Би имало ли потреба од харизматични лидер(к)и во едно идеално демократско општество засновано врз идеите на народна (во смисла на „демос“) контрола, граѓанска еднаквост, и социјална праведност? Политичката потреба од харизматични лидер(к)и е симптом за тоа колку демократските општества се всушност далеку од идеалот. Антипункт на идеалот за демократија е општество во кое идеите загубиле секакво значење - во кое, наместо идеите, политички мобилизираат харизматичните личности без оглед на тоа што ќе кажат и направат. Општество во кое законите стануваат флоскули, а зборовите на „Фирерот“, добиваат сила на закон.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
18 коментари:
Остатокот од текстот кој во скратена верзија е објавен во „Форум Плус“, во прилогот „Алиби за тоталитарност“:
„Политичар(к)ите со харизма се нешто повеќе од магионичари и умешни комуникатори со публиката (гласачите). Со препознатливиот „имиџ“ и неприкосновената самодоверба, харизматичните лидер(к)и настојуваат да предизвикаат не само восхит и (страво)почит, туку и послушност кај своите следбеници. Затоа, за харизматичните политички „икони“, можеби е посоодветна споредбата со естрадните хипнотизери и „јасновидци“ чија сугестивност не произлегува само од нивните вербални способности, туку и од „говорот на телото“. Иако некои тврдат дека харизмата (како и џезот) не се учи, од говорот на телото на еден таков прочуен хипнотизер и јасновидец учел и самиот Хитлер, откако Лени Рифенштал ги „скинала“ неговите движења на фотографии (ако му веруваме на Иштван Сабо во „Ханусен“).
Некои политичари, како и прочуените перформативни уметници, можат со години да останат во фокусот на вниманието благодарение на својата харизма. Токму затоа, не треба да не чуди тоа што некои артисти покажуваат неверојатен талент за глума кога играат харизматични политичари. Сеуште ми е дилемата кој подобро би можел да го одигра „Хитлеровиот јасновидец“ Ханусен од Клаус Марија Брандауер - дали Клаус Кински (кој брилијантно го свртуваше вниманието кон себе во филмовите на Херцог - Фицкаралдо, Агире, Војцек, Носферату) или „скромниот“ Бен Кингсли (неповторливиот „Ганди“)? Во едно естрадно општество на спектаклот, глумците како Роналд Реган и Арнолд Шварценегер лесно можат да ја променат професијата.
Можеме ли да предвидуваме дека на харизмата постепено ќе и паѓа цената во современата политичка борба, толку зависна од медиумите? За жал, не можеме. Токму харизмата на Кенеди го победи Никсон (на првиот ТВ дуел), иако не успеа да ги победи харизмите на Фидел Кастро и Че Гевара долги години потоа.
Празното место што го остави харизмата на Тито во југословенската политика допрва ќе се изучува - дали тоа беше харизма со мачеништво (затвореник како Мендела, со визија како Мартин Лутер Кинг), или харизма на „его-трип“ („после мене потоп“) со оригинален имиџ (сексуална привлечност на „полна месечина што ги заслепува сите ѕвезди околу неа“)? За жал, дури ни Хаг не успеа да ја уништи политичката харизма на еден од неговите клонови, во чија сенка останаа сите балкански злосторства во кои загинаа стотици илјади луѓе. Една од причините - Карла дел Понте нема никаква харизма! Освен феминината харизма на симболичната принцеза Дијана, харизматичните лидерки се реткост во политиката.
Што е со нашите wanna be харизматични лидери, „бунтовници“ во душа?
Се надевам дека Бучковски и Груевски нема по углед на Бане и Љубчо да се обидат да глумат харизматични лидери (расфрлајќи се со симболи, метафори, и пословици) и дека ќе се обидат да ги мобилизираат граѓаните со конкретни идеи и проекти. Тони Блер не беше само „лабурист со харизма“ - зад него стоеше Ентони Гиденс и идеологијата на „третиот пат“.“
тачно, харизматски лидери се хитлер, тито и мао, а мие не смо ни нацистичка германија, нити југославија, нити кина..
а не ни сакаме да бидиме
или може сакаме?
ми тргна со коментариве, бар со различни потписи да ги пишуев..
Ова е вистински момент да се промовиСа Горан Каран за цар на Македонија. Човекот има настап деновиве во некое диско кај нас, со неговиот хит „Вагабундо“.
Основната теза ти е малку наивна, пријателе, или, можеби е подобар изразот - ограничена. Знаеш ли дека во кој било курс за менаџмент, за управување, планирање, стратегии, адвертајзинг итн. (се‘ дисциплини на гордиов ни и јебан 21 век) лидерството е една од најважните карики?! Абе, луѓе дури и коа одат да лечат лудило, алкохолизам, трауми..., работат во групи, а во групите лидерче, структура, капоа... А бе, ти, пријателче, ко гол и бос да си по предметите психологија&антропологија?! Хитлер ли ја измисли харизмата, ебате?! Не е ли тоа нешто во човечкиот род?! Не е ли тоа клучната особина на капитализмот - компетитивноста, индивидуализмот, врвот резервериран за најдобриот т.е. најзаводливиот?! Немој да ми станеш, Жарче, ко Анти и Боцевски, со овие инстант идеи, со овие малкуцка прелокално и преимпровизаторски поставени тези!
Рез(име) - Приговараш на „инстант-идеи“ со инстант-критика?
„Хитлер ли ја измисли харизмата, ебате?!“ - протриј тоа очите, избриши тоа наочарите, и најди кај го велам тоа!
Па, инстант-идеите и инстант-критиката се капиталистички патенти, пријателче! Како да ми стануваш полека и ти капиталистички апологет (или уште една провокација?):
„Знаеш ли дека во кој било курс за менаџмент, за управување, планирање, стратегии, адвертајзинг итн. (се‘ дисциплини на гордиов ни и јебан 21 век) лидерството е една од најважните карики?!“ - Да читаше малку повнимателно, ќе укапираше дека во мојот текст не се проблематизира лидерството општо земено, туку харизматичното лидерство во политиката, лидерството зад кое не стои никаква идеолошка и економска платформа.
И, наместо да напаѓаш тези, идеи, и имиња со лепење етикети и (дис)квалификации, не е лошо да понудиш некаков против-аргумент, ко за промена!
Ова аргумент ли е? - „Абе, луѓе дури и коа одат да лечат лудило, алкохолизам, трауми..., работат во групи, а во групите лидерче, структура, капоа...“
Токму за групна психологија станува збор! Потсети се малку на Рајховата „Масовна психологија на фашизмот“. Или, кој многу чита, многу и заборава? :)
Ај, ќе постирам набргу нешто што сум пишел за нашето „лидерство во криза“ пред неколку години - гледам, си се наострил на мене, па да ти дадам прилика да ме „растуриш“.
http://217.16.70.245/?pBroj=1694&stID=29861&pR=7
Ова е една моја колумна на тема „На лидерите не им оди работата“, од 05.02.20005 ...
цитат: „'Лидерот XY е добар, мудар и интелигентен, ама тие околу него не чинат, па затоа не му оди работата...' На овој начин македонската јавност ги опишува сите свои лидери, посебно оние контроверзните и неуспешните. Притоа, нормално, никој не спомнува дека токму лидерот е оној што ги избира своите најблиски соработници и дека токму изборот на соработниците го отсликува карактерот, капацитетот и суетата на лидерот. Ако не чинат тие околу него што тој самиот си ги избрал, не чини ни лидерот, без разлика на неговите лични таленти и способности како индивидуа.
Како се врши регрутацијата, селекцијата и едукацијата на новите лидери во сите сфери на живеењето во Македонија? Досега ова беше (и продолжува да биде) крајно нејасен и матен процес. Во регрутацијата и селекцијата на новите лидери е вклучена активноста во младинските и студентските организации, личните врски и познанства, непотизмот, кронизмот, личната среќа, трудот, умот, но отсуствува некој макар и рудиментарен систем за селекција. Се разбира дека способните и талентираните поединци ќе се снајдат во секоја ситуација, како и дека меѓу оние кој ќе успеат да стигнат до лидерските позиции ќе има и личности со силни карактери, изградени вредности и способности за менаџирање, но предноста на добриот систем на селекција е тоа што го влече максимумот од сите поединци, успева да го награди умот и трудот и создава јасни и недвосмислени правила за игра во рамките на самиот систем.
Во сите учебници за менаџмент може да се прочита дека отсуството на било каков систем ги зголемува до крајни граници дискреционите права на главниот лидер, па веројатно тука некаде треба да се бара причината за досегашното отсуство на систем за селекција на нови лидери. Оној кој бил избран според некои сопствени критериуми на лидерот, без објективни и мерливи критериуми за неговата вредност лесно може да биде променет и ротиран низ системот, додека, пак, оние што се избориле за своите позиции низ редовна процедура имаат некој свој личен интегритет и личен капитал кој ги штити од каприците на главниот ...“
Во теоријата на лидерството (јас сум слушал пост-дипломски курс за leadership на Katz School of Business при University of Pittsburgh) на еден од првите часови се учи за теоријата на лидерство од Макс Вебер кој разликува традиционално лидерство - авторитетот на монархот, на пример; правно устроено лидерство - кое произлегува од правните норми на институцијата; и харизматско лидерство - кое произлегува од харизматичноста на лидерот. Според Вебер харизматичното лидерство за да преживее мора да се институционализира (правно устроено лидерство) или да се „рутинизира“ (традиционално лидерство). Значи, во теоријата на лидерството дефинирањето на „харизматското лидерство“ е уште во азбуката на дисциплината.
Е, сега, во врска со ова што го зборуваше Жаре не треба ништо, ама баш ништо да се додаде, освен дека јас лично сметам дека во Македонија со демисионирањето на Лубчо и Бранко бледее appeal-от на „харизматските“ лидери и Македонија влегува во ерата на „политичките менаџери“ што е позитивен тренд. Иако, потенцијалот на Македонија за изнедрување на харизматски лидер е мошне силно - Македонија интимно жали за Слобо. Ама, тука сме во сферата на политичката анализа и не би сакал сајтот на Жаре да го оптеретувам со оваа дисциплина ...
За жал, Љубчо и Бранко сеуште не се демисионирани.
Некои млади ВМРО-вци го сметаат сеуште Љубчо за „култна личност“. А младите клонови на Бранко лесно се препознатливи.
Да не бидам погрешно сфатен - Харизмата си има значење во политиката, ама лидерството не е само харизма.
Океј, признавам дека твојот текст сепак е малку поделикатен од она што ми се виде по првото читање:) Сеедно - повлекувајќи го, значи, тврдењето дека текстот ти е наивен - останувам до тоа дека делумно е ограничен. Пред се’, велам, затоа што недоволно, пред се‘ во психолошка (но и во политичка и историска!) смисла, ја осветлува слоевитоста на феноменот за кој збори (лидерството или харизматичноста). Се сеќаваш на книгите на Канети, за толпата, водачите, волјата за моќ?! Тоа ми изгледа ко поделикатен приод. Па и Ортега и Гасет и Унамуно, да речеме, коа веќе збориме за Хитлер... Луѓето дури и во конц-логорите имале организациски структури налик на оние на нивните џелати, се сеќаваш, со капоата ко некој интерфејс меѓу два света... Знаеш, Жарко, јас стварно верувам дека за подлабоко разгледување на овој феномен (кој сега, со оваа медиумска хипертрофија, добива сосема нови димензии!) многу важни можат да се покажат антропологијата и психологијата (вклучително и онаа на групата, а да не зборам за психологијата како пропагандна техника:)... Знаеш дека Бурдие напиша цела книга против површноста на телевизијата и против сезнајковците (“харизмите“) од типот на Анри-Леви... (Гибсон има прекрасен роман на темата артифициелни идоли - Идору:) Ова го велам за да укажам дека површноста е моќ! Сликата! Нема ништо зад Тони Блер! Плоха! Каков Гиденс, бе! Општество на спектакл, на произволности, на свињарии - секој ден го гледаме тоа... Ти ми збориш (с Боцевскога, оф корс, кој дофрла:) дека таму лидерството има тридимензионална структура зад себе (ма, стварни се они, жими се, не е ова Труман шоу!), а кај нас е виртуал?! Значи, генерално, ова прашање има огромни цивилизациски импликации, не само политички, и можеби го допира прашањето на технологизацијата која мајка ќе ни расплаче (и веќе ни ја расплака, ако така го гледаме фашизмот, читајќи го Хајдегер)... Значи, со вакви отприлика мисли во позадината, тргнав у клизеќи (што вели Калина!) кон твојот став, кој ми изглеаше малку, така, тренди, фенси, локално, ал се повлекуем - два пати прочитав!
(Боцевски, сосема си го промашил векот ако Вебер ти е најактуелната референца на тема харизми&лидерство, оти овој век полека станува доба на икони, брендови, големи медиумски манипулации, спинувања и пумпања на харизми и идоли кои стануваат сосема артифициелни... Ова време на сјебани суверенитети&идентитети се‘ помалку има врска со времето на Вебер, иако не велам дека Вебер не треба да се прочита, ко увод, особено неговите претпоставки за она кој се‘ треба да се занимава со политика:) (ти даам знак, Боцевски, со ова, дека те распарталуваат, по оваа линија, на блогот кај вбб, на темата Милошевиќ:) Ај поздрав
А дека “кој многу чита, многу и заборава“ прав си скроз! Уби ме ако можам подетално да се сетам на Рајх, ил Адорно, па и на Канети што го спомнувам... Малку подобро памтам (на темава) ова што погрозничаво читам последниве години, Бенјамин и Хана Арент, ал и тоа ми бега... Знаењето е јебано кревко, може преточено во некој флеш, сликче, стихче, шо знам, се рони светов низ прсти, бега...
А знаеш зашто одма создадов скепса кон твојот став? (сега накнадно размислувам:) Ради ептен идеализираниот почеток! Стварно не од злоба кон Анти или Боцевски, ама го видов зборот антипункт во твојот насловен текст (џабе на зборам ја за Фројда:) И целата атмосфера од тој насловен ептен ми делуваше наивно, идеалистички, да не речам ко Анти:) Впрочем, слушни се самиот, Жарко:) Би имало ли потреба од харизматични лидер(к)и во едно идеално демократско општество засновано врз идеите на народна (во смисла на „демос“) контрола, граѓанска еднаквост, и социјална праведност? Политичката потреба од харизматични лидер(к)и е симптом за тоа колку демократските општества се всушност далеку од идеалот. Антипункт на идеалот за демократија е општество во кое идеите загубиле секакво значење - во кое, наместо идеите, политички мобилизираат харизматичните личности без оглед на тоа што ќе кажат и направат. Општество во кое законите стануваат флоскули, а зборовите на „Фирерот“, добиваат сила на закон.
Жаре, сакав некаде да зборуваме и за „херојското“ лидерство и како тоа влијае врз средината ...
Не треба да ја занемаруваме психолошката потреба на гласачите слепо да веруваат во некој лидер, во општества со низок степен на демократска култура, како што е нашево.
Ќе пишуем за ова, поопширно во наредните постови.
"Не треба да ја занемаруваме психолошката потреба на гласачите слепо да веруваат во некој лидер, во општества со низок степен на демократска култура, како што е нашево."
Ke se osvrnam samo na ova, a se izvinuvam shto ke gi izignoriram site teoretski paraleli (prekrasni) od site vas pogore. Ko go procitav pasusot mi padna na um eden profesor - za vreme na Klinton, koga se sluci celiot onoj skandal glup, na prasanjeto zoshto se kreva tolkava fama okolu negoviot privaten zivot koga nema vrska so negovite poltiicki odluki,profesorot (po politicka teorija) rece za mene edna golema vistina - parafraziram: Vo opstestvo vo koe demokratijata se izdignala na edno zadovolitelno nivo, civilnoto opstestvo funkcionira bezprekorno vo groto od slucaite, i udobnosta na necij zivot ne zavisi od postapkite na liderite od den na den, lugjeto imaat potreba od mesaja. Nekoj koj ne samo shto ke im bide politicki lider, tuku i moralen primer, nekoj na koj ke se ugledaat, tako reci Bog koj ke ja odrzi gordosta koja i fali na nivnata malenkost (versus potrebata od lider vo turbulentni periodi i custvoto deka nekoj ne vadi od kalta). Znaci potrebata od takov lider ne zavisi od sistemiskite vrednosti.
I da dodadam, liderite od vremeto na Veber, pred vojnata i posle Tv mediumot i nivnata harizma se vekje daleku od prirodni. Nekoj go spomena Kennedy - nesomneno mnogu po harizmaticen od svoite sovremenici, no daleku od imidzot koj e viden na tv. Imam nekoe custvo deka pred TV mediumite harizmaticnite lideri se ragjale, denes se sozdavaat. Najdobar primer za toa e F.D.R. Prasanje e dali FDR vo denesno vreme na masoven prenos na imidz, bi bil voopsto izbran za predsedatel?! mnogu analiticari vo US velat ni pod razno. Onie malku sliki koi se prenesuvani do gragjanite sekogash ja zabostuvale negovata kolicka - covek vo invalidska kolicka vo denesniot svet na PR i mediumi ne bi prosol.
Trgnuvajki od tuka, mislam deka ne se potrebni nekoi dlaboki teoretsko istoriski analizi. Lugjeto sakaat da vidat licnost, karpetina od lik i zbor - pa kako toa se postignuva so pudra i sminka i 100 prepravanja na govor, i vezbanje gluma nema potreba da vi dolovuvam - a jas resiv deka ne mi treba teorija za da go svatam toa, denot koga go vidov Bush nepodgotven na press konferencija. Pa ne bese istiot covek. Sto mislite zosto se onie anketi za shto saka narodot da vidi? Am mora da se znae koj rimel da se izbere :)
veber kako uvod i ko treba i ne treba ...huh, frli toa u gubre - Arnold stana guverner be, i vie uste teorii mi citate :>)
Читав скоро едно интервју со некој инсајдер од Бушовиот кабинет, не ми текнува име и не ми текнува дал бил ногиран, но запамтив интересен детаљ: вика човеков дека сегашниов Буш е сулудо млитав и незаинтересиран за какво било политичко прашање - вон досегот на камерите! Штом ќе се вклучи црвеното светло - живнуе ко инекција у гз да му набиле! Инсајдеров вели дека Буш не бил заинтересиран дури и на топ стратешки состаноци, не копчал елементарни работи... Ал пред камера - курот рипа! (Ова не сакам да бидам вулгарен него да ги допрам и тие либидинални слоеви на прашањето, еросот на јавноста&моќта, во кој и ние самите делумно упаѓаме преку блоговиве, зарем не?!)
A propos глумата и камерите у политиката: by the way, случајно го знам Бранчета наш(онака само, од времето, пошто сме генерација)па да ве поткрепам со конкретен податок. Дечкото беше активен у една аматерска драмска група(не ми текнуе како се викаше, главен беше еден Мики од Ѓорѓи Димитров. Даваа претстави у ’25 Мај’, Бранче играше у една од Јонеско, и тоа не ми текнуе која беше, а имаа и една претстава шо се викаше ’Кажувањата на стрико Ордан’ али он не играше у таа)некаде од ’82 - ’85 год., така што тоа објаснува многу. Од Реган навака нема дилема веќе дека талентот за глума и тоа да бидеш сакан од камерата е важна работа за претседателска кариера. Оно сигурно и пред тоа се знаело за финтава, ама латентна била. Сеа се користи свесно. Bye.....
That's a great story. Waiting for more. »
Објави коментар