Еве колку минимум гласови беа потребни на парламентарните избори во 2002 година за избор на пратеник: 7666.15 (1), 7467.45 (2), 8377 (3), 8980.44 (4), 7880.90 (5), 7817.25 (6).
Очигледно е дека за овие парламентарни избори беа потребни многу помалку гласови за избор на пратеник. Во некои изборни единици пратеничко место се освојува и со 6.000 гласа. Оваа трагична бројка, која е реален показател за падот на легитимитетот на претставниците на граѓаните, е како резултат на:
- губењето на доверба во понудените кандидати од страна на оние кои не излегоа на гласање;
- големиот број неважечки ливчиња (близу 4% од избирачите кои гласале);
- големиот број ситни партии кои не сфатија дека во ваквиот изборен систем „големите риби ги јадат малите“ (над 100.000 гласови отидоа „фира“ за себични кандидати на ситни партиички кои беа изедени од поголемите партии затоа што не сакаа да коалицираат).
Ако земеме предвид дека само на „блогерај“ има над 6.000 блогери, испаѓа дека политичкиот претставник што би го избрале сите блогери од „блогерај“ би имал повеќе легитимитет отколку некои народни пратеници.
Ако претпоставиме дека барем половина од блогерите се во „1-ца“ и „2-ка“, на следните избори „блогерското политичко лоби“ би можело да се надева дури на две места во Собранието - под услов секој/а блогер/ка да убеди барем двајца членови од нејзиното семејство дека иднината на Македонија е во блогерите.
З'ш да не?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
10 коментари:
А јас пошто сум од тројка како ќе ја поддржам блогерската партија :)...
Ете, имаме кандидат и за у тројка :)
ахахахахааааааааа
хахахааааааааааааа
:))))))))))
ама насловот е опасен :)
ќе ја искорнам корупцијата од здравството!
Ќе им ги земам пасошите!
А што направи дотичниот? Влезе во парламент?
Жарко објасна со бројки, ама јас не знам како точно му се вика партијата.
„...на следните избори „блогерското политичко лоби“ би можело да се надева дури на две места во Собранието - под услов секој/а блогер/ка да убеди барем двајца членови од нејзиното семејство дека иднината на Македонија е во блогерите.
З'ш да не?...“
Да.
З‘ш не?
Туку....знам з‘ш.....оти пак ќе потпаднат под нечија пропаганда за „активен бојкот“ или „пасивна подршка“ или „учествувачка апстиненција“ или - никој нема да им се допадне од понудените, т.е. „ќе немаат избор“ !!!
:)))))))))
коа не си формиравме навреме блогерска партија..... ;)
Не бе, „Велија-за-Валија“ не влезе, иако ПЕО освои 13.000 гласа, кои вредат колку два пратеника (ако беа распоредени само во две изборни единици).
Сигурно можеме да освоиме повеќе гласови од Велија, ако се фокусираме у две изборни единици и ги таргетираме интернет-корисниците. :)
Ги има поише од тутунари 100%!
jas sum vo cetvorka, ama kandisuvam strina, i dve bratucetki od kecot 100%(chichkomi e tizok slucaj na VMRO-ovec, kaj nego nemam sansa)
hahahaha, ne ti e losa idejava, ama izboron vo naslovon me zamisli:)Vuna ke go kandisa tetka Vankovska da go preckrta livceto aahhhahah. ps:Shepard ne se murti od komentarov za na pol. plakat trebaat nasmeani faci :)
posto sum vo cetvorka: jas kandisuvam dve bratucedki(jaki- bomba, ama so malku sivi kletki, taman kako za na plakat so Vuna:))i strina mi( e taa ne mi e ko za na takvi plakati). cicko mi e otepan VMRO-vec i tamu ne probuvam. seto toa ako shepard i se skara na tetka Vankovska, oti mozi da go natera da go ckrtne livceto. ps: Vuno, netuku se luti po komentarive moi oti na pol. plakatcina trebaat nasmeani faci.:)) aj potsetete me za narednite izbori za da gi spremam bratucetkite. Zare idejava ti e kako bracedkive... BOMBO :))))
Објави коментар