Коза лаже – (б)лог не лаже! Наспроти неоснованите обвинувања на Бичиклиски, СДСМ-овските кандидати за градоначалници имаат програми кои можат да се најдат на партиската веб-страница. Но, кога кликнав на кандидатот за мојата општина – Кисела Вода – кое изненадување: „дислокација на центарот за зависници од Кисела Вода“ е еден од приоритетите на кандидатот Благоја Симоновски. Кога прочитав дека кандидатот за општина Центар ќе се бори „против наркоманијата“, изгубив желба за натамошно читање на СДСМ-овски локални програми.
На СДСМ не му доаѓа памет. Претходните избори ги изненадија како снег у јануари. Очигледно, и на овие редовни избори се комплетно изненадени, оти нивниот претседателски кандидат сеуште нема своја програма. Наместо програма, кандидатот Фрчкоски ги нуди своите колумни.
А што да се каже за програмата на Иванов? Ја прочитав на неговиот „комерцијален“ сајт, и многу ми се бендиса како е напишана. Само што многу повеќе личи на бајка за мали деца, отколку на конкретна политичка програма. Посебно ги препорачувам народните прикаски „За улогата на традицијата во нашите животи“ и „За семејството“.
Штета што учениците од петто одделение немаат право на глас.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
0 коментари:
Објави коментар