Крик против непристапноста!

3/12/2006

Како човек да се бори против цунамито од медиумска „слоботомија“?
Еве еден мал прилог. Во писмото на Адил Бакиу, објавено во „Дневник“, тој не потсетува дека на лицата со хендикеп им е ускратено правото на слободно движење: „Непристапни болници, амбуланти, продавници, банки, средства на јавниот превоз, кина, театри, и многу други објекти од кои имаме потреба во секојдневниот живот.“
Ќе го чуе ли некој гласот на Адил кој се обидува да ја разбуди нашата заспана соучесничка совест: „...реално, јас сум затвореник во СВОЈОТ непристапен град“?
Ќе допре ли крикот на субалтерните до оние кои треба да овозможат пристапност, во сеопштата заглушувачка медиумска бука?
Трагично, но ниту Народниот правобранител, ниту повеќето невладини организации за човекови права не се пристапни за дел од лицата со посебни потреби.
На минатите избори, најголемиот број избирачки места не беа пристапни за лица во количка. Ако сакаме фер и праведни избори, тогаш треба да обезбедиме услови за универзално остварување на правото на глас.
Практичен предлог: ако се организираат избори во избирачки места непристапни за лицата со посебни потреби, против организаторите да се покренат кривични пријави за повреда на избирачко право. Имено, службено лице кое „на друг начин ќе го лиши избирачот од правото да избира, да биде избран или да гласа, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година“ (чл. 159 ст. 1 од КЗ).

5 коментари:

.аНТИ рече...

Жаре знаеш што е поголем проблем од ова? Тоа што се уште ги викаат ИНВАЛИДИ, но и сеуште ги СМЕТААТ за инвалиди. За НЕ валидни, за отпадоци. Имаат само сожалување за нив. Не ги сметаат за рамни на себе.

А многу од нив (имам и лични познанци со хендикеп) се дури и поспособни од многу од нас.

Значи, поголем проблем е свеста дека се отпадоци, фабрички грешки...

Unknown рече...

Во Предлог-Законот за заштита на правата и достоинството на лицата со хендикеп има три члена кои се однесуваат на Политичката партиципација: мерки од страна на Републиката и ДИК за „целосна партиципација на лицата со хендикеп во избирачкиот процес“ (чл. 60), „обезбедување целосна разбирливост и достапност на избирачките процедури и гласачки места за лица со хендикеп“ (чл. 61), и задолжителна рамномерна застапеност од 5% на лица со хендикеп во кандидатските листи (чл. 62). Предог-Законот можете да го симнете од http://www.polioplus.org.mk/

Shepard рече...

Тачно, ова е многу вистинито, како и коментарот на .аНТИ. И од човек во количка се бега ко од чума, се дискриминира, буквално.

У моментов само ми текиња на херојот што отиде со количка до Атина, у обид да добие малце пажња и да допринесе за подоброување на состојбата на хендикепираните, и дека освен тапкање по рамо, не се избори баш за ништо.

Ова се све благородни идеи Жаре, секоја чест. Ова Предлог-Законот чиво дело е?

Единствено оние „рамковните“ одредби, 5% хендикепирани, 50% жени, 35% бркати, 82% бричени, лично ми е тапа, оди не дека ги нема, ама нивно право е колку сакаат да бидат кандидати или не.

Како и да е, уште една добра идеја, кип ит ап, ко шамар на свеста делува блогов.

Unknown рече...

На страницата на „Интер-партиската парламентарна лоби група за промоција и унапредување на правата на лицата со посебни потреби - способности“ (ИППЛГ) (http://www.ipplg.org.mk/mk/), во која членуваат 11 пратеници и 6 пратенички може да се најде и Предлог-законот, и книгите Меѓународни норми и стандарди за лицата со хендикеп и Збирката македонски прописи за лицата со хендикеп.
Еве едно интересно инфо, за Анти:
„Пратениците, го усвоија и Нацрт законот за градба и ја задолжија Владата да изготви Предлог-закон. Лилјана Поповска од ЛДП побара во последната фаза од законот, Министерството за транспорт и врски како предлагач да ја усогласи терминологијата и наместо хендикепорани лица, во законот да се користат термините лица со инвалидност или лица со хендикеп. Поповска појасни дека барањето е поддржано од повеќе пратеници од Интерпартиската парламентарната лоби група.“ Скопје, 16 септември (МИА)
Спорните термини „лица со инвалидност“ и „инвалиди“ сеуште се користат во повеќе закони.

Анонимен рече...

Samoto potsetuvanje na situacijata vo Makedonija vo odnos na temata me naezi :( Vo bolnici se nema pristap (ziva srekja za rampite staveni za bolickite kolicki) ne za izbori. uzas &$&*%&^$%&$^%
Bravo za temata

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week