„Аргументите“ на Латас и Љубчо – тоа е нашата трагична политичка реалност, нашата комична јавна сфера:
„Со поделената Македонија, според Љубчо, делот што ќе се спаси од необалистите, би отишол каде - ако не кон Бугарија. Претопувањето на Македонија кон Бугарија, во контекст на се уште свежите сеќавања како поминаа Србите, Турците, Ромите, Горанците... на Косово е далеку подобра варијанта. Добра не е, но од претходната би била поприфатлива ако некој не донесе до точката да избираме: дал малцинство меѓу шест милиони Албанци во АЛМАКОС, или, пак, под бугарска окупација. Како за змијата и магарето.На магарешки некој и се навикнал, ама од змиски отров никој не куртулил.“ (Алмакос).
И како човек да не почне да го обожава Латас, после ваквите „пенетративни“ интелектуални проблесоци?
А тек конспиративната поента на крајот на колумната:
„А, патем, дали е случајно што бугарска фирма купи кабелски ТВ оператори во Скопје, и сега гледаме странски филмови титлувани на бугарски! Советот за Радиодифузија е во мојата зграда, само по тоа знам дека постои. За нив бугарскиот веќе е мајчин јазик.
Џабе је и сто пута куцати на врата човека који не жели слушати.“
Поентата му е стварно на мајчин јазик – нема што!
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
10 коментари:
Още година-две да се говори македонски максимум и това е... Ех Латас, Латас, патриоте млад ;-)
Комита, ако случајно те прочита Латас, и ако дознае дека си ме „адаптирал“, веднаш ќе заклучи дека и мене мајчин јазик ми е „бугарски“ :)
Тоа ти е нивото на заклучување на Латас.
И, што е најлошо, производството на кодоши и предавници одлично поминува на нашиот фискализиран бит-пазар на идеи.
Жарко, понеже говоря сръбски ще направя превод за хората, неразбиращи сръбски: Изречението "Џабе је и сто пута куцати на врата човека који не жели слушати" означава "Напразно е, и сто пъти да чукате на вратата на човек, който не иска да слуша"
Стојчо, многу од помладите Македонци исто така слабо разбираат српски.
Ама некако не сум расположен да преведувам :)
Баш нешто денеска се смеевме на тема - по распаѓањето на Југославија, сите станавме побогати со по неколку јазици.
Имаш право за незнането на сръбски от македонците (не че е някакъв проблем:-) - имам един приятел, който е женен за македонка (от РМакедония става дума).
Един ден решихме да се разходиме до Белград (аз тогава бях на работа там и имахме квартира, в която можеше да идват и гости).
Престави си ситуацията, в която насред Белград бате ти Стойчо превежда на македонката (преводът естествено е български-сръбски).
Първоначално ми беше смешно, ама момичето в училище е учила сръбски една или две години - пък аз работех там тогава:-)
Иначе не е никакъв проблем, че македонците не знаят сръбски - и българите не го говориме, пък някак се оправяме в тоя живот.
Е, аз го научих от зор-заман - нали трябва да говоря с клиентите си някак:-)
Хайде, лек ден:-)
А Латас - да си наляга парцалите:-)
Конечно треба да се расчисти со паранојата од претопувања, обединувања итн. Се знае зошто магарето го викаат на свадба (без разлика дали свадбата е српска, бугарска, грчака, албанска)! Во психологијата има еден поим што се вика самодетерминација и тој е главна компонента на здравиот живот. Затоа не треба ништо да се чека од други особено не од балканов (смрдлив).
Кога првиот пат се вратив од Париз јасно ми беше зошто французите се моќни па и да владеат со нас не е чудно.Тоа што не можев да го сфатам е како може Белград, Софија, Приштина, Атина да ги третираме за некој фактор т.е. за некој и нешто во нашето политичко живеење. Затоа пример треба да ни бидат: Париз, Лондон, Берлин,Њу Јорк итн, а не да се занимаваме со балканските параспури.
Ако некогаш во Македонија се зборува на не-македонски јазик тоа сигурно ќе биде us-english :)
www.psiholog1.wordpress.com
И во политиката има самоопределување, и токму тоа не се почитува во моментов.
Не сум во тек со муабетот, па може ли некој да ми каже кога и каде Љубчо изјавил дека со поделената Македонија делот што ќе се спаси од необалистите би отишол кон Бугарија?
Тоа е интерпретација - на Латас, на објавенит текст во „Фокус“ - според теоријата на конспирација :)
Респект
Објави коментар