Во постот Ги боли ДИК за жените го поставив прашањето дали досега ДИК има преземено некакви мерки за превенција на изборни нерегуларности, односно, „за подигање на свеста кај жените во оние изборни единици каде што имало најмногу „групно“ и „семејно“ гласање?“
Очигледно ДИК нема капацитет да сфати дека „жртви на најтешките повреди на гласачкотo право беа пред се жените во некои средини“ (Во прилог на напорите за одржување слободни и демократски избори).
На едукативните материјали на ДИК, објавени во денешен „Дневник“, се појавуваат 12 фигури на маж, а ниту една жена. Во ниту еден од трите видео-клипа на ДИК не се појавува жена.
Како да очекуваме поголема видливост на жените на овие избори кога дури и за ДИК тие се невидливи?
Можеме ли воопшто да зборуваме за фер и слободни избори со вакво не-претставување на жените од страна на ДИК во едукативната кампања?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
2 коментари:
Можеби посоодветно прашање е кој им даде право на жените да гласаат.. тоа е најголемата глупост која некогаш човештвото ја направило, заедно со формирањето на обединетите нации и други хипи оранизации..
Стварно не ми е јасно зошто толку мажи се исфрустрирани од жените :)
Објави коментар