Еве дел од анализата на Жидас Даскаловски во текстот Голем пораз за СДСМ - мала победа за ВМРО-ДПМНЕ:
„Иако ВМРО-ДПМНЕ освои 32 отсто од околу 978.000 граѓани што гласаа (од 1.741.449 во избирачкиот список) излезеноста на овие избори беше релативно мала, 56 отсто. Всушност ВМРО-ДПМНЕ освои само 17 отсто од регистрираните гласачи. Треба да се земе предвид дека токму разочараноста на македонските граѓани со владеењето на бившата влада резултира со изборна победа на ВМРО-ДПМНЕ и дека стравот СДСМ да не остане на власт ги натера многумина да гласаат за коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, иако во други услови тие не би гласале за нив. Прашање е дали тие би биле мотивирани така да гласаат на наредните избори. Ваквото „казнување на лошата власт“ се случува на секои избори, но, веројатно е дека бројот на тие што излегуваат да гласаат само зошто се гневни на власта на ВМРО-ДПМНЕ или на СДСМ се намали. На изборите во 2002 година, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ заедно освоија 800.000 гласа, додека во 2006-та бројката е 520.000.“
И оваа анализа оди во прилог на мојата теза дека е забележлив тренд за надминување на лажната дилема „или СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ“. За жал, овој тренд немаше толку позитивен учинок на овие избори, поради отсуството на крупна „центарска“ коалиција која сигурно ќе направеше тектонско поместување во македонската политичка сцена. (видете ги коментарите на постот на Боцевски).
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
2 коментари:
Enjoyed a lot! » »
Looking for information and found it at this great site... » » »
Објави коментар