Сабајлево, како учесник на една летна школа во Охрид, имав несекојдневна прилика да и поставам прашање на вице-премиерката за ЕУ-интеграции, по нејзиното излагање.
Прашањето беше – „Кога Владата ќе достави до Собранието Закон за заштита од дискриминација?“
Одговорот беше изненадувачки – во 2010 год., а најрано во 2009 год., и тоа доколку истражувањето на Владата покажело дека има потреба од таков закон.
Да потсетиме, таков закон беше планиран прво за во 2006, па потоа беше одложен за 2007 год.
Донесување на посебен закон за заштита од дискриминација е препорака и на Народниот правобранител, а за тоа се залага и цел фронт на здруженија на граѓани. Невладините организации кои се вклучени во процесот тврдат дека Владата веќе добила ургентна порака од Брисел дека посебен закон мора да се донесе, и дека досегашната стратегија со која владата купуваше време е погубна за процесот на ЕУ-интегрирање.
Една од поинтересните информации, во врска со либерализацијата на визниот режим со ЕУ, беше признанието на вице-премиерката дека Македонија има задоволено само еден од трите поставени услови – новиот пасош. Не е задоволен условот за изградба на централизиран систем за поврзување на сите гранични премини затоа што бил премногу скап (5 милиони евра), а стратегијата за потпишување на поединечни договори за реадмисија со секоја земја на ЕУ се покажала како неуспешна, по што Владата почнала нови преговори за постигнување на генерален договор за реадмисија со Брисел.
Со други зборови – ќе почекаме барем уште неколку години, не само за нов Закон за анти-дискриминација, туку и за укинување на визниот режим со ЕУ.
Работава за интегрирање во ЕУ се заканува да испадне – „Бадијала работи, бадијала не седи.“
Србија не само што не пристигнува, туку се заканува и да не престигне.
А Груевски уште се крсти во лузерот Буш, чија милитаристичка политика доживува огромен пораз во САД.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
2 коментари:
се` чинам дека нашиве политичари со интенција го забушаваат процесот на олеснување на визниот режим, барем до овој момент мислам дека можевме да се најдеме на `белата шенген листа`.
И повеќе од убеден сум дека визното олеснување инстантно би ја испразнило кадровски РМ и тоа во секој поглед, од високостручни кадри до најобична работна сила.
Овдешните газ(ди) би останале скратени од онаа `златна - макс. 200 евра` работна рака што невидено ја тормозат за спомнативе пари, па ваквиот сопственичко-политички дил за блокада на визното олеснување и понатаму и тоа како ќе ги полни веќе преполнетите џебови на одредени структури.
(ова го кажувам имајќи го предвид недостигот на работна сила што со се поголем интензитет ги зафаќа новите земји членки на ЕУ, колку и да звучи заговорнички :) )
Прилично ја споделувам твојата перспектива.
Би додал само дека затвореноста на Македонија им одговара и на нашите политички партии за поуспешно спроведување на процесот на политичка зомбификација на толпата.
Овчичките кои никогаш не излегле од трло се најпослушни и најдисциплинирани.
Објави коментар