Да си кажам, за да нема забуни.
Подеднакво ми се неприфатливи и иницијативата на „интелектуалците“ за „активен бојкот на изборите“ (со „масовна излезност и пречкртување на гласачките ливчиња“?!) и повикот на Боцевски Гласајте на изборите !!!
Во еден од постовите укажав само дека една од можностите е гласање против сите, и го посочив Упатството на ДИК во кое убаво си пишува како да произведеш неважечко ливче. Секаква сличност со иницијативата на „интелектуалците“ е сосем случајна.
Не упатив никаков директен повик кон никого да гласа против сите.
Директните повици до гласачите претставуваат непосредно вклучување во изборната кампања.
Секој си знае како ќе си гласа и дали воопшто ќе гласа. Правото на глас е индивидуално човеково право.
Потценувачки е да се третираат гласачите како имбецили.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
3 коментари:
мислам дека муабетов не беше дали ставот на ивица е исправен или не, туку зошто воопшто и има став, и уште поважно во случајов, зошто го постираше, со оглед на мислењето на жарко дека секаков директен повик е врста на учество во изборната кампања.
јас во ова не гледам ништо лошо- напротив, ако тоа право се одземе во сите дебати и во сите кампањи, демократската јавност останува шуплив орев.
и впрочем, не се ли сите постови во кои ти самиот критикуваш одредени политички потези или делови од изборни програми ( па дури и обзнанувањето дека не се согласуваш ни со прогласот, ни со ивица)истото тоа, само во друго паковање?
и што е со вклучувањето во кампањите од поинаква природа?
Во право си Жар!
И за мене, како претставник на неинтелектуалците во Македонија, беше апсурдно да ја поддржам иницијативата...
Која буржоазија, чоек!
;)
"...и впрочем, не се ли сите постови во кои ти самиот критикуваш одредени политички потези или делови од изборни програми (па дури и обзнанувањето дека не се согласуваш ни со прогласот, ни со ивица) истото тоа, само во друго паковање?"
Изразувањето на сопственото мислење е една работа, а повикот упатен кон гласачите за „активен бојкот“ или за „активно гласање“ е веќе директно вклучување во предизборната кампања.
Објави коментар