Каква изолација?

3/07/2009

Пред неколку месеци, на претседателските „Дијалози за Македонија“, на тема „Интеграција или изолација“, ја ставив под прашање следнава претпоставка: Демек, досега не сме биле изолирани, а отсега ќе бидеме изолирани.
Моите поенти беа дека политиката на еквидистанца (на Глигоров) беше изолационистичка политика, како што сведочи и популарната синтагма „оаза на мирот“. Зборот оаза подразбира дека се околу нас е пустина, и дека само ако си седиш мадро дома ќе ти биде убаво.
Да не должам, како показател дека и денес сме изолирани, го посочив фактот дека може да патуваме без визи само во една африканска земја. Укажував и дека европската перспектива подразбира отвореност кон соседите, надминување на непријателствата и проблемите, и перманентно зајакнување на добрососедските односи.
Навистина, што е поентата на кандидатот на СДСМ кога тврди дека „Сиромаштијата во која не носи оваа власт е тешка, но уште потешка е изолацијата во која не носат“ (А1)? Зарем досега и сега не сме изолирани?
Ако сака политички да профитира на тема „изолација“, СДСМ мора прво да побара прошка за про-југословенската изолационистичка политика на Глигоров. Второ, мора да објасни што подразбира под политика на „изолација“ и „себеизолација“.
Од аспект на обичен граѓанин, ние сме изолирани во егзотичната балканска „зоолошка градина“ од осамостојувањето, а не последниве неколку години.
Граѓаните не се плашат од зборот „изолација“, како што не се плашат и од зборот „криза“. Предолго сме изолирани и во криза за да не тангираат овие зборови.
Поентата на Фрчкоски и Црвенковски дека допрва некој не води во изолација е имплицитно себеамнестирање за досегашната изолационистичка политика во која активно партиципираше и СДСМ.

2 коментари:

Анонимен рече...

Чудно што толку постови напиша за програмата на вмро-вецот а ниту една за програмата на Фрчко? Упс, чекај, па Фрчко не ни има програма! Ај може до 20ти ќе пушти некој памфлет по весниците :)))))
А што се однесува до бледите обиди на авторот на блогов да глуми независност - не се мачи Жарко, премногу е провидно :) Толку лични напади кон Иванов а ниту еден кон Фрчкоски? И покрај стотици и стотици колумни во кои директно се спротивставува самиот на себеси и на сегашните негови ставови? И ти не можеш да најдеш ништо интересно за пишување за него? Слабо Жарко, навистина слабо.

Анонимен рече...

Da batka,da,koja li promenada vo jadenje burek.....Zare batka sto ti stana .... pa ja promeni nasokata na kritikuvanje,ti pukna nekoj osigurac.... ovi tvoji ima da te "karaju" covece.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week