Пред неколку дена, една новинарка ми постави прашање во врска со забраната за движење во паркот навечер (Празниот парк ги полни кафулињата).
Еве што одредува контроверзната Одлука за уредување на начинот на користењето и заштитата на Градскиот парк:
„Користењето на Градскиот парк подразбира престојување, одмор, рекреирање и забава во инфраструктурните и другите објекти во паркот.При користењето на Градскиот парк, задолжително е совесно и соодветно однесување на неговите посетители, при што особено се внимава да не дојде до деградирање на зелените површини, оштетување и уништување на опремата во паркот и нарушување на јавниот ред и мир и безбедноста на посетителите. (чл. 3)“
Заради „подобра заштита“, „се пропишува забрана особено за:... собирање на посетители надвор од работното време на паркот, конзумирање на алкохол, пуштање гласна музика и сл.“ (чл. 6)
Меѓутоа, одлуката им овозможува пристап во паркот на посетителите на угостителските објекти, за кои изгледа не важи забраната „...за конзумирање на алкохол, пуштање гласна музика и сл.“
Од аспект на човекови права, јасно е дека самата одлука, и нејзината примена се дискриминаторски. Практично, во паркот може да се престојува, да се конзумира алкохол и да се пушта гласна музика, ама само за посетителите на угостителските објекти!
Тоа значи дека одлуката е донесена и се спроведува за „подобра заштита“, ама не на паркот, туку на капиталистичкиот интерес.
Најсмешно од се, во одлуката пишува и дека за непочитување „се применуваат казнените одредби определени со ... Кривичниот законик (за делот на прекршоците при нарушување на јавниот ред и мир).“ (чл. 12)
И правно неуки деца со малку здрав разум можат да укапираат дека во Кривичниот законик нема прекршоци, туку кривични дела!
До кога ќе трпиме вакви идиотски одлуки?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
2 коментари:
Одлуката е идиотска... како што велиш ти - јасно ги застапува капиталистичките интереси... го нарушува, според мене, правото на движење.
Кога се носеше одлуката... определена група на луѓе отиде на протестира... и беше повикана во Градското собрание каде ги пречека лично градоначалникот. Тој го искористи тоа за да на медиумите им прикаже дека ете, ја сослушал другата страна... но не очекуваше толку бурно несогласување од другата страна.
Што научив од таа средба:
1. Градоначалникот при носење на оваа одлука не ја користел презумпцијата на невиност, па го „штити“ паркот од сите граѓани а не од оние кои навистина го оштетуваат.
2. Градоначалникот е исклучително конзервативна личност затоа што постојано ги мешаше правата (и слободите) со обврските на граѓаните во определено државно уредување.
Но незнам колку Градот успеа да ја спроведе одлуката. Пред некој ден после 00ч се прошетав во паркот и видов полно луѓе.
Велиш, „незнам колку Градот успеа да ја спроведе одлуката.“
Врз основа на таа идиотска одлука, „освен чуварите, понекогаш интервенираат и полициските единици „Алфи“, кои без никаква причина ги бркаат дури и од клупите кај фонтаната на Градскиот парк каде што е дозволено седење.“
Мене ми се случило ова, да бидам малтретиран од полицаец токму кај „Фонтана“, кој одеше од клупа до клупа и ги легитимираше и бркаше сите присутни.
Објави коментар