Мошне контроверзна колумна на Димитар Димитров, која фрла дополнителна светлина врз нашата промашена „борба за идентитетот“.
1) Преродбата како „одродба“:
„Ако пред еден век грчката теорија за нашето потекло од античките Македонци била во функција на освојување и етничко чистење/погрчување на реална Македонија, прифаќањето на сегашната „наша“ варијанта на таа теорија би значело освојување и вршење етничко чистење на една виртуелна Македонија, од која би се протерале одамна починатите Грци, но и живите Македонци од славјанско потекло. Би се реконструирала чиста античка Македонија на чисти антички Македонци, какви што би се самопрепознале поминувајќи курс на одродба, препишан од Каравангелис.
2) Букефализацијата како македонско харикири:
„Ваквата археолошка, етнолошка и историска дигресија од правно-политичкиот спор за името на државата, објективно би претставувала харикири на таа наша држава и на нејзиното мнозинско славјанско население.“
3) „Клоновите на Александар“ во служба на „грчкото етничко чистење на Македонија од Славјаните“:
„Грчкото етничко чистење на Македонија од Славјаните од пред еден век, сега би го продолжиле живите „антички“ Македонци, разбудени од милениумскиот славјански сон како клонови на Александар, во кои го положуваат својот идентитет и ја повикуваат нацијата тоа да го браниме пред светот со правото на идентитет.“ (Името и идентитетот)
Наместо клонови, го претпочитам зборот зомби!
За мене, букефализацијата е зомбификација.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
1 коментари:
Kako i obicno nisto novo od tebe,se edno te isto i isto, ides verovatno na taa finta....sto pati kazanata laga na kraj ke bide vistina .... najdi batka nekoja druga tema.....si se fatil za VeMeRe-to kako kor za stap,izgleda da ne se oni ne ke imas sto da napises...
Објави коментар