Три прашања ме прогонуваа пред избориве:
Прво, дали воопшто да излезам на гласање?
Иако и неизлегувањето на избори е легитимна политичка одлука, сепак, се решив да излезам на гласање од неколку причини:
- ретко имаме прилика да го остваруваме ова демократско и човеково право;
- на овие избори не бев набљудувач, и ме копкаше да видам како е организирано гласањето (посебно должината на гласачкото ливче);
- затоа што, ако излезат само 50% избирачи, одлуката на оние кои ќе излезат на гласање вреди два пати повеќе отколку одлуката на оние што нема да излезат на гласање.
Второ, се соочив со дилемата: Дали да гласам со неважечко ливче?
Иако и гласањето со неважечко ливче е легитимна политичка одлука, која може да испраќа најразлични пораки, сепак, откако добро размислив, ја отфрлив оваа идеја поради следниве причини:
- поради тоа што и со неважечко ливче „Секој што ке излезе на гласање го подржува демократскиот процес при што му се дава легитимитет на победникот со мнозински гласови.“ - како што аргументира „апстинентот“ f9, во коментар кај Вуна.
- Затоа што не сакав да бидам дел од политичкото „предавство на интелектуалците“, и ја отфрлив идејата да гласам против сите.
- Затоа што ми изгледаше разумен аргументот дека со тоа би придонел да се „истиснат помалите партии, бидејќи со поголем % процент на излезеност (вклучително со неважечките ливчиња) се зголемува и прагот за влез на пратеници според постоечкиот модул (чиста математика).“ - коментар на Оксиморон кај Анти). Испадна дека овој аргумент е погрешен.
Што се однесува до третата дилема „Ако гласам со важечко ливче, за која партија да гласам?“, таа ми се расчисти дури на самото избирачко место.
Нема да кажам ниту за кого гласав, ниту за кого не гласав.
Не е ли токму во тоа поентата на тајноста на гласањето?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
5 коментари:
1. на ливчево запазив две ствари- прво, нова социјал демократска парија, за разлика од останатите, ја немаше вклучено својата кратенка (НСДП)и второ- коалицијата за Македонија заедно ги немаше излистано сите партии кои ја составуваат истата, за разлика од својот најбитен опонент, здружената опозиција, под чиј број имаше 5 реда текст, список на партии. За неопределени, и уште поважно, не сосема информирани гласачи, мислам дека овие две забелешки се значителна разлика.
2. сосема се согласувам со коментарот на ф9 во поглед на легитимитетот кој се дава на мнозинството кое победило со самиот излез на гласање, со таа разлика што апстиненцијата се користи како метода и кога гласачот смета дека нема избор (а реално смета дека изборниот процес е фер и демократски, бар во процедурална смисла). ама ич не се слагам дека победници се оние што ќе влезат во парламентот (тоа ми е размислување на кандидат од листа,на кој често тоа му е и единствено битно), туку победници се оние што составуваат влада и што реализираат policies (ако и уопште ги има).
3. аргументот дека со активен бојкот реално се бојкотираат најмногу малите партии страсно го пласирав во неколку наврати кај мои пријатели. добив поразителен одговор- а што, да не се тие многу различни - лидерите се празна персонификација на тие фамозни мали партии, за кои мислиме дека ќе не избават од кадровски и идеолошки потрошениов бипартизам. демек- исто с...., друго паковање!и тука заќутев.
На прес конференцијата, претставникот на „Мост“ ги пресметуваше крајните резултати и бројот на освоени пратенички места само врз основа на процентите од важечките ливчиња.
Ако е таков принципот, тогаш аргументот дека „со активен бојкот реално се бојкотираат најмногу малите партии“ не држи воопшто вода. Сеуште не ми е јасно зошто никој од „интелектуалците“ не излезе со против-аргумент.
Така испаѓа дека гласањето со неважечко ливче и апстинирањето од гласање имаат еднаков ефект врз крајните резултати - никаков.
Ако е така, тогаш - според мене - би било сосем логично процентот на неважечки гласови да се одземе од процентот на излезеност (со тоа би се намалил за околу 2%).
Ако се „неважечки“, тогаш зошто воопшто да се „важат“?
Конечно погледнав како се пресметувани резултатите во 2002 год., и дефинитивно неважечките ливчиња не влегуваат во игра во пресметувањето на тоа кој кандидат колку пратенички места ќе освои.
Битен параметар у пресметката е и % на излезеност(сите ливчиња влегуваат во овој %, оти се смета излезеност, а не избор).
Инаку, според % на општата излезеност се одредува прагот за влез, а потоа (ко шо рачунале од МОСТ) се пресметува за секоја партија поединечно според гласовите кои ги има истата освоено. ;)
Објави коментар