Еве што ни порачува нашиот Претседател:
„Искористете го вашето уставно право и извршете ја Вашата граѓанска должност. (...) Не е точно како што некои тврдат дека не треба, или пак дека нема за кого да се гласа.“
Како прво, Претседателот ја дезинформира јавноста дека избирачкото право на граѓанинот е и негова должност. Во нашиот Устав, јасно се наведени случаите каде што граѓанинот има ем право, ем должност:
- Одбраната на Република Македонија е право и должност на секој граѓанин.
- Граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.
- Родителите имаат право и должност да се грижат за издржување и воспитување на децата.
Накусо, граѓанинот има избирачко право, но нема избирачка должност.
Како второ, не му доликува на Претседателот да дава догматски одговори на контроверзните прашања дали треба или не треба да се гласа, и дали има или нема за кого да се гласа.
Како што укажавме и претходно, одговорите на овие прашања секој граѓанин сам си ги знае – не сме до толку имбецили!
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
10 коментари:
Жарко, очигледно се разбираш од право, па ај да те прашам нешто. Дали предизборниот молк важи и за блоговите?
Ај на blogger и не е битно пошто не е македонски, туку дали, на пример, на blok.com.mk треба да бришат постови што го нарушуваат изборниот молк?
Еј, кога кликнав за постирање коментар, истото сакав да го прашам! Не се разбирам од ова, ама ако од вечер на полноќ до задутре сабајле некој политички блог постира ептен разорителна вест за опонентот, дали тоа го руши молкот? Јес да шансите да се расчуе до последниот гласач се рамни на нула, ама сепак тангира некакво гласачко тело, или?
или па онака, во кафана праам муабет со пријатели за време на предизборен молк и им викам да гласаат за моите. може накој да дојде да ме казни?
знам дека не може, ама теоретски, зашто нели одговорноста е индивидуална (се надевам:))
Да де, скоро па скроз е исто. Блогов го читаат 200, 300, што е исто ко ти во кафичот, ама со мегафон. Тоа е прашањето, ќе те казнат? Макар за нарушување ред и мир?
Еве го Член 74 (Изборен законик):
(1) Изборната кампања започнува 20 дена пред денот определен за одржување на изборите и не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.
(2) Советот за радиодифузија е должен да ги следи програмите на електронските медиуми во Република Македонија за времетраењето на изборниот молк и на денот на одржувањето на изборите.
(3) Советот за радиодифузија е должен веднаш по утврдувањето на неправилностите (агитирање, информации поврзани со изборната кампања, рекламни пораки со кои се врши претставување на партиски програми и партиски симболи), да го извести органот надлежен за електронски комуникации кој е должен во рок од 24 часа по приемот на известувањето да поднесе пријава пред надлежниот основен суд за покренување на постапка за казниво дело.
Но, ич не ми е јасно какви санкции следуваат оти не најдов други законски одредби во случај на повреда на молк.
Мислам дека истата финта беше и со прераното започнување на кампањата.
"да го извести органот надлежен за електронски комуникации"
Кој е тој орган?
АЕК (www.aec.mk), на кој радиодифузија му е "споредна" дејност. Изборите во "Законот за радиодифузна дејност" се покриени со членот 80, а казнените одредби со членот 166, ставови 23-25.
http://www.aec.mk/Portals/0/Zakoni%20drugi/Zakon%20za%20radiodiufzna%20dejnost-nov.pdf
Ако и малко ја пратиш е-Револуција, ќе ти стане јасно кој е тој што треба да го регулира молкот...
Секако, пред да постирам, ги проверив и казнените одредби на законот што го споменуваш, во кој воопшто не се санкционира прекршувањето на предизборниот молк. (правев search на „избори“ и „молк“).
И потоа нашишав „не најдов други законски одредби во случај на повреда на молк.“ :)
Законот регулира други типови повреди за време на кампањата.
Можеби не сум во право, можеби сепак има некаква законска одредба што може да се примени во случај на повреда на молк.
Ако ја има, посочете ми ја, ќе ви бидам благодарен. :)
Точно, никаде експлицитно не се спомнуваат казнени одредби за непочитување на молк, но еве каде јас го гледам "линкот":
Членот 80, став 2 од "Законот за радиодифузна дејност" вели:
"Јавниот радиодифузен сервис и трговските радиодифузни друштва што одлучиле да ги покриваат изборите, тоа треба да го прават на правичен, избалансиран и непристрасен начин во својата вкупна програма, согласно со закон."
Истиот закон во истиот член, став 5 вели дека "Советот за радиодифузија донесува одлука за правилата за медиумско претставување за време на изборната кампања преку радиодифузери." ( http://www.srd.org.mk/WBStorage/Files/Odluka%202006%20finalna.doc ), каде во член 31 се покрива молкот. Самата одредба е линкот помеѓу Изборниот законик и Законот за радиодифузија.
Секое непочитување на таа одлука (не правичност и пристрасност) e спротивно од законот.
Советот за радиодифузија по утврдувањето на неправилностите го обавестува АЕК, кој потоа се повикува на Законот за радиодифузија.
Ако е „согласно закон“, тогаш мора да биде „согласно закон“, а не „согласно одлука“ :)
Прво, навистина не ми е јасно зошто во цитираниот чл. 74 ст. 2 од ИЗ, во неправилностите што ги следи Советот на Радиодифузија не е експлицитно прецизирано дека станува збор всушност за неправилности поради прекршување на изборниот молк.
Како што спомнав, не ми е јасно зошто за релевентната законска одредба (Изборната кампања... не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите. - чл. 74 ст. 1) нема казнени одредби во ИЗ.
Чл. 75 регулира друга материја (рамноправен пристап), а не „Траење на изборната кампања“.
Затоа, мислам дека има основи да се побива чл. 31 од Одлуката заради немање законска основа, затоа што „Должината на траењето на изборното претставување“ е нешто сосема друго од „Траењето на изборната кампања“.
Имено, Одлуката навлегува во друга законска материја за која што нема законска основа да ја регулира.
Можда е малку комплицирано, ама мислам дека сум јасен.
Не си ми сосема јасен :), но сепак да се надополнам на мојот претходен пост.
Радиодифузија не е експлицитно прецизирано дека станува збор всушност за неправилности поради прекршување на изборниот молк.
Ставот 3 се однесува заедно за ставовите 1 и 2, не само за 2. И едно и друго може да создаде неправилности (пример, изборна кампања да започне 25 дена пред изборите, наместо законските 20).
Мислам дека си во право, дека се можело да биде регулирано со изборниот законик, но навидум, би се косел со законот за радиодифузија, па направиле еден вид на "фузија" преку одлуката, создавајќи слика дека "кванитетот" го регулира АЕК преку законот за радиодифузија, а изборниот законик да биде задолжен за "квалитет".
Членот 31 навистина е дискутабилен оти "одлуката" не се споменува во чл. 74, туку во истиот член топката се префрлува на АЕК, кој може да тврди дека законски не е надлежен за молкот.
Класично серве...
Објави коментар