Првата детска амбасада во светот - Меѓаши и Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија дури сега реагираа по повод прилогот Сексуално насилство врз три сопствени ќерки објавен на А1 Телевизија во саботата на 24.06.2006 од новинарката Маре Стоилова: „...децата треба да се охрабруваат да проговорат за насилството и да го препознаваат, но тоа мора да биде професионално сторено од страна на новинарите со сите предвидени заштитни и технички средства со кои се гарантира приватноста и заштита на идентитетот и интегритетот на детето.“
За случајов, реакцијата на блогерите беше многу побрза: „...Маре Стоилова правејќи ја тажната сторија за семејната драма на семејството од Виница грубо го прекрши новинарскиот кодекс вклучувајќи и неколку законски норми поврзани со правата на децата. Имено, Маре Стоилова во прилогот вметна изјави на две од сестрите - малолетнички сведоци на настанот без да го заштити нивниот идентитет и да обезбеди нивна дискреција.“ (За непрофесионализмот на Маре Стоилова).
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
2 коментари:
А рекламата на Бучко „синови мои, дедо ми ми раскажа“ со двете негови малолетни деца како ги користи за политички маркетинг?
рекламата на бучко е семеен автогол, претполагам.. :)
Објави коментар