Која е нашата приказна?

10/08/2006

Интересна илустрација за тоа колку е неблагодарно и тешко да се пишува за тековните македонски политички состојби:

Making Peace Prevail е приказна за една поранешна југословенска република што мирно се отцепи во 1991 год. без насилство и крвопролевање што ги придружуваа сите други отцепувања во Југославија. Оттогаш, Македонија беше успешна во градењето демократија и отпорна држава, и во менаџирањето на односите со нејзините етнички малцинства и регионални соседи. Од претходните расправи очигледно е дека политичките и етничките лидери на Македонија и неколку трети страни направија значајни инвестиции за спречување на насилен конфликт. Иако некои малцински прашања, како тоа со Тетовскиот универзитет и употребата на албанскиот јазик како официјален јазик насекаде, останаа неразрешени, беше направен значителен напредок кон пропорционалното претставување и поделбата на моќта, и кон претставувањето на етничките Албанци на повеќе професионални нивоа.“ (Ackermann, Alice. Making Peace Prevail: Preventing Violent Conflict in Macedonia. Syracuse, N.Y. Syracuse University Press, 2000, p. 171)

Што мислите, дали политичката реалност ја демантираше авторката на оваа книга или она што таа го пишува е веродостојно за периодот пред конфликтот во 2001 год.?

2 коментари:

GoodBytes рече...

За да има смисол прашањето, треба прво да се докаже дека војната во 2001 година навистина беше војна за права на албанското малцинство во Македонија. Јас не сум во тоа убеден, особено кога ќе ми текне на воената реторика од тој период, „ослободените“ територии, албанските знамиња и илузијата за Голема Албанија.

А и да не зборуваме за методите на „борците за човекови права“, од типот на врежување букви во грбовите на работниците, разнесувањето на луѓето во Бриони, или ѕверското малтретирање на телата на убиените војници од АРМ кај Вејце.

Unknown рече...

Пеки - случаите што ги споменуваш немаат врска со борба за човекови права.
Ама да не бидеме селективни и да ги споменуваме само Бриони, Вејце, малтретираните работници...
Да не заборавиме дека хеликоптери на АРМ бомбардираа куќи на македонски жители (многу од нив се криеја во подрумите, а некои и настрадаа).
Да не заборавиме на случајот „Љуботен“ кој допрва ќе се отвора во Хаг.
После конфликтот, нашата држава не се прослави ниту со „Раштански лозја“, ниту со Ел-Масри, а за случајот „Беќиров“ ич да не праиме муабет.
Имаше и многу сомнителни судења за „тероризам“ - во неколку од нив имаше сериозни индиции за користење на методи на тортура.
Тоа е една од причините зошто не сакаат да ни ги вратат 4 предмети од Хаг.
Оти државата ни се посрамоти - во поглед на судската заштита на човековите права.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week