Прво што би направила кандидатката за градоначалник Најческа е отпочнување на борба против урбаната мафија, почнувајќи од најмоќните узурпатори – Кинески ѕид и Шпанско село.
Нејзината програма се состои од три Е: Економија, Екологија, Еднаквост.
Најче го замислува Скопје како „одржлив град“ со „глобална стратегија и план за развој на градот во наредните 50 години“.
Најче е за „прогласување на мораториум на просторното и популационо ширење на Градот“. Ќе се залага Скопје да „има реална власт над сопствената територија и реални права на управување како сопственик на градежното земјиште на Градот“.
Познатата заштитничка на човекови права би формирала „урбана (градска) полиција што ќе го подигне нивото на сигурност на живеењето“.
Има и друг интересен предлог: „Наместо досегашните 3 % , најмалку 50% од персоналниот данок што го плаќа секоја Скопјанка и Скопјанец да се слеваат во градската каса, а не во владината“.
2 коментари:
Боже, Боже, защо всички популисти са еднакви? (за сведение на скопяни – сегашният кмет на София - Б.Борисов – има АБСОЛЮТНО същите идеи) – добре, че никой го не слуша
Интересно изгледа, овака напишано на блог. Но зе поцелосен впечаток, треба да се види и на ТВ:
Кадар: Бина на ЛДП
Во прв ред на бината: Стои Најче и се колне дека на урбаната мафија* ќе и ЕЕЕ мајче.
Во позадина на бината: Стои таткото на урбаната мафија, Рики Пенов himself, и во својство на носител на советничката листа на Најче благонаклоно се смешка и клима со главата.
Thank you, but no, thank you!
_________
* терминот „урбана мафија“ кај мене предизвикува конфузија, со оглед на тоа што не постои ништо урбано во нејзините претставници. Вообичаено, се работи за изразито рурални типчиња кои мислат дека имаат право да го узурпираат секое слободно парче земја во градот и на него да си изградат се што ќе посакаат. Како да се работи за ливадата од татко им у с. Свирипичино, а не за град со дефиниран урбанистички план. И се тоа под благонаклониот поглед на градските „татковци“. Со оглед на тоа, дека главната желба на овие типци е да му ЕЕЕ мајче на урбанистичкиот план, сметам дека посоодветен термин за нив би бил урбанистичка мафија.
Објави коментар