Швркнат предлог за „queer“

6/01/2007

Денеска имавме необична дискусија во „Точка“, во мошне чуден состав од фрикови. Врти-сучи, пак почнавме да муабетиме како треба да се преведе „queer“ на македонски. Поводот беше „настраниот“ пост на Сатаниел.

Во ексцентричен занес на „помрчување“ на умот предложив „мањак“, што на некои им изгледаше смешно и комично како и пежоративното „педерче“ и бугарското „обратен“. Сепак, тетеравејќи се накај дома сфатив дека „мањак“ е исто толку неприфатлив колку и традиционалниот „настранлија“. Еве што понатаму се „изроди“ од моите изопачени идеи:

Ако едно од значењата на „queer e „благо пореметен“ (како што забележува femgerila), и ако коренот му сугерира „извртување“ и „скренување“, тогаш зошто да не пробаме со „швркнат/а“?

Еве неколку контексти, „пејстирани“ од „Google“:

„секоја песна е различна, а сепак на ист начин швркната“; „Се бара пореметено швркната чоек“; толку е швркнат што не можеш да не се смееш“; „Швркната една, торта ми донесе, еј!“; „само да не се избаци некој швркнат ко од Лост“; „Да бе, стварно швркната епизода.“; „Тушот беше швркнат на ладно. Сите три пешкира беа паднати на земја...“; „Беше полу висок, најмалце беше восок, па џвркнат, шо му иде швркнат али у форма на будалетинка...“, „Покрај него има цела палета на луди ликови, од луд научник, поп-сериски убиец, швркнат ловец на вампири сл.“; „има швркнат концепт“; „ не си педер се додека не ти го швркнат а за швркање швркај све што ќе ти дојди пред патот немај милост денес е опасно време ако не ебаш ќе те ебат.“

Размислував и за варијантата „чвркнат“ („Стварно беше чвркната сто на саат“), ама по консултација со експерти, сфатив дека „швркнат“ е пооткачен термин. Остај друго, туку и во речникот на Зозе Мурговски зборот „шврка“ има вакво значење: „за жена, често менува сексуални партнери“ - стр. 919 (ако не ме излажаа преку телефон).

Најпосле, ако може да има „швркнат концепт“, зошто да нема „швркната теорија“?

Што мислите бе, швркнати?

18 коментари:

Unknown рече...

Ќе заборавев, постов е посветен на една која некогаш мислеше дека сум малку „шврки“ :)

Анонимен рече...

"Швркнато" точно!
Дури и атмосферата околу било што "швркнато" знае (многу често) да биде позитивна.
1. На прво читање - добар хумор.
2. На второ читање - добар предлог.
("Швркам" заминувајќи...:))

Анонимен рече...

Швркната идеја, нема што! :)
Честито нов дизајн, право освежување е. :)

Анонимен рече...

Шфркнато е „двоцевка“ исто како queer. У секој случај, многу боље звучи „Шфркнато Скопје“ одошто „Настрани Загреб“ :)

Анонимен рече...

haha what a pun, nekoj sto nemal leksikologija moze i da se zbuni "dvocevka" :)... vo sekoj slucaj...
"queer" znaci i "gejce" vo svojata najnavredliva forma...

Unknown рече...

Поголем дел од луѓето се навредуваат кога ќе им речеш дека се „луди“.
Ама вчера у „Лудница“ џган-пипл беше :)

Анонимен рече...

Otkako go procitav i postot na Sataniel: Mislam deka vo slucajot na Queer Zagreb treba da se prevede Квир Загреб. Bidejki e ime, osven toa to be on the safe side....

Unknown рече...

"to be on the safe side...."?
баш напротив. „квир“ е премногу сејфти, и уопште не одговара на интенцијата.
еве што вика едно речниче:
„Usage Note: A reclaimed word is a word that was formerly used solely as a slur but that has been semantically overturned by members of the maligned group, who use it as a term of defiant pride. Queer is an example of a word undergoing this process. For decades queer was used solely as a derogatory adjective for gays and lesbians, but in the 1980s the term began to be used by gay and lesbian activists as a term of self-identification.“

Анонимен рече...

Iminja ne se preveduvaat, a ako queer ne e ime na nekakva organizacija ili slicno, togas se preveduva zavisno od kontekstot... taka ako vo Zagreb ne go preveduvaat "queer" vo "queer zagreb" togas zosto na makedonski da se preveduva? Njujork Tajms ne se preveduva "Njujorshko Vreme" i slicno...

Unknown рече...

„...ako vo Zagreb ne go preveduvaat "queer" vo "queer zagreb" togas zosto na makedonski da se preveduva?“
Да, ама во Загреб го превеле Queer Zagreb 2007 со Nastrani Zagreb 2007, а тоа на македонски беше преведено со „Квир Загреб 2007 - Настран Загреб 2007“: „Темата на овогодиншниот петти по ред Квир фестивал е Балкан квир”, а од тука и “настран” (потреба термиот конечно да се преведе во согласност со регионалните јазици).“
Токму тој превод беше повод за блог-полемиките.
Можда на хрватски „настрани“ повеќе одговара, ама прашање е дали одговара и на македонски јазик.
Мене „швркнат“ ми е по-шврки од „настран“ :)

Анонимен рече...

Старите тука на овие простори велеле "инак'в". На пример, а да тој е инак'в. Полово и вредносно е неутрален терминот, а упатува на различност од секслуален и општ бихервионален вид.

Швркнат не звучи лошо, иако се користи за опис на мали бенигни ситуации. Као не е улав, не е луд, ама малку е швркнат. (со в или со ф е правилно).

Анонимен рече...

за „инаков“ велиш - „Полово и вредносно е неутрален терминот“.
queer не е политички коректен термин, и токму затоа „инаков“ би бил лош, иако политички коректен превод, кој не би ја доволувал „конверзационата импликатура“ што ја има „швркнат“ :)

Анонимен рече...

зборот „шврка“ има вакво значење: „за жена, често менува сексуални партнери“

јаооо!
а за маж нема упатување- тоест, нема опис за шврк ,аналогно?

Unknown рече...

Првото значење на „шврка“ кај Зозе - удира, камшикува.
Второто значење на „шврка“, сленг (за жена): „Често менува сексуални партнери.“
Нема ништо за маж!
(Кога го листав и речникот стар на Блажета, и таму, ако добро паметам, имаше прилично погрдни изрази со назнака - за жена.)
Сепак, цитатот - „...швркај све што ќе ти дојди пред патот немај милост денес е опасно време ако не ебаш ќе те ебат.“ - укажува дека во нашиот сленг зборот „шврка“ попримил и сосема други значења. :)

femgerila рече...

Швркнат...јас па стално си викам чакнат. Тку нејсе...интересно. Иако мањак (ама со Њ) ми е хит. Мањак теорија= Вишак пракса- работете да бидете queer, бадијала квирувај, бадијала не теоретизирај, квирувањето го создаде човекот... абе одам да квирувам ај чао!

Unknown рече...

И „чакнат“ е интересен кандидат.
Еве ти потврда и од Пандалф Вулкански:
„Тогаш поминал еден чакнат Македонец, пернат со чакмак (огнило)...“
А и talent-free дава свој придонес: „Ништо чудно - ко шо си чакната.“
Чакнат не е лошо, пошто во себе го содржи „акнат“, збор со веќе потврдени сексуални конотации.

„Мањак теорија = Вишак пракса“
прекрасен слоган :)

Анонимен рече...

chaknat poishe asocira na blesav i lud otkolku gay..

Unknown рече...

се согласувам, затоа сум повеќе за „швркнат“ :)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week