Денеска забележав дека последните два поста на блогот Оксиморон се полни со клевети кон мене.
Во првиот пост „Евро Македонизам“ Вероника не го спомнува експлицитно моето име, но клевети дека „Граѓаните за Европска Македонија“ одработуваат некаква агенда за лицето БЦ. Знам дека Вероника редовно го чита мојот блог и моите колумни и знае дека досега сум упатувал бројни критики кон политиката на Црвенковски, вклучително и на „Дијалозите за Македонија“. Баш ме интересира Вероника, како лично би се почувствувала ако некој без никакви аргументи јавно те наклевети дека си била изнајмена за да одработиш за нечија политичка агенда?
Во вториот пост објавен денеска „Витруелна меморија“ (има мала печатна грешка во насловот) имам чувство дека Вероника јавно ме обвинува за плагијат:
„Пред извесно време Жаре имаше колумна во Дневник со наслов „Аквариум“ во која преку анегдотата за кратката меморија на златните рипки се алудира на политичките состојби во Македонија. Додека го читав текстот, добив непријатно чувство на „веќе видено“. Истата алегорија, истиот концепт го имам употребено во истоимен пост на својот блог пред 3 години, во периодот на парламентарните избори 2006. Ме инспирира Iakovibus со негов пост каде ја изнесува информацијата за меморијата на златните рипки и се повикав на неговиот текст при креирањето на алегоријата.“
Драга Вероника, веќе ти одговорив во коментарите за колумната бев непосредно инспириран не од Iakovibus туку од вицот кој ми го кажа ќерка ми. Бидејќи обвинението за плагијат е мошне сериозна работа, би сакал да ти укажам на неколку други работи:
1) Ако малку пребараш на интернет ќе видиш дека во Утрински весник бр. 952 има објавено колумна „Аквариум“ напишана од Јосиф Ќурчиев. Колумната е објавена неколку години пред твојот пост. Колумната започнува со реченицата "Го разбирам светот како... аквариум". Како би се почувствувала кога новинарот јавно би те обвинил за „веќе видено“ и за плагијат со зборовите: „...зарем нема простор за смислување на нови метафори и алегории па мора да се користат веќе употребени и објавени од некој друг?“
2) Ако малку пребараш на мојот блог, ќе видиш дека метафората за аквариумот сум ја искористил и во неколку други постови:
„За лошиот имиџ на Македонија како резерват на „опасни животни“ опседнати со своето племенско минато подеднакво е одговорна и визната политика на „тврдината Европа“ и „преродбеничката“ политика на праисторискиот „аквариум“ Македонија.“ (колумната „Танталови маки“)
„Кој ќе ја понесе одговорноста за тоа што сеуште живееме во аквариум и што вината за тоа постојано ја префрламе на другите?“ (Избори = Самоизолација)
3) Ако го следиш линкот во постот, тој ќе те однесе на блогот на Комитата, каде што ќе прочиташ: „Животът в аквариум не е здравословен“ и други размисли за Македонија како аквариум. Дали и Комитата ќе биде обвинет за „веќе видено“ и за плагијат?
Метафората за аквариумот е толку општо место, што верувам дека можат да се пронајдат стотици други автори кои ја искористиле во своите политички списи. Драга Вероника, дали сите нив ќе ги обвиниш за плагијат и непрофесионализам?
Драга Окси, ако останало малку доблест во тебе, очекувам јавно да ми се извиниш, исто како што јавно ме наклевети.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
4 коментари:
Токму во моментов, неколку минути откако постирав, на MTV Adria го пуштија спотот на Кристина Арнаудова во кој таа си поигрува со златна рипка во аквариум. Мора и таа да е дел од заверата против Оксиморон :)
Оксиморон во обидот да каже нешто ново и оригинално, да улови, потенцира нешто кое останатите треба да го восприемат како нејзина неутралност и аналитичност, за жал многу често се бања. Алудирањето на крадењето на метафори во случајот можам да го оправдам само доколку доаѓа од некој кој во животов пишува многу повеќе одошто чита, т.е се потпира самобендисано на својот капацитет не осознавајќи дека и пред него и по него имало милиони мислите, на кои за чудо им дошле и им доаѓаат истите мисли. Замисли!
Еве уште еден доказ дека вицовите немаат врска со реалноста:
„The fish, previously believed to have a memory of just a few seconds, can distinguish between different times of day and can also be taught to follow a routine, according to research.
Scientists at Plymouth University have successfully trained the fish to collect food at particular times of day, showing the popular notion of the three-second memory to be very fishy indeed.“ (Source: The Times
Date: 01 October 2003)
Дури и популарните Mythbusters го имаат разбиено митот за златната рипка.
Еве и еден интересен клип со истренирана златна рипка.
Значи, има надеж и за нас Македонците :)
Ајде, заборави и батали. Оксиморон се вади на крајот. На малку беден и смешен начин, ама тоа е, што да кажеш одкако некој на крај ќе те и луд те праи при целосен разум и ти кажува наивно дека ти тоа само погрешно си ја разбрал и ако си направите муабет пријателски, ти ќе сватиш дека уствари добро ти мислела... .... .... ... !
Објави коментар