Коалицирај или исчезни!

7/07/2006

Иако воопшто не се наоѓа на листата „Топ 10 - лузери“, пост-изборната математика покажува дека ДОМ (покрај СДСМ) е веројатно најголемиот „лузер“ на овие собраниски избори.
Од страв да не им оди гласот за џабе, за ДОМ гласаа само над 17.5 илјади гласови, и оваа партија која арогантно се однесуваше како „средна“ освои само едно пратеничко место.
А што ќе се случеше ако ДОМ не се занесуваше дека е „средна партија“, и ако наместо арогантно да ги повикува гласачите да не го фрлаат својот глас на „малите партии“, формираше со нив коалиција? Ако ДОМ се прилагодеше на изборниот модел и создадеше коалиција со партиите од сличен ранг кои ја споделува истата изборна мака (ПЕО, ЗНМП, ДА, група избирачи ПМ), тие заедно ќе освоеја дури 6 пратенички места. Покрај Лилјана Поповска, во собранието ќе седеа и Панче Минов, и Велија, и Циле, а ќе имаше место и за уште еден претставник на земјоделците и за уште еден претставник на ДОМ.
Ако коалицијата предводена од ДОМ формираше уште поширока коалиција заедно со НСДП и ПЕИ, тие наместо 9 места во Собранието најверојатно ќе имаа дури 17 пратенички места и ќе можеа да полагаат право на исто толку министерски места во Владата како и ДУИ.
Само за илустрација колку е битно коалицирањето во нашиот „предаторски“ изборен модел каде што „големите риби“ ги јадат малите.

6 коментари:

Shepard рече...

лиле поповска, циле и велија - ууууу :)

а стварно, изборниов модел е живо срање.. а зашто на пр. нема и празни пратенички столчиња, зависно од неважечките гласови? и пошто се рачуна дека нели ако не гласаш за никој, гласаш за победникот, нека ги земат празните столчиња у коалиција.. :)))

Photo Volan рече...

Скоро во исто време искочивме со слични постови и анализи - во врска со изборниот модел - и лузерското однесување на малите партии - кои не ја сватија неопходната потреба од предизборно коалицирање....

За ова шкртнав некој ред во мојот блог и многу слично сме размислувале - со тоа сто кај мене се пооптимистички бројкитем заради тоа што многу од гласачите од малите партии - за да не им оди залудно гласот - гласаа за една од коалициите...

Unknown рече...

"лиле поповска, циле и велија - ууууу :)"
А з'ш да не?
Кога можеа Guns&Roses заедно, ќе можеа и овие.
Ама пусти суети + катастрофална тактика = лузери.
Не за џабе најмногу пратенички места остварија големи коалиции.
Што побројна коалиција, толку поголеми шанси за успех. Ама за тоа треба добар политички „плејмејкер“ + team spirit, а не себични и арогантни индивидуи.

Анонимен рече...

Моето расмислување за Топ 10-лузери на следниов линак:

„Лузерите" мода да бидат активни“

Анонимен рече...

Зш така требит!хехехе.супер ти ојт со охридскиоф глеам...бравос!во право си сосем за коалицирањево, ама ке требит време на нашиве политичари да дојдет до то сознание благовремено,зш секако ке морат да се искоалицирет со некого.во случајов е касновремено. викендот охрид беше супер.ама ќе требит да идаш појќе за да си во тек со охридскиот-убо ти е тргнато.стварно.езерски поздрав од кате

Анонимен рече...

best regards, nice info »

Мојот список со блогови

index

Label 4

Label 3

>> << Your label here

Text

Archive

Label 6

Label 5

Label 4

Recent Post

Label 1

Label 2

index

Label 3

See all post

Label 7

See all post

Label 8

Архива на блогот

Content left

Content right

Content right

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week