Глеам, „херојскиот“ потег на Зидан е блогерска топ тема. Ги засенува и „Сребреница“, и ступидните изјави на Буш, и авионските и железничките несреќи, сите војни, конфликти и страдања по светот, и собраниските избори, и преговорите за новата Влада.
А што е „херојското“ во потегот на Зидан?
Тоа што на навредата (психолошко насилство) одговори со удар (физичко насилство)? (Така ли се брани „честа“ и угледот шампиону?)
Тоа што капитенот, себично подлегнувајќи на провокацијата, го остави својот тим на цедило?
Тоа што ја искористи последната шанса да ја укења сопствената кариера? (Еден живот имаш, и да не го укењаш?)
Тоа што покажа дека е обичен човек, човек со емоции, а не фудбалска машина која не можеш да ја извадиш од такт?
Тоа што на дело посведочи дека „правото на одмазда“ е универзално човеково право кога е повредено достоинството на личноста?
Одеднаш, ми стана малку појасно зошто сеуште се слават како „херои“ Ратко Младиќ, Радован Караџиќ, Аркан, Љубе Бошковски, Готовина, Осама Бин Ладен, Ал Заркави, Шамил Басаев...
Ми стана малку поразбирливо зошто клопчето на насилството никако да престане да се одмотува...
Медитирајте малку на тема - нашиот „мируљубив“ менталитет - кој прекрасно го опишува великиот Филозоф:
„Дистанцирам се од насиље.
Мрзу га, к'д е беспотребно.
Али к'д притреба, идемо сас обадве руке у шалтачење.“
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
7 коментари:
I Ali, Ramush, Hashim... se slavat kako "heroji" - ili tie se sega nenasilnici?
Списокот можеш да го дополнуваш колку што сакаш.
И Али, и Лека, Красничи... и Јане Сандански, Делчев, гемиџиите...
Насилството си е насилство.
А педерите сте си педери, без разлика дали сте хомосексуалци.
Very cool design! Useful information. Go on! » »
Wonderful and informative web site. I used information from that site its great. » »
Where did you find it? Interesting read » »
Best regards from NY! Old school basketball teams Canadian rx vicodin Bulk email marketing with guaranteed hits bluetooth headphone teardown More maternity clothes for the sims 2 Rosacea blepheritis How to quit smoking without meds
Објави коментар