Урбанизацијата е виновна за криминалот со дрогата?

6/24/2007

Владата доставила до Собранието „Предлог за донесување на Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, со Предлог на закон“. Прочитајте ги само причините за донесување на законот:
„Урбанизацијата влијае на социалниот, економскиот и здравствениот аспект на живеење било во урбани или рурални средини независно од регионот во светот.. Ова влијание е најголемо кај младите луѓе, разделени помеѓу две фази - развојот на својата личност и развојот на општеството. Консеквенците на овој развој често можат да бидат негативни. Една од негативните консеквенци е злоупотребата на психоактивни материи и штетите кои произлегуваат од нив.
Промените на пазарот на трудот исто така имаат влијание на животот на целото семејство. Композицијата на семејствата се менува, недостасува и супервизијата на родителите.
Сите овие фактори условуваат појава на криминални активности во кои дрогата е составен дел. Криминалот е социален и економски феномен кој постои колку што постои и општеството. Но неговите форми, користењето на сајбер технологијата се надградуваат и менуваат постојано.
Од тука, потребите за надградување на законоавството на гобален и на национален план е неминовност.“
И, како ќе ја оцените писмената вежба на тема „дрн-дрн јариња“?
Некој за оваа не-писмена вежба зел големи пари – пари од нашиот буџет.
Остај друго, туку прва цел на законот е „спречување и сузбивање на злоупотребата на опојните дроги и психотропни супстанци“, а под „злоупотреба“ не се смета само производството и прометот, туку и употребата на опојни дроги. Практично, лицата кои употребуваат опојни дроги надвор од терапевтските индикации, во прекумерни дози или во тек на време кое не е опфатено со терапијата, се прогласуваат и третираат како криминалци кои треба да се „сузбијат“, исто како и лицата кои произведуваат и/или пуштаат во промет опојни дроги.
Во законот нема абер за поседување за „сопствена употреба“. „Криминалец“ е и тој што поседува еден џоинт, и тој што поседува 100 кила хероин.
„Дилерите“ си ги тријат рацете. Полицијата ќе биде презафатена со „сузбивање“ на „наркомани“, пардон - зависници и „повремени уживатели“ – статус кој го стекнуваш и со еднократно земање дрога..
Логиката е – „ако ги уништиме „наркоманите“, тогаш ќе нема кој да купува дрога“.
Ебате, логиката, ебате!

9 коментари:

Анонимен рече...

1. нај со што не можам да се помирам е што е-владава, која ќе набавуваше лап топ за секое дете, сеуште користи вакви сељачки фонтови, како во предлогов.
2. владата е поприлично десна и технократска, и во основа нетолерантна за ранливите групи (океј,ова е само импресија). сепак, не знам што се чудиш толку.
3. никој не земал пари од “нашиот буџет“ (на кого и да се однесуваше додавката “нашиот“). ова е пишувано од еден просечен службеник, чиј придонес во “нашиот буџет“ можно е да е помал од оној на грото твои читатели. не за секој закон се прави проект од илјадници евра, се организираат трибини и најмуваат маса експерти. практично, тоа е исклучок.

Unknown рече...

Збрката со фонтовите е одраз на (н)е-писменоста и на збрката во главите на оние што го пишувале образложението.
Велиш, „не за секој закон се прави проект од илјадници евра“ - можеби затоа не сме правна држава :)
Ама за конкретниов закон, ако не се лажам, се потрошени прилично пари, оти имаше и „CARDS TWINING PROJECT – Combating drugs related criminal activities“, кој е споменат во предлогот за донесување, во графата „стручна помош“.

Анонимен рече...

според моите информации, проектот кој го посочуваш учестввуал само на ниво на давање препораки. директен прилив на средства(експерти ,трибини и сл.) немало. а и да имало, тој буџет секако не е “наш“, и секако не е основан за драфтирање на овој закон.
уживателите на дроги можат да се санкционираат само прекршочно, со глоба. дилерите и производителите кривично се гонат. да, овој закон не ја олеснува многу таа дистинкција, ама има и други закони, а има и определена пракса која судиите си ја баратаат, како и низа околности (дали е регистриран како дилер во МВР, претходни дела, ако е фатен со 2 кила хероин не се смета за уживател и слично).
а има и компаративно држави кои се на рангот на сингапур и малезија во третирањето на оваа проблематика.

Unknown рече...

Велиш - „тој буџет секако не е “наш““.
Тој буџет е на Република Македонија, ако не се лажам, и го носат народни претставници, ако не се лажам :)
Секој, кој на било кој начин придонесува за тој буџет, може слободно да каже дека буџетот е и негов.
Во спротивно, ако буџетот не е наш, ќе испадне дека е „нивен“ - што практично би значело дека Владата ги украла тие пари од граѓаните :)
Што се однесува до тоа дали „уживателите на дроги можат да се санкционираат само прекршочно, со глоба“ - ќе видиме како ќе се применува законот, кога ќе се донесе.
Дефиницијата на „промет“ во законот опфаќа и набавка и купување, а никаде не се споменува количина.
Дали тоа ќе значи дека ќе бидат третирани како криминалци и тие што ќе бидат фатени како купуваат „шибица“, или поседуваат џоинт - ќе зависи од примената на нејасните одредби.

Анонимен рече...

забуна.
под “тој буџет секако не е наш“ мислев на буџетот на кардс проектот кој НИКАКО не го носат народните претставници.
зборот ми е : илјадниците евра за правење закони никогаш не се од буџетот на РМ. секогаш се од кардс и остали донори.

Unknown рече...

„илјадниците евра за правење закони никогаш не се од буџетот на РМ“ - не сум сигурен ни во ова.
Некои закони се прават и по 5-6 години, како законот за малолетничка правда, а законот за дроги касни 10-тина години.
Некои луѓе земале плата за тоа, и ако пресметаш, ќе добиеш навистина илјадници евра :)

Анонимен рече...

ех сеа, по аналогија да ја употребам задњава твоја пресметка, чуда ќе излезат! ;)
некои закони се прават и по десетици години, као рецимо носечкиот Закон за надворешни работи. Ако законот касни со години, тоа не значи дека посредно “чинел“ илјадници евра, затоа што некој драфтер таму не си ја обавил благовремено работата. тоа најчесто значи дека немало политичка волја или имало подебели институционални опструкции за негово донесување. или, во најмала рака, секогаш се наоѓале “пречи“ приоритети.
и друго: Што се однесува до тоа дали „уживателите на дроги можат да се санкционираат само прекршочно, со глоба“ - ќе видиме како ќе се применува законот, кога ќе се донесе.
-ова е веќе пропишано со законот за прекршоци против јавниот ред и мир. а малку се распрашав и за праксата во врска со судиските оцени за кои погоре напишав. количина не се споменува, али ти викам дека се зима во предвид, сосе други параметри.
единствено не ми е јасно евентуалното постапување во врска со “производство за сопствена употреба“- што ќе рече саксиичка дома. мислам дека тука нема да има (или немало) толеранција- просто затоа што не гледам како ќе се докаже дека се немало намера да се издила “тоа“ во саксиичката.:)

Unknown рече...

За да „уживаш“ во дрога - треба или да ја купиш (тоа е веќе „промет“), или некој да ти даде (а тоа е веќе „изложување на опасност“ - од 3 до 5 илјади евра).
Уште една забелешка на - „затоа што не гледам како ќе се докаже дека се немало намера да се издила “тоа“ во саксиичката.:)“
Одбраната треба да докажува дека немала намера или обвинителството треба да докаже дека имало намера? :)

Анонимен рече...

За саксиичката се з......:) . Мада, за да “уживаш“ , не мора да ти дадат, затоа што можеш и да си узгаиш дома, а тоа се квалификува под производство, пошто не изискува дополнителна обработка.

Секој е невин не додека обвинителот не докаже дека е виновен, него додека вината не се утврди со правосилна судска пресуда. Обвинителот треба да докажува , да , али одбраната нема да вика “не бе, не е така“ ,него и она ќе нуди докази за да докаже, не својата невиност, него невистинитите наоди на обвинителот, или ќе нуди контра-докази да оповргне што вика обвинителот. А судот ќе ги цени сите заедно.

ОК, забегавме. Битно, за прогнози за дебело страдање на децата со џоинт наспроти дилерите “тешкаши“, мислам дека треба да се почека.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week