Неколку активисти на ГЕМ денеска трагаа по одговор на прашањето: „Колку од милионите посадени дрвца лани успешно се развиваат?“ Посетивме една локација во околината на Скопје (с. Булачани) и две локации во околината на Струга. Утре ќе одиме и на Ајватовски рид.
Еве што видовме во Булачани. Празни бразди. Нигде дрвце израснато.
Лани, на 12 март, бевме сведоци дека тука имаше илјадници посадени дрвца. „Мора барем едно да се има фатено“ - не губевме надеж.
По долга потрага, најпосле успеавме да пронајдеме една садница. Има ли шанси да заживее? Се сомневам.
Пронајдовме само 5-6 исушени садници. Го напуштивме пустиот изоран рид, сведоштво за една промашена преродбеничка акција.
А еве што ни соопшти еден наш активист од Струга за месноста „Октишка краста“: „...на ридиштата на кои имаше бразди нема ниедно дрвце на повидок, но кога почнав детално да ги прегледувам по браздите забележав исушени борчиња и други дрвца... Не забележав ниедно дрвце што успеало.“
Според сведочењата на локалните жители, акцијата била тотално неуспешна и во месноста „Делогожда (кај крастата)“.
Да се надевам дека прашањето „Колку од посадените дрвца пораснаа изминатава година?“ не е од оние прашања што не заслужуваат одговор.
7 коментари:
Zare,
Ajde eden pridones mal:
http://novek.blog.com.mk/blogs/novek?from=8
http://bardovci.blog.com.mk/node/140403#comment
Za da se razraboti temava de.
Благодарам за придонесот.
Следува поопсежна репортажа за операцијата „Ветер и магла“ на Ајватовски рид.
ajde priznaj kolku sadnici otkorna
Криминал, јавашлук или нешто трето?
На „Денот на дрвото“ не може да сади кој стигне
Насадете се!!!
Ете, признавам, ги откорнав сите 5-6 милиони што не се фатија! :)
The Christian Science Monitor Global News Blog: Macedonia seeds hope in 5 million new trees
Еве и изјава за „Време“:
„Здружението „Граѓанска иницијатива за европска Македонија“, кое си поставило цел со своите активисти да ги провери на терен ефектите од акцијата, смета дека досегашните резултати од акцијата се незадоволителни. Тие посетиле и фотографирале повеќе локации каде се спроведуваа претходните две акции. - Во месноста Булачани и во Струга, каде што се пошумуваше во првата акција, нема ниту едно фатено дрвце. Загрижува тоа што на ваквите места каде што се пошумувало веќе еднаш, ваквата акција не се изведува и по втор пат, што значи дека после акцијата за садење, тие места, наместо раззеленети, остануваат само ископани - вели Жарко Трајановски, член на Здружението.“
А баш укажав - не сме здружение, туку граѓанска иницијатива ГЕМ.
Нејсе, другото е верно пренесено.
Објави коментар