СДСМ, промотер на еден од најдемократските слогани – „Некои прашања не заслужуваат одговор“ – дојде во ситуација да го напушти Собранието затоа што не им било овозможено до 15.40 часот да поставуваат непријатни прашања до Владата. (Непоставени пратенички прашања)
Се промени ли нешто? Ароганцијата на Владата во однос на опозицијата остана како темелна одлика на нашето владеење, без разлика која партија е во Владата.
Еве што сакал да праша Бучковски:
„Со кој ли ум премиере го примивте момчето на Јанкуловска за правен советник во вашиот Кабинет? Мислите дека пиеме нафта дека тоа момче може да освои 97 од можни 100 поени?“
Непотизмот, нетранспарентноста, политичката злоупотреба на борбата против корупцијата и криминалот – повторно старите болки.
И повторно некои прашања не заслужуваат одговор.
А едно прашање никако да се постави, ниту во собранието, ниту во владата, ниту во медиумите:
„Ако не пиеме нафта, која мајка бараме во окупиран Ирак?“
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
4 коментари:
да, али колумната во другиот дел е точна.
Во однос на „китењето со туѓи перја“?
И да е точна, сите набројани „достигнувања“ се достигнувања на Владата - не е битно која, и Груевски има право да се гордее со тие достигнувања како премиер.
Проблемот е во тоа што тој не може да се „еманципира“ од улогата на партиски лидер, а истиот проблем го имаше и Бучковски.
Да се надеваме дека ќе бидат однесени од виорот, и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ако продолжат со вакви партиски подметнувања на сметка на државните интереси.
не те сфаќам баш. легитимно е секоја партија да ја води и спроведува својата политика, врз основа на која, впрочем, излегле и победиле на избори. странските инвестиции како концепт се државен интерес. конкретните договори се поединечна заслуга или заслуга на поеднинечна политика која ги водела.
потребно е раздвојување од партиското лидерство, се слагам, но не до апсолутизам, бидејќи така ќе треба да исчезнат партиите. ова го зборам во контекст на партиски платформи и политики а не во контекст на партиски вработувања, тендери и корупциски афери, нормално.
за секоја една влада начелно се прави дистинкција што во чиј мандат се случило (ок, додуша, повеќе на линија левица-десница, но сепак).така е во посовремените и во подемократските политички системи од нашиот. стратегиските државни и национални интереси само можат и треба да бидат тука исклучок.
„легитимно е секоја партија да ја води и спроведува својата политика, врз основа на која, впрочем, излегле и победиле на избори.“ - да, и затоа партијата си има свој портпарол, своја партиска страница, и своја стратегија за презентирање на резултатите.
Е, сега, владата ја сочинуваат повеќе партии, и Владата ја претставува Република Македонија, а не само гласачите на ВМРО-ДПМНЕ.
Програмата на Владата се претставува во Собранието, и колку истата е во согласност со програмата на ВМРО-ДПМНЕ е прашање на политичка проценка или анализа.
Владата на Груевски е и моја Влада, без разлика дали тоа му се допаѓа на премиерот или не, без разлика дали ми се допаѓа тоа мене или не.
Груевски зборува во име на Владата, а Владата е секогаш нешто повеќе од ВМРО-ДПМНЕ или СДСМ.
Тие се минливи категории, барем се надевам :)
Затоа на Груевски може да му се забележи ако ја злоупотребува позицијата, користејќи ја Владата како инструмент за партиска пропаганда.
Тоа му го забележував и на Бучковски (особено во предизборната кампања), а се повторува и кај Груевски.
Објави коментар