Има ли поголем ужас од тоа кога процентите ќе станат главни аргументи во конфликтите околу човековите права?
„Треба да се почитуваат 99% од припадниците на верските заедници во оваа земја“, рече г.г.Стефан, поглавар на МПЦ. (ЕУ: Кршењето на верските слободи е неприфатливо)
Дали би прифатиле вакви аргументи:
Треба да се почитуваат 99% од припадниците на женскиот пол.
Треба да се почитуваат 99% од припадниците на турската етничка заедница.
Треба да се почитуваат 99% од хетеросексуалците.
Треба да се почитуваат 99% од невработените.
Треба да се почитуваат 99% од .заљубените.
Треба да се почитуваат 99% од луѓето.
Ако 99% од луѓето се убедени дека останатиот еден процент не се луѓе, и не треба да постојат, дали и тогаш треба да се почитуваат 99% од луѓето?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
3 коментари:
Има ли поголем ужас од тоа кога процентите ќе станат главни аргументи во конфликтите околу човековите права?
нема. затоа сме хјуман рајтс страшило со процентите од 20 (во уставот) и 25 (во пописот) за малцинствата во администрацијата (што, според нечии ставови, треба како метода да се прошири и во финансискиот сектор-значи банки и сличен приватен капитал ?!?!?). останатите проценти не ги ни знам напамет, али знам дека дословце се пратат (пример 2 посто срби итаканатаму).
"хјуман рајтс страшило" - I like it! :)
Пронцентите се позитиф дискриминатион ма! :)
Објави коментар