувањето кон ЕУ, без разлика на сите економски или „визни“ успеси.
Жива срамота за нашите „борци за идентитетот“ – додека евро-парламентарците не „фиромизираат“ и отворено се закануваат дека без брзо решение на спорот ќе има „долготрајно одложување“ на приемот, нашите „борци за идентитетот“ предизборно прогласија „рововски“ победи.
Мал мултимедијален водич за референците од стрипот „Стармен: Годините на
Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
-
Насловната страница на стрипот
„Стармен: Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
На 8 јануари, по повод роденденот на Дејвид Боуви (1946-2016) напиш...
Пред 1 година
4 коментари:
Победа или поражение? Зависи от целта, която първоначално са си поставили...
Зачудува леснотијата со која секоја ситуација која не се совпаѓа во твоите идеи ја претставуваш во негативно светло. Најпосле добиваме конкретна поддршка за преговори а ти нормално ги потенцираш само негативните работи. Неверојатно.
„Најпосле добиваме конкретна поддршка за преговори...“
Бездруго, тоа е многу позитивно, како и препораката за визна либерализација, а богами и комплиментите за економските реформи.
Ама има и негативни работи, како спомнувањето на „говорот на омраза“ кон соседите.
Е, сега, зошто беше мојата реакција таква каква што беше?
Затоа што Груевски со години тврдеше дека уставното име е побитно од било што друго.
Одеднаш, она што му беше најбитно на Грујо - заради што со години шлајфуваме во место - испаѓа дека не е ич битно. Прогласувањето на победа во случај кога очебијно не „фиромизираат“ е најдобар показател дека борбата за уставното име е промашена борба. Не само показател, туку и погазател на тезата дека името на државата е пресудно за „нашиот идентитет“.
Друга работа. Нели до пред самитот „рововска битка„ се водеше против Грчките европарламентарци кои бараа симнување на параграфот во кој се повикува Грција да не ја блокира кандидатурата на Македонија? И тоа беше главната жижа. Арно ама токму тоа фали во усвоениот текст. И сега, наеднаш не сме ја изгубиле рововската битка на Боцевски излегува?
Објави коментар