Зошто ќе одам на протест во сабота на скопскиот плоштад, точно на пладне?
Затоа што црквите и џамиите се свети објекти и не треба да се злоупотребуваат за партиски и лични цели.
Црква не се гради со декрет.
Ако сака Никола да си изгради црква („Св. Никола Чудотворец Преродбенички“) нека го направи тоа на приватен имот и со свои пари.
Затоа - тури и крст на црквата на плоштад!
Тури им крст на спомениците!
Скопје не е некропола!
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
2 коментари:
Јас нема да одам на протест, ама припремам тужба (или неколку тужби поарно речено).
Најче, интересно е прашањето што да се прави после фамозното „решение“ на УСУД.
Уставниот суд не го заштити законот:
„Во истиот закон, во член 15 став 2, било предвидено дека општините во Градот Скопје, деталните урбанистички планови ги донесувале по претходно добиено позитивно мислење од град Скопје и согласност од органот на државната управа надлежен за работите на уредување на просторот.“
Уставниот суд го покри игнорирањето на негативното мислење од градоначалникот прогласувајќи се за ненадлежен:
„Што се однесува до наводот во иницијативата дека одлуката не е донесена во законито спроведена постапка, бидејќи добиеното мислење од градоначалникот било негативно, што е спротивно на член 15 став 2 од Законот за градот Скопје, според Судот, истиот е неоснован. Ова од причина што, Уставниот суд не е надлежен да го цени карактерот на прибавеното мислење, од причина што во донесувањето на Одлуката за детален урбанистички план од суштинско значење е дали сите фази во постапката се запазени.“
Очигледно, полтроните од судот немаат капацитет да прави разлика помеѓу „позитивно мислење“ и „негативно мислење“.
Според мене, не треба да се протестира само на плоштадот, туку и пред Уставниот суд.
Иронично, Уставниот суд планираат да го сместат во археолошки музеј?!?
Граѓаните имаат право да го бранат законот со сите средства.
Нема позитивно мислење од градот - нема законска основа за црква - има легитимна основа за протест и граѓанска непослушност.
Бујрум утре во 12 :)
Објави коментар