Конечно, Бранко Црвенковски се скраси - на градскиот плоштад “Маршал Тито“ во Ресен. Еве што ни порача:
“Должни сме да се потсетиме на 24-те илјади борци кои ги положија своите животи во НОВ како траен влог за слободна, суверена и независна Република Македонија“, изјави во своето обраќање шефот на македонската држава Бранко Црвенковски. (Борците на НОВ - траен влог за независна Македонија)
„Должни сме да се потсетиме...“
Многу од тие борци што тогаш се бореле за суверена и независна Република Македонија станале жртви затоа што не можеле да ја прифатат догмата на партијата на која и припаѓаше Б.Ц. – дека суверена и независна Република Македонија е можна само во рамките на Титовата Федеративна Југославија.
Крајно време е Република Македонија да расчисти со „наследството на Тито“.
Должни сме да се потсетиме дека токму Тито и неговиот намесник Лазо биле најодговорни за страдањето и смртта на Ченто и редица други борци за самостојна Македонија.
Должни сме да го потсетиме Б.Ц. дека до последен момент ронеше солзи по Југославија и дека е најголема срамота тоа што зборува за суверена и независна Република Македонија од плоштад наречен „Маршал Тито“.
Бане го виде Тито
6/30/2007во 14:00 2 коментари
Тиранија на мнозинството над малцинството
Има ли поголем ужас од тоа кога процентите ќе станат главни аргументи во конфликтите околу човековите права?
„Треба да се почитуваат 99% од припадниците на верските заедници во оваа земја“, рече г.г.Стефан, поглавар на МПЦ. (ЕУ: Кршењето на верските слободи е неприфатливо)
Дали би прифатиле вакви аргументи:
Треба да се почитуваат 99% од припадниците на женскиот пол.
Треба да се почитуваат 99% од припадниците на турската етничка заедница.
Треба да се почитуваат 99% од хетеросексуалците.
Треба да се почитуваат 99% од невработените.
Треба да се почитуваат 99% од .заљубените.
Треба да се почитуваат 99% од луѓето.
Ако 99% од луѓето се убедени дека останатиот еден процент не се луѓе, и не треба да постојат, дали и тогаш треба да се почитуваат 99% од луѓето?
во 03:14 3 коментари
Кој пие нафта?
6/29/2007СДСМ, промотер на еден од најдемократските слогани – „Некои прашања не заслужуваат одговор“ – дојде во ситуација да го напушти Собранието затоа што не им било овозможено до 15.40 часот да поставуваат непријатни прашања до Владата. (Непоставени пратенички прашања)
Се промени ли нешто? Ароганцијата на Владата во однос на опозицијата остана како темелна одлика на нашето владеење, без разлика која партија е во Владата.
Еве што сакал да праша Бучковски:
„Со кој ли ум премиере го примивте момчето на Јанкуловска за правен советник во вашиот Кабинет? Мислите дека пиеме нафта дека тоа момче може да освои 97 од можни 100 поени?“
Непотизмот, нетранспарентноста, политичката злоупотреба на борбата против корупцијата и криминалот – повторно старите болки.
И повторно некои прашања не заслужуваат одговор.
А едно прашање никако да се постави, ниту во собранието, ниту во владата, ниту во медиумите:
„Ако не пиеме нафта, која мајка бараме во окупиран Ирак?“
во 13:45 4 коментари
Македонски секс
6/28/2007Браќа земјаци и мили комшики,
До кога ќе трпиме подмолни удари по нашата гордост, по нашиот македонски национален идентитет?
Има ли поголем национален срам од проблемот што го детектираа нашите непризнати сексуални малцинства? Не само името, туку и „македонскиот секс“ не ни е меѓународно признат - за разлика од „грчкиот секс“, „албанскиот секс“, „српскиот секс“, „турскиот секс“...
Кај го има тоа? Има „Лихтенштајнски секс“, а нема „македонски секс“?
Навистина, до кога ќе го трпиме сексуалното непризнавање? До кога ќе молчиме за македонцките сексуални работи?
Зарем поимот „македонски секс“ ќе има смисла само кога се зборува за „македонска секс индустрија“ или за „македонски секс придружнички“? Зарем ќе дозволиме глупави вицови да одредуваат што е „секс на македонски начин“ (најординарни дејанија со сексуална работничка после кои клиентот објаснува – „ќе ти платам утре“)?
Шчо напраифме за „македонскиот секс“ и шчо требит да праиме за однапред (и одзади)? Секој Македонец и секоја Македонка требе да си кажи: „Не, ја не можам мирно да седам, не, ја не можам вакви срамој да гледам! Не сакаме политичка пенетрација во НАТО и ЕУ – без да расчистиме што е „македонски секс“!“
1. Античко-македонски секс: Како потомци на големиот Александар, зошто да не ги нарекуваме „македонски секс“ неговите прочуени би-сексуални дејанија? Ем можел да си има три сопруги, ем можел да си го љуби Хефајстона! Најважното – ќе негираме и најмал спор со Грците, затоа што, очебијно, македонскиот би-секс се разликува од грчкиот (б)анален секс!
2. Средновековно-мрачен македонски секс: Секс во кој се ужива со сите други сетила освен со очите (а кога партнерката е Бугарка, може да има проблем и со „признавањето“ на јазикот). Се практикува мижеечки, а еднаш у сто пати и на „ќоро“.
3. Турско-ропско македонски секс: Секс во кој главно „уживале“ Македонките, грабани на коњи од Османлиите. Според одредени теории на конспирација, во ваков секс „уживале“ и Македонците со „турнати г’шти“, кои мудро си го чувале кубурот „за зло време“.
4. Партизанско македонски секс: Патриотски секс кој започнува со шепотење на увце „Да живее другарот Тито!“, а завршува со стенкање - „Смрт на фашизмот, слобода на народот!“ Се практикува или во шума, или под „Јорган планина“. Опеан во песната „Куд народна војска проџе, сретна че се земља зват!“
Злобниците тврдат дека „партизанскиот секс“ бил мошне сличен на „германскиот секс“. Разликата била во тоа што партизаните имале секс за џабе (нарекувајќи го „љубов“), а Германците доаѓале со цвеќе и бомбониера.
5. „Рамковен“ македонски секс: Комбинација на претежно „секс на македонски начин“, зачинета со една четвртина „албански секс“, и правично застапени пози на турски, ромски, српски, влашки и бошњачки секс.
Македонска политичка „распаљотка“ во која „лудиот го е.. збунетиот“, а збунет е најчесто народот кој никако да го пронајде прекинувачот, за да го запали светлото и да протестира: „Браќа и сестри политичари, ај прекинете, оти ова веќе нема смисла. Дајте да се организираме...!“
Се спомнува во народните поговорки: „Работава е - СДСМ да те апне, или ВМРО-ДПМНЕ да ти го бапне?“; „Сјаши ДУИ, да узјаше ДПА!“
6. Македонски сајбер-сеирџиски секс: Една средношколка стручно „ја зема работата во свои раце“ за да практикува „француски секс“ пред благо шокираниот клас. Снимката од мобилен телефон се прикажува прво на интернет, а потоа и на една национална телевизија. Ниту водителот се запрашува „чуму?“, ниту гостите, ниту гледачите. Никому ништо. Сите си гледаат сеир. И никој не одговара, затоа што нема никакви докази дека такво нешто воопшто се случило!
7. Дипломатско-македонски секс: Милошоски и Бакојани, во сцена од „Последното танго во Париз“:
Бакојани: „Не знам како да те викам.“
Милошоски: „Јас немам име.“
Бакојани: „Дали сакаш да го знаеш моето?“
Милошоски: „Не, не! Не сакам. Не сакам да го знам твоето име. Ниту ти имаш име, ниту јас имам име. Никакво име... Бидејќи тука не ни требаат имиња.“
Батали „тешкото“, батали „сиртаки“. Заигруваат „танго“, и - договорот е постигнат. Без никакви други „олеснувачи“ – освен македонскиот путер, и коктелот „грчки секс на плажа“!
Браќа земјаци и најмили комшики,
Дојде време „македонскиот секс“ да го освои светот, сфатен како поле за сексуален натпревар меѓу народите.
Нека ни е благословена светата борба за сексуални права и слободи!
Нека сет живи борците за сексуална слобода!
Ура! За сексуално „афтономна“ и независна Македонија!
(секси-колумната во „Форум“, која не се појави во електронското издание)
во 17:33 1 коментари
Итар Пејо, Насрадин Оџа и Батко Ѓорѓија
Kај го има тоа?
Куманово да има споменик на Батко Ѓорѓија, а Прилеп да нема споменик на Итар Пејо?
Ете, и Прилеп ќе гради споменик на Итар Пејо, ама пак изгледа ја утнавме работата, оти веднаш се наметнува прашањето - Зошто не се гради споменик и на Насрадин Оџа, на неговиот „духовен близнак“?
И повторно Куманово, градот по-херој од Прилеп, ќе изгради поголем споменик на Насрадин Оџа.
И ете ти повод за старо-нов етнички конфликт: кој бил поголем шегобиец, Итар Пејо или Насрадин Оџа? Кому треба попрво да се изгради споменик?
Сосем логично, ќе се постави прашањето и за нов рамковен договор, оти стариот ич не помага во разрешувањето на новиот културен конфликт.
И МАНУ нема да остане рамнодушна, па ќе организира неколку научни конференции за размена на вицови и шегобијци.
И претседателот веднаш ќе ги собере своите интелектуалци кои мудро (колку за 100 евра), ќе ја потенцираат улогата на Итар Пејо и Насрадин Оџа во изградбата на македонскиот национален идентитет.
И премиерот нема да остане затечен, туку веднаш ќе го испрати министерот за надворешни работи на специјална мисија во Мариово.
Како резултат на сите овие политички напори ЕУ веднаш ќе не награди со членство без преговори.
А се почна со Батко Ѓорѓија – опеан во песната „не ја умреа од болест мори бабо, тук' је умреја од лудост“.
во 03:54 0 коментари
Лузерска стратегија – лузерска политика
6/27/2007Сабајлево, како учесник на една летна школа во Охрид, имав несекојдневна прилика да и поставам прашање на вице-премиерката за ЕУ-интеграции, по нејзиното излагање.
Прашањето беше – „Кога Владата ќе достави до Собранието Закон за заштита од дискриминација?“
Одговорот беше изненадувачки – во 2010 год., а најрано во 2009 год., и тоа доколку истражувањето на Владата покажело дека има потреба од таков закон.
Да потсетиме, таков закон беше планиран прво за во 2006, па потоа беше одложен за 2007 год.
Донесување на посебен закон за заштита од дискриминација е препорака и на Народниот правобранител, а за тоа се залага и цел фронт на здруженија на граѓани. Невладините организации кои се вклучени во процесот тврдат дека Владата веќе добила ургентна порака од Брисел дека посебен закон мора да се донесе, и дека досегашната стратегија со која владата купуваше време е погубна за процесот на ЕУ-интегрирање.
Една од поинтересните информации, во врска со либерализацијата на визниот режим со ЕУ, беше признанието на вице-премиерката дека Македонија има задоволено само еден од трите поставени услови – новиот пасош. Не е задоволен условот за изградба на централизиран систем за поврзување на сите гранични премини затоа што бил премногу скап (5 милиони евра), а стратегијата за потпишување на поединечни договори за реадмисија со секоја земја на ЕУ се покажала како неуспешна, по што Владата почнала нови преговори за постигнување на генерален договор за реадмисија со Брисел.
Со други зборови – ќе почекаме барем уште неколку години, не само за нов Закон за анти-дискриминација, туку и за укинување на визниот режим со ЕУ.
Работава за интегрирање во ЕУ се заканува да испадне – „Бадијала работи, бадијала не седи.“
Србија не само што не пристигнува, туку се заканува и да не престигне.
А Груевски уште се крсти во лузерот Буш, чија милитаристичка политика доживува огромен пораз во САД.
во 17:31 2 коментари
Македонската ксенофобија го повампирува „бугаризмот“
6/26/2007Дури денеска ја видов оваа изјава на Божидар Димитров, автор на книгата „Българите - първите европейци" и на Десетте лаги на македонизмот:
„Македонистите се ... на едно исклучително ниско интелектуално ниво кое во Бугарија не можеш да го набљудуваш како ниво дури и кај најниските социјални групи... Тие тврдокорно веруваат дека ние сме Монголци, Татари и врз основа на тоа ги развиваат своите теории, своите обвиненија... Тоа се болни луѓе, многу од нив кога седат зад компјутерот не си ги земаат апчињата, кои што треба да си ги земаат...“ (кликнете на првото видео на постот Хистерија)
Ете, тоа е „исклучително високото интелектуално ниво“ на Божидар Димитров, директор на бугарскиот Национален историски музеј, кој коментира расистички постови на некој маргинален македонски блог, до вчера посетуван од шака луѓе.
„...Македонците едноставно немаат историја...“ – тврди еден од новинарите експерти за македонците и македонизмот, коментирајќи за блогот.
Многу врева за еден идиотски блог, а притоа, на „блогерајот“ слободно си живеат анти-македонски расистички блогови, и никој не ги чепка затоа што кај нас била забранета цензурата. (видете „Вашиот сосед“ ... Фокус ... Блог ... и ФОКУС - огорчен од некои МК блогови ...)
Потсетување од еден постар пост:
„Тој што друг јавно ќе го изложи на подбив по пат на информатички систем поради неговата припадност кон определена заедница, етничка или расна група или верска определеност, ќе се казни со парична казна или со казна затвор до една година.“ (чл. 172 ст. 3 од КЗ). Берете памет блогери!
Многу повисоки се казните за изложување на подбив (со намера за исмејување) на Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна или на македонскиот народ и припадници на заедниците - затвор од три месеци до три години! Затвор до три години можете да добиете ако излагате на подбив и некоја странска држава или меѓународна организација.
Сепак, највисоки се казните за „излагање на подбив на националните, етничките или верските симболи кое разгорува „национална, расна или верска омраза, раздор или нетрпеливост“ - можете да добиете казна од една до пет години, или дури десет (ако дошло до безредија или насилство).
Препорака за читање: The Convention on Cybercrime .
Трагикомедија: Латас против Љубчо
6/25/2007„Аргументите“ на Латас и Љубчо – тоа е нашата трагична политичка реалност, нашата комична јавна сфера:
„Со поделената Македонија, според Љубчо, делот што ќе се спаси од необалистите, би отишол каде - ако не кон Бугарија. Претопувањето на Македонија кон Бугарија, во контекст на се уште свежите сеќавања како поминаа Србите, Турците, Ромите, Горанците... на Косово е далеку подобра варијанта. Добра не е, но од претходната би била поприфатлива ако некој не донесе до точката да избираме: дал малцинство меѓу шест милиони Албанци во АЛМАКОС, или, пак, под бугарска окупација. Како за змијата и магарето.На магарешки некој и се навикнал, ама од змиски отров никој не куртулил.“ (Алмакос).
И како човек да не почне да го обожава Латас, после ваквите „пенетративни“ интелектуални проблесоци?
А тек конспиративната поента на крајот на колумната:
„А, патем, дали е случајно што бугарска фирма купи кабелски ТВ оператори во Скопје, и сега гледаме странски филмови титлувани на бугарски! Советот за Радиодифузија е во мојата зграда, само по тоа знам дека постои. За нив бугарскиот веќе е мајчин јазик.
Џабе је и сто пута куцати на врата човека који не жели слушати.“
Поентата му е стварно на мајчин јазик – нема што!
Дискриминација, ароганција, игноранција
Пред неколку дена, една новинарка ми постави прашање во врска со забраната за движење во паркот навечер (Празниот парк ги полни кафулињата).
Еве што одредува контроверзната Одлука за уредување на начинот на користењето и заштитата на Градскиот парк:
„Користењето на Градскиот парк подразбира престојување, одмор, рекреирање и забава во инфраструктурните и другите објекти во паркот.При користењето на Градскиот парк, задолжително е совесно и соодветно однесување на неговите посетители, при што особено се внимава да не дојде до деградирање на зелените површини, оштетување и уништување на опремата во паркот и нарушување на јавниот ред и мир и безбедноста на посетителите. (чл. 3)“
Заради „подобра заштита“, „се пропишува забрана особено за:... собирање на посетители надвор од работното време на паркот, конзумирање на алкохол, пуштање гласна музика и сл.“ (чл. 6)
Меѓутоа, одлуката им овозможува пристап во паркот на посетителите на угостителските објекти, за кои изгледа не важи забраната „...за конзумирање на алкохол, пуштање гласна музика и сл.“
Од аспект на човекови права, јасно е дека самата одлука, и нејзината примена се дискриминаторски. Практично, во паркот може да се престојува, да се конзумира алкохол и да се пушта гласна музика, ама само за посетителите на угостителските објекти!
Тоа значи дека одлуката е донесена и се спроведува за „подобра заштита“, ама не на паркот, туку на капиталистичкиот интерес.
Најсмешно од се, во одлуката пишува и дека за непочитување „се применуваат казнените одредби определени со ... Кривичниот законик (за делот на прекршоците при нарушување на јавниот ред и мир).“ (чл. 12)
И правно неуки деца со малку здрав разум можат да укапираат дека во Кривичниот законик нема прекршоци, туку кривични дела!
До кога ќе трпиме вакви идиотски одлуки?
во 01:35 2 коментари
Еутаназија
Ако не сте знаеле, градот Скопје спроведува еутаназија. Еве колку сме хумани:
„Еутаназијата ќе се врши... (и) ...во случај на старост кога, исто така, не може да се овозможи прифатлив квалитет на живот, односно кога животната кондиција е таква што еутаназијата ќе го превентира страдањето.“
Така пишува во Програмата за решавање на проблемот со животните скитници на подрачјето на Град Скопје, за 2007 година.
Е, сега:
1) Сите луѓе се животни.
2) Некои луѓе се скитници.
Дали градот Скопје ќе применува еутаназија и на луѓето скитници во случај на старост...?
во 00:45 2 коментари
Урбанизацијата е виновна за криминалот со дрогата?
6/24/2007Владата доставила до Собранието „Предлог за донесување на Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, со Предлог на закон“. Прочитајте ги само причините за донесување на законот:
„Урбанизацијата влијае на социалниот, економскиот и здравствениот аспект на живеење било во урбани или рурални средини независно од регионот во светот.. Ова влијание е најголемо кај младите луѓе, разделени помеѓу две фази - развојот на својата личност и развојот на општеството. Консеквенците на овој развој често можат да бидат негативни. Една од негативните консеквенци е злоупотребата на психоактивни материи и штетите кои произлегуваат од нив.
Промените на пазарот на трудот исто така имаат влијание на животот на целото семејство. Композицијата на семејствата се менува, недостасува и супервизијата на родителите.
Сите овие фактори условуваат појава на криминални активности во кои дрогата е составен дел. Криминалот е социален и економски феномен кој постои колку што постои и општеството. Но неговите форми, користењето на сајбер технологијата се надградуваат и менуваат постојано.
Од тука, потребите за надградување на законоавството на гобален и на национален план е неминовност.“
И, како ќе ја оцените писмената вежба на тема „дрн-дрн јариња“?
Некој за оваа не-писмена вежба зел големи пари – пари од нашиот буџет.
Остај друго, туку прва цел на законот е „спречување и сузбивање на злоупотребата на опојните дроги и психотропни супстанци“, а под „злоупотреба“ не се смета само производството и прометот, туку и употребата на опојни дроги. Практично, лицата кои употребуваат опојни дроги надвор од терапевтските индикации, во прекумерни дози или во тек на време кое не е опфатено со терапијата, се прогласуваат и третираат како криминалци кои треба да се „сузбијат“, исто како и лицата кои произведуваат и/или пуштаат во промет опојни дроги.
Во законот нема абер за поседување за „сопствена употреба“. „Криминалец“ е и тој што поседува еден џоинт, и тој што поседува 100 кила хероин.
„Дилерите“ си ги тријат рацете. Полицијата ќе биде презафатена со „сузбивање“ на „наркомани“, пардон - зависници и „повремени уживатели“ – статус кој го стекнуваш и со еднократно земање дрога..
Логиката е – „ако ги уништиме „наркоманите“, тогаш ќе нема кој да купува дрога“.
Ебате, логиката, ебате!
во 18:59 9 коментари
ВОЈНАТА ВО ИРАК – ПРЕКУ ОЧИТЕ НА ФОТОГРАФИТЕ
6/20/2007По нападите од 11 септември, седуммина реномирани фотографи се здружија и ја формираа фотографската агенција едноставно наречена – „Седум“. Во март 2004 година, на првата годишнина од Ирачката војна, групата организираше изложба во Њујорк, среде Менхетен: „Војната во Ирак: координатите на конфликтот“. Изложбата опфаќа фотографии од терористичките напади на Њујорк и од првите борбени редови во Авганистан и Ирак, покажувајќи различни аспекти од „новото лице на војната во 21-от век“.
Во 2006 год. е снимен документарен филм кој се фокусира на фотографиите на четворица припадници на „Седум“: Џејмс Нахтвеј (САД), Кристофер Андерсон (Канада), Кристофер Морис (САД) и Гери Најт (Британија). Филмот ќе се прикажува во културниот центар „Точка“ во среда, 20.30 часот.
„Војната во Ирак – преку очите на фотографите“ е моќен документарец што ги открива ужасите на војната преку турбулентни фотографии проследени со автентични коментари и сведоштва од страна фотографите:
„Кога некое возило ќе се доближеше [до американските контролните пунктови], и не ќе застанеше, тие пукаа во возилото. Но, за некој Ирачки земјоделец, кој си поминува по патот, и не е информиран... можеби нема радио... кога ќе здогледа некој човек со стисната тупаница... што тоа значи за него? За еден американски војник значи „Стоп!“, „Стоп!“, „Стоп!“... Но, ако возилото продолжеше едно или две метра потоа, тие ќе запукаа. Беше прашање на избрзани одлуки... бидејќи, културно гледано, нема универзален знак за стоп...“
По проекцијата на документарниот филм, во 21.30 часот ќе се одржи дискусија на тема „Не пиеме нафта“, организирана од група анти-воени активист(к)и – меѓу кои ќе препознаете и неколку блогери.
Ќе се дискутира за (не)оправданоста на нашето воено учество во т.н. „мировна мисија“ - „Слобода за Ирак.“
Повелете.
во 08:02 3 коментари
„Пречистен“ текст од Кривичен законик
6/16/2007во 13:57 2 коментари
Дедал: „2.300 чекори рикверц?“
Легендата за Дедал и Икар се заканува да стане главна политичка метафора за владеењето на Груевски.
Ете, сеуште е актуелно прашањето зошто откриената фигура на Плаошник била наречена „Дедал“. Тоа всушност Паско Кузман секојдневно му испраќа политички пораки на Груевски:
„Икар многу високо летал, сакал да стигне во иднината, но му се стопиле крилјата и паднал. Дедал, што гледал назад, кон минатото, успеал - се одржал и останал жив. Тоа е главната порака - објаснува Кузман.“ (Дедал е дело на мајстор од Лихнидос).
Дури и архео-идеологот Паско почна суптилно да ја критикува програмата за „новата ера на нашата Македонија“, „чиј почеток ќе обележи една нова, успешна иднина за сите нас“. Наместо „големи чекори напред“, и поглед кон иднината, во стил на искусен „Археолог-политиколог“, Паско предлага патување назад, и поглед кон минатото: „Ова е порака за сите, а особено за политичарите, кои неретко во своите изјави, свртени кон иднината, го забораваат минатото - вели Кузман, поклоник на тезата дека иднината ја осветлуваат светлините од минатото.“ (Митот на Крит, фигурата на Плаошник).
Прашањето е веќе поставено: Дали Груевски ќе биде Дедал или Икар во македонската политика?
Каков и да е одговорот – програмата „Преродба во 100 чекори (рикверц)“ е античко минато:
Сеуште -„Луѓето, без насмевки, изгубени полека одат... Македонија има кила...“
во 12:58 0 коментари
Кочо Рацин: мистеријата на смртта
6/15/2007Дека филмот е моќен медиум, покажа и Васил Зафирчев чиј филм за Рацин секојдневно предизвикува контроверзни бранувања во јавноста. Во медиумите се одвива вистинска борба помеѓу мистеријата на љубовта и мистеријата на смртта на Кочо Рацин. „Кого љуби Рацин?“ и „Кој го уби Рацин?“
Еве што изјавуваат авторите на филмот за смртта на Рацин:
„Мислам дека тоа е убиство. Кочо Солев Рацин е намерно убиен поради своите идеи кои на тогашната политика и сметале. Тој бил човек со високи морални вредности, со високи филозофски размислувања и таквите ликови во нашата историја биле ликвидирани". („Елегија за тебе„ на Рациновите средби)
„Ние тврдиме дека Рацин е ликвидиран. Сега не е важно прашањето кој го уби Рацин, туку зошто воопшто тоа се случило“ (Вистинската љубовна приказна на Рацин)
„„Рацин не е убиен во истиот момент, туку е оставен да искрвари седум часа, што значи имало можност да се спаси, така што од денешен аспект воопшто и не е важно прашањето кој го уби Рацин и кој го нарача убиството на Рацин, туку зошто воопшто се случувало тоа“, додаде Зафирчев.“ (Премиерата на „Елегија за тебе“ ќе биде в среда во Велес)
Еве и други толкувања:
„Во оптек се две верзии околу неговата смрт. Според првата, се работи за несреќен случај: поради вродената наглувост Рацин не го чул повикот на стражарот да застане и да се идентификува, по што овој го истрелал смртоносниот куршум. Според втората верзија тој е намерно убиен.“ (Биографија)
„Неофицијално, Кочо Рацин е убиен заради неговите јавни промакедонски истапувања што не се вклопувало во шемата на новокомпонираните комунисти.“ (КОЧО РАЦИН)
Љубиша Георгиевски: „Во моментов ми излезе пред очи Рацин. Во живо. Ми соопшти зошто беше убиен. (Ги молам оние кои веруваат во официјалните верзии на неговата смрт да ми простат). Бил убиен зашто врз неговото чело никако не се залепувала мрсната етикета на "фил” и на "ман”.“ (Симптоми (2))
Блаже Миневски: „....во базата на Лопушник Кочо бил погоден од куршумот на Мино Миновски, партизан кој бил на стража во близина на импровизираната партизанска печатница. Поетот бил смртно ранет, но не починал веднаш, туку неколку часа подоцна. Иако имало доволно време да биде однесен до партизанската болница, раководството кое било на Лопушник не презело речиси ништо Рацин да биде префрлен на лекување. По неколку часа агонија, поетот умира, а веднаш потоа бил погребан во импровизиран гроб таму каде што бил убиен.“ („Фокус“, 15.07.2007)
А еве што викаат историчарите:
Тодор Чепреганов, на прашањето „Дали, според Вас, се уште постојат енигми за случајот со убиството на Кочо Рацин?
- Факт е дека тој е убиен тогаш и тогаш. Меѓутоа, интерпретациите се различни за тоа што и како било. Овде не можете да имате објективност и вистина, зашто вистината е индивидуална. Познато е како реагираше брат му на Рацин во однос на истакнатата слика на Страхил Гигов затоа што сметал дека тој е еден од оние што е виновен за смртта на Коста. Човекот што го уби Рацин беше жив долго време. А да живеете со една таква мисла толку години е навистина тешко. Човекот кажува дека таков бил договорот. Јас ја знам приказната дека не требало да се враќа назад и дека требало да остане во базата. Кочо Рацин бил натеран повторно да се врати, овој бил на мртва стража и извикал "стој". Кочо Рацин бил наглув, не слушнал и овој го убил. А двајцата биле другари од Велес и да се сомневаш дека тој намерно го убил не држи.“ (Секој народ мора да се соочи со својата историја)
Историчарот Ѓорѓи Чакарјановски: „- Она што буди сомнеж е сознанието дека еден од луѓето што вечерта биле во базата барал токму Кочо Рацин да оди кон печатницата за да им однесе храна на Миновски и на Инадески. Потоа, требало заедно да се повлечат од печатницата. Миновски, кој бил на стража, слушнал дека некој доаѓа и извикнал „стој“. Откако Рацин не застанал, тој пукал и не отишол да провери дали и кого погодил. Потоа поминало повеќе време откако се разбрало дека Рацин го нема и, по потрагата, да го најдат мртов.“ (Вистината за Рацин се' уште закопана на Лопушник)
Директорот на Државниот архив, Зоран Тодоровски: „Неспорно е дека случајот со убиството на Рацин не е докрај истражен, дека постојат различни верзии, контрадикторни изјави и дека во сето тоа има многу сомнежи. Сето тоа треба да го истражува првенствено историската наука.“ (Вистината за Рацин се' уште закопана на Лопушник)
Но, до кога ќе чекаме на историчарите?
Дали прашањето „Кој го уби Рацин?“ е од оние прашања кои не заслужуваат одговор, додека се живи и последните учесници во НОБ?
во 20:58 1 коментари
Транзициска бајка
Нашите пријатели од САД, кои толку се трудат што побргу да влеземе во пакет во НАТО, ни укажаа на еден сериозен пропуст од страна на кабинетот на нашиот претседател: „Зошто на официјалната страница на Бранко Црвенковски нема фотографија како се ракува и гушка со прекрасниот ваш народ кој толку многу го сака и обожува?
Ако нашиот Џорџ Буш може да се фотографира гушкајќи се со непознати Албанци од Тирана, тогаш веројатно и Б.Ц. може да се ракува и гушка со насобраните македонски граѓани кои му даваат секојдневна поддршка пред неговата зграда?“
Работава е „нож до коска“: нема фотографија – нема НАТО.
Укапира „државникот“ дека конечно дојде часот кога мора да се жртвува за Македонија, ги повика верните му фоторепортери, и излезе пред насобраните стечајци што „кампуваат“ пред Собранието. Почна да се ракува, да ги гушка и љуби стечајците, а фотографите чкрапаа ли чкрапаа. Ама, види беља – фото-сесијата заврши, а „ролексот“ на Б.Ц. сеуште стои на неговата рака.
Со државнички гест, разочараниот Б.Ц. го симна својот скапоцен часовник од раката, и го подаде на зачудените стечајци: „Еве, земете го „ролексов“, и дајте го на лицитација, оти со ситни души држава не се праи!“
Воодушените стечајци отидоа да „кампуваат“ пред зградата на Влада, оти и на нашите министри им требаше голема подршка за реформите!
Откако Грујо и „детската градинка“ сфатија дека и за нив работата е „нож до коска“: нема фотографија – нема НАТО, ја прогласија седницата за отворена, ги примија стечајците во салата за седници и свечено им ги подарија своите „ролекси“, „картиеа“, „омеги“...
Стечајците конечно видоа колку е саатот, престанаа да „кампуваат“, и решија да ги искористат новите погодности за работа на многубројните фарми што се отворија по кампањата „Инвестирајте во Македонија“.
Како резултат на успешната кохабитација, и довербата на народот во власта, Македонија беше поканета во НАТО и ЕУ. Македонците продолжија да си живеат среќно, со Бане и Грујо на чело.
во 15:57 2 коментари
Мало фајде од „Големо уво“
Донесена првата пресуда за аферата „Големо уво”: „Во првата пресуда за аферата „Големото уво“ од 2000 година судот нареди да им бидат исплатени речиси 100.000 евра на новинарите кои ја тужеа државата.
Новинарите незадоволни од висината на оштетното побарување најавија жалба на денешната пресуда.“
Навистина нема смисла.
За „клеветење“ на Црвенковски (1,84 милиони ден.) и Костов (1.223.600 ден.) новинарот Никола Младенов мораше да плаќа отштета од 65.500 долари (според извештајот на САД).
За прислушкување на новинар, МВР и Телеком нема да платат ни по 3.000 ЕВРА (отштетата е 350.000 денари на секој од тужителите).
Простата математика вели дека кога новинарот ги „клевети“ државните функционери се прави 10 пати поштетно дело отколку кога државата прислушкува новинар.
Простата математика вели дека правдата е 10 пати побрза кога тужат државни функционери за клевета, отколку кога тужат новинари за прислушкување.
„Големо уво“ - Голема срамота за судството.
во 11:59 5 коментари
Правдата е бавна или недостижна?
6/14/2007Трајан Беќиров - дете, го загуби животот „...како последица на непрофесионалното постапување...“ на „Алфите“ - констатира Народниот правобранител.
Независна истрага немаше.
Залудно Мемети бараше кривична пријава за „Алфите“ поради Беќиров.
Останаа многу Неодговорени прашања.
Се изморивме Чекајќи го Годо - пардон, обвинителството.
Одбраната со молчење успеа?
На крај испадна - МВР те тужи, МВР те суди?
Вуна беше во право: случајот Жртва на полициска бруталност?! се заташка:
„Орхан Исени, второто момче кое бегало со Трајан вели дека ноќта Алфите не дошле да легитимираат, како што стои во изјавите на МВР, тие ги удирале, а репетирале и пиштол.“ (Една година од мистериозната смрт на Трајан Беќиров.)
Оптимистите ќе речат – којзнае, можеби по 28 години нашето судство ќе го реши случајот.
во 18:09 0 коментари
Имаме ли правична застапеност?
Собрание на РМ-Стручна служба (30,1%); Уставен суд на РМ (27,6%); Народен правобранител на РМ (37,1%); Министерство за здравство (35,2%); Судски совет на РМ (28,6%); Јавен правобранител на РМ (28,6%); Министерство за култура (31,3%); Фондови (35,2%); Врховен суд на Република Македонија (33,0%); Апелациони судови (37,8%); Обвинителство (39,7%); Центри за социјална работа (34,2%).
Замислете, ниту еден маж не бара „правична застапеност“.
Јавен правобранител на РМ (93,4%)
Самостојни државни органи (89,37%); Фондови (88,8%); Кабинет на Претседател на РМ-Стручна служба (88%); Основни судови (87,8%); Казнено-поправни и воспитно поправни домови (86,8%); Уставен суд на РМ (86,2%); Врховен суд на Република Македонија (86,4%); Министерство за финансии (85,9%); Апелациони судови (85,3%); Министерство за одбрана (84,8%); Јавни претпријатија (83,4%); Влада на РМ-Стручна служба (82,3%).
Поминаа цели 6 години од конфликтот во 2001, а сеуште сме далеку од „правична застапеност“ на етничките заедници.
Ви станува ли малку појасно зошто ЕУ постојано инсистира на доследно спроведување на „Рамковниот договор“?во 16:04 2 коментари
Македонската полиција: чиј „сервис“?
6/13/2007Срамота е да се лажеме дека полицијата станала „сервис“ на општеството, кога не е кадарна ни пасошки услуги да испорача како што треба:
„- Македонската полиција од ,,сила'' која се користи во општеството, веќе се транформира во ,,сервис'' на општеството, преку нејзино интегрирање во граѓанското општество и приближување до јавноста, особено преку воведување на системот на заедничка акција на полицијата и граѓаните во решавањето на безбедносните проблеми во локалната заедница преку проактивни програми, како и со примена на мерки на градење доверба, потенцира Јанкулоска.“
(Јанкулоска: Македонската полиција се трансформира во сервис на општеството ...)
1) „Интегрирање“ на полицијата во граѓанското општество?
Не знам зошто, ама почнува да ме фаќа параноја. Веројатно од досегашните методи на „интегрирање“ на полицијата. Министерката можела едноставно да каже – „во партнерство со повеќе здруженија на граѓани реализираме заеднички проекти“. Во случајов, невешто е испратена и друга порака: „бидете спокојни, ние будно го следиме и граѓанскиот сектор“.
2) Приближување до јавноста?
Ефектите од бракот од интерес медиуми-полиција можевме да ги гледаме на малите екрани: режираните апсења пред камери, јавна демонстрација на сила, изложување на јавна љубопитност, газење на пресумпцијата на невиност, политички соопштенија од страна на МВР, денунцирање на политичките опоненти...
3) Заедничка акција на полицијата и граѓаните?
И претходниот тоталитарен систем може да се пофали со многу заеднички акции на полицијата и граѓаните. Секоја потенцијална безбедносна закана беше будно следена од полициските информатори и „одговорните“ граѓани кои ги цинкареа своите соседи. Прашањето е, што е различно од претходниот систем, ако се знае дека сеуште се практикува тоталитаристичкиот метод „информативни разговори“, и дека секој граѓанин може да биде присилно доведен на информативен разговор, во случај да не се одѕве на судска покана.
4) Примена на мерки на градење доверба
Секако, „Алфите“ најмногу придонесоа за градењето доверба меѓу граѓаните и полицијата. Не треба да се заборави ни придонесот на „внатрешната контрола“, која напорно работеше за да не се нарушува угледот на полицијата.
Еве еден пример-исклучок од извештаите на Хелсиншкиот комитет:
Откако еден граѓанин бил тепан од страна на полиција, „внатрешната контрола“ утврдила дека полицаецот „со тоа што употребил физичка сила во просториите на полициската станица ги пречекорил границите на своите службени овластувања“.
Ама, дури и во вакви ретки случаи, предлогот за дисциплинска постапка бил отфрлен. Повторно е испратена пораката дека „припадниците на МВР се недопирливи и семоќни и дека тие се над законот и правото“.
Сепак, впечатокот за неефикасноста, пристрасноста, непрофесионалноста, насилноста, нетранспарентноста, и недоверливоста кон полицијата не се менува толку бргу, и толку лесно.
во 12:40 0 коментари
„Бадентерови“ државни симболи?
6/12/2007
Со текстот „Рамковен терк за државните симболи“, неделникот „Глобус“ повторно ја отвора „пандорината кутија“ со државните симболи. Текстот е илустриран со „оригинален“ грб кој воопшто не личи на ниту еден од грбовите за кои зборував во постовите Откријте ги разликите!, Отиде петокраката?, Новиот пасош и грбот на Македонија.
„Глобус“ го застапува тврдењето дека со вклучувањето на законите за грбот, химната и знамето на Република Македонија во т.н. „бадентеров список“ (договорен од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ) се крши Уставот.
Имено, ако „Грбот, знамето и химната на Република Македонија се утврдуваат со закон кој се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.“ (чл. 5 ст. 2), тогаш законите за грбот, химната и знамето не би смееле да влезат во „бадентеровиот список“ закони за кои е потребно „мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија“.
Меѓутоа, бадентеровиот список се однесува „За закони кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието, личните документи и употребата на симболите...“ (чл. 69 од Уставот, изменет со Амандман X).
Дали со договорот Груевски-Ахмети се крши Уставот, или пак постои контрадикторност во самиот Устав?
Останува да се надеваме дека Уставниот суд нема да се прогласи за ненадлежен и по ова прашање.
во 12:32 0 коментари
Садистичка администрација – мазохистички граѓани
Имаме ли морално право да се жалиме на понижувачки однос од страна на странските амбасади, ако истовремено го трпиме понижувачкиот однос од страна на нашата држава? (Како се вади пасош?)
Како воопшто човек да се бори против садистичката администрација, кога мнозинството од послушните граѓани се мазохисти?
„Авантурата почнува со чекање да се добие „бројче“ за ред. Вистинска среќа ги облева лицата на граѓаните што успеваат да добијат свој број. Небаре добиле седумка на лото.“
Кога понижувачкиот мазохизам јавно се доживува како „авантура“, лесно е проблемот да се пренасочи кон граѓаните:
„Во МВР, спротивно на видливите турканици, велат дека вадењето пасош тече во најдобар ред и без проблеми.- Граѓаните треба да бидат пострпливи.“ (регулаторната гилотина избега од пасошко)
Прекрасно изведено. Не бил проблемот ниту во лошата организација ниту во садизмот на МВР-администрацијата, туку во „нетрпеливите“ граѓани – мазохисти.
Секоја чест.
во 08:23 5 коментари
Културна револуција
6/11/2007„Речиси дваесет и пет години откако беше одржана последната филмска проекција во Кичево неделава публиката повторно ќе може да оди во кино.“ (По четвртина век кино во Кичево)
Којзнае, за едно 50 години аматерскиот театар во Кичево можеби ќе стане и професионален.
Затоа, пак, секоја година Струга си има поетски фестивал.
Ем си пејат, ем се жалат - Малку пари за голем поетски фестивал.
Ем се жалат, ем се фалат:
„Се надеваме дека политичарите ќе го сфатат фактот дека СВП е наша културна и амбасадорска манифестација што извезува најголем духовен производ од Македонија. Сите амбасади што ги имаме не направиле толку за идентитетот на Македонија, колку Струшките вечери.“
Пораката е јасна – ајде сега сите поети да ги пратиме за амбасадори!
Ем ќе се реши спорот со непополнетите амбасадорските места, ем сигурно ќе ја добиеме битката за „идентитетот на Македонија“.
Можете да си ги замислите реакциите кога нашиве поети ќе почнат да читаат поезија во ОН, Советот на Европа, во НАТО...
- „Аман, еве признаваме, Македонци сте, ама дај престанете со тоа мачење...“
Така ќе ја добиеме дипломатската битка, ќе се ослободиме од досадните поети, а парите од високите сметки за Струшките вечери и ручеци ќе можат да бидат пренаменети за изградба на нови кино сали.
во 14:47 0 коментари
Сe што сте сакале да знаете за сексот...
...а сте се плашеле…
… да го прашате - наставникот по веронаука
... да го прашате - Никола Груевски
... да го прашате - Владо Бучковски
... да го прашате - Љубчо Георгиевски
... да го прашате - Вуди Ален
Ете ја колумната во „Форум“ и во електронска верзија.
во 13:38 4 коментари
Македонски секс
6/09/2007Пребарувањето за „македонски секс“ на Google даде само еден нерелевантен погодок (бугарска страница)!
„Можеби треба да измислиме и некоја македонска варијанта; има некој предлог?“ – сугерира една интересна колумна.
Што мислите, дали македонската варијанта треба да биде „рамковен секс“ – комбинација на претежно „секс на македонски начин“, зачинета со една четвртина „албански секс“, и одредени пози на турски, ромски, српски, влашки и бошњачки секс?
Ама, што би било „секс на македонски начин“?
Еден глуп виц вика дека кога Трпе побарал секс на македонски начин од проститутка, таа го прашала отпосле:
„- Се беше супер ама што беше работата со секс на македонски начин?
- Ништо особено тоа значи дека ќе ти платам утре.“
Едно нешто ме мачи. Ако сме потомци на Александар, како што сметаат некои, тогаш неговите би-сексуални дејанија би можеле да ги нарекуваме „македонски секс“. Нема спор со Грците, затоа што македонскиот би-секс би се разликувал од „грчкиот“: „Грчки секс“ е всушност сосема баналниот анален секс, кој се практикувал уште во древна Елада.“ (колумната).
во 09:58 8 коментари
Црнила - од Коле Чашуле
6/08/2007
Колку за потсетување, ете кој доби вечерва „Рациново признание“, за својот покајнички „можеби роман“ - „Патот од себеси“.
Еве го и неговото цитирано „признание“:
“Мене ме викна Видое Смилевски во ЦК каде беше присутен Елисие Поповски – Марко. Видое објасни дека Ченто бегал преку граница и други работи со кои тој се оптужува и дека треба да му се суди. Кога Видое зборуваше, Марко ја наведна главата и ништо не проговори. Всушност, судењето било однапред подготвено, не само обвинението, туку и пресудата. (...) Значи, пред нас, судиите беше наредено Ченто да биде осуден”.
Колку за потсетување, еве што укажав во постот „Последниот човек“ во Македонија?:„За жал, наместо да бидат историски „лустрирани“, директните учесници во срамното судење на Ченто, на кои им било наредено Ченто да биде осуден ... сеуште се сметаат за беспрекорни „херои“.“
Чашуле, слично како „Младичот“ од неговиот роман „Црнила“, слепо му верувал на Централниот комитет кој решил „да се премавне еден многу опасен издајник и изрод на нашиот народ.“ Во романот, „Младичот“ го повлекува чкрапалото, и го усмртува Ѓорчета. Чашуле става потпис на пресудата, иако знае дека процесот е наместен. Како резултат на тоа, Ченто излегува од затвор смртно разболен (иако сакал да се лекува во странство, никој не сакал да му издаде пасош).
Во романот-лектира од Чашуле, откако „Младичот“ сфаќа на кого извршил атентат, се самоубива. Во нашиот реален транзициски живот, откако Чашуле по многу години сфаќа кого осудил по нечија наредба, пишува покајнички роман и - добива „Рациново признание“. Алал да им е на тие што му го доделија!
Дали воопшто ќе дочекаме некогаш, покрај толкуте „Собрани дела“, издавачите да почнат да ги издаваат и „Собраните недела“ на нашите „еминентни“ писатели?
во 23:07 5 коментари
Нарачано новинарство и изгубена доверба
Тито премиер, Љубчо спикер, за Бранко уште еден мандат...?!?
Со предвремени избори ќе излезете од возот за ЕУ и НАТО
Интерпелацијата на Владата е дневнополитички интерес на СДСМ
До кога македонската демократија ќе биде заложник на синдромот „нарачано новинарство“?
Честитки до Владата на Груевски што го помина и овој испит.
Само уште не ми е јасно. Што е приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ?
Да ја уништи СДСМ или да станеме членки на НАТО и ЕУ? Да го порази противникот и по цена на застој на реформите?
Истата забелешка важи и за опозицијата предводена од СДСМ.
Кој е нивниот приоритет?
Уривање на владата по секоја цена, или што побргу да станеме членки на НАТО и ЕУ? Да го порази противникот и по цена на застој на реформите?
Наместо да ја вложат целокупната политичка енергија во реформите, обете „стожерни“ партии жестоко се трудат да обезбедат алиби. Да докажат дека политичкиот противник би бил главен виновник за неуспехот на реформите.
Владата доби доверба од мнозинството пратеници.
Премиерот ужива во високиот рејтинг.
Додека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се расправаат кој е крив, кој е прав - реформите тапкаат во место.
во 11:42 0 коментари
„секси“ колумна во „Форум“
6/07/2007Зарем и Б.Ц. (бившиот црвен) за FYROM?
Намерно или ненамерно, и „државникот“ Б.Ц. се вклучува во грчката кампања според која во ОН сме примение како FYROM.
“-Република Македонија на конструктивен начин и со позитивно изразена волја учествува во преговорите кои се водат во Њујорк. Верувајте ние повеќе отколку било кој на светот би сакале да се дојде до решение и да се исфрли од употреба во ООН на анахроната и понижувачка кованица БЈРМ.“
Што е финтата, Б.Ц. не знае дека „акронимот“ FYROM/БЈРМ е грчко масло, а дека во ОН сме примени како „the former Yugoslav Republic of Macedonia“?
Еве го прашањето од интервјуто, на кое Б.Ц., за чудо има одговор:
„Дали вашата страна ќе се согласи да влезе во НАТО под ФИРОМ настан кој што може да ја спречи Атина да стави вето?
- Се разбира дека најмногу би сакале нашето зачленување во НАТО да биде под нашето уставно име. Но ако такво решение за спорот не е можно да се постигне до моментот на нашиот прием во НАТО, ние сме подготвени да влеземе и под референцата која сега се користи во ООН се разбира како времено решение.“
Ете така, „фиромизацијата“ стана и државен проект.
„Тоа е доволна причина да се започне процедура за импичмент на Црвенковски, вели Тодор Петров, кој бара да не се повторува грешката направена во Обединетите Нации, каде привременото име одобрено од Киро Глигоров се користи веќе 12 години.“ (СМК: Да се одбие поканата за НАТО доколку не примат под ФИРОМ)
Ужас невиден. Знае ли овој Петров да брои? Од 1993 до сега има 12 години?
Пиши пропало на идејата за „импичмент“.
во 11:15 3 коментари
МПЦ – слуга на државата?
Процесот на десекуларизација продолжува:
„Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски донесе Указ со кој ја одликува Македонската Православна Црква со “Орден на Република Македонија”.
Претседателот Црвенковски ова највисоко државно одликување го доделува по повод 40 годишнината од автокефалноста на МПЦ.“ Така, после Киро и Борис (посмртно), и МПЦ ќе го добие највисокиот орден.
Но, кои се заслугите на МПЦ за државата?
- Духовната поддршка на двајцата Македонци, спроти процесот против нив во Хаг, и небулозната политичка оценка дека со тоа ќе им се суди и на сите бранители на Македонија во 2001?
- Догмата на Стефан дека „никогаш и никаде не е грев да се брани својата татковина“?
- Паролата на Митрополитот Полошко-кумановски г. Кирил дека Без Македонската Црква нема опстој на народот и на државата? (Смртта на разумот)
- Попувањето дека „Божјата волја“ е над сите закони и правила?
- Отпорот против ЕУ (против донесување на закон што ќе овозможи верски слободи за сите)?
- Најострата осуда на идејата за хомосексуални бракови, и нивно прогласување за „зло“ и „грев“?
- Прогласувањето на Хелсиншкиот комитет за „агентура на други структури“? (Паника во МПЦ!)
- Промоцијата на идејата дека „Верските чувства како подлабок елемент на човековото битие имаат приоритет над правото на слободно изразување“? (повеќе)
- Хајката против Јован и „расколниците“?
Како после ова МПЦ ќе се брани од нападите дека е државна творба создадена за да штити државни интереси?
во 10:19 3 коментари
Говор на омраза – „Парадокс, ама вистина!“
6/06/2007Еве што вика експертот за Говор на омраза:
„Говорот на омраза или hate speech е јавна изјава направена преку какво било медиско средство, со намера да промовира омраза, повик на дискриминација, омаловажување или повик на насилство кон друго лице или група на основа на нивната различност по раса, боја на кожа, етничко или национално потекло или религија.“
Но, тоа е горе-долу дефиницијата на расистички и ксенофобичен материјал ("racist and xenophobic material") во “Additional Protocol to the Convention on cybercrime, concerning the criminalisation of acts of a racist and xenophobic nature committed through computer systems”:
“"racist and xenophobic material" means any written material, any image or any other representation of ideas or theories, which advocates, promotes or incites hatred, discrimination or violence, against any individual or group of individuals, based on race, colour, descent or national or ethnic origin, as well as religion if used as a pretext for any of these factors.”
Говорот на омраза не може да се редуцира само на расистички и ксенофобичен материјал. Како што фино забележува Парек „Hate speech expresses, advocates, encourages, promotes or incites hatred of a group of individuals distinguished by a particular feature or set of features.“ (Hate speech: Is there a case for banning?, Bhikhu Parekh). Впрочем и во дефиницијата на „hate speech“ во фамозната препорака 97, стои и изразот „...или други форми на омраза засновани на нетолеранција...“ („...the term "hate speech" shall be understood as covering all forms of expression which spread, incite, promote or justify racial hatred, xenophobia, antisemitism or other forms of hatred based on intolerance, including: intolerance expressed by aggressive nationalism and ethnocentrism, discrimination and hostility against minorities, migrants and people of immigrant origin.“ (RECOMMENDATION No. R (97) 20 OF THE COMMITTEE OF MINISTERS TO
Експертот како да не чул за хомофобичен говор на омраза (homophobic hate speech). Очигледно, ја нема прочитано Резолуцијата за хомофобија во Европа на Евопскиот парламент која ги повикува земјите членки да обезбедат заштита од „хомофобичен говор на омраза и насилство“ („Calls on Member States to ensure that lesbian, gay, bisexual and transgender people are protected from homophobic hate speech and violence...“).
Експертот очигледно не чул и за родово-заснован говор на омраза (gender-based hate speech). Ама затоа е експерт за сексистички говор: „Имено, помалку се заморивме, драги мои од главно трите групи-типа на другарки-госпожи во политиката: невротични кучки; истоштени квази-исусовки (кои ќе ја спасувале Македонија која заслужувала подобра власт) и девојки од работните акции т.н.community girls.“ (Дневник, 14 февруари, 2006) (види Честитка за „Свети Валентин“)
Да потсетиме и на ОТВОРЕНО ПИСМО до Европската комисија против расизам и нетолеранција во кое беше укажано и на елементи на говор на омраза од страна на Фрчковски.
Нема што, конечно, станавме пристојно место на живеење. Проминентните колумнисти што сакаа да им ја ебат мајката на „квислинзите“ сега бараат санкции за говор на омраза.
„Парадокс, ама вистина!“
во 13:55 4 коментари
Културен шок за Латас!
6/05/2007Интересна реакција на главниот и одговорен уредник на „Вечер“ - Драган Павловиќ Латас, неодамна прогласен за најхомофобична личност во Македонија.
Веста Борат се бакна со машко не е објавена ниту во рубриката Life, ниту во Stars, ниту во Style, туку во вистинската рубрика – „култура“!
во 09:48 3 коментари
Историска амнезија или вешта манипулација?
Ако сликите зборуваат повеќе од зборовите, тогаш што кажува насловната страница на Нова Македонија од 9 септември 1991?
1) Македонија гласаше за самостојност
Дали ова е едно од оние прашања кои не заслужуваа одговор?
Уште поинтересно е како ја конструираме современата историја.
Еве што пишува во „Македониум“ – Антологија на Македонската национално-политичка мисла (2003): „На референдумот, одржан на 8 септември 1991 година, граѓаните на Република Македонија по пат на плебисцит, со 95,09 отсто гласале за суверена и независна Република Македонија.“
Две вистини се умешно забошотени:
Прво, се создава впечаток дека 95,09 отсто од граѓаните гласале за, а не 95,09 од оние три четвртини запишани граѓани што излегле да гласаат. (А колку беа запишани во меѓувреме, е уште едно прашање кое не заслужи одговор.)
Како второ, се создава впечаток дека граѓаните „гласале за суверена и независна Република Македонија“, без да се додаде „со право да стапи во иден сојуз на суверените држави на Југославија“. (Колку од тие за беа за Југославија, е прашање кое тогаш не заслужи одговор.)
Во книгата „Македониум“ може да го прочитате и потпоглавјето „Прием на Република Македонија во ООН“, во кое се тврди дека „Република Македонија е примена за членка на ООН на 8 април 1993 година“?!?
Ако навистина се случило тоа, што мајка тогаш бара Метју Нимиц во Македонија да ни решава некаков си измислен спор помеѓу „Бившата Југословенска Република Македонија“ и Грција?
Кутрата полиција
6/04/2007Изгледа има логика што Охриѓани имаат таков став кон „скопјанишчана“, оти Скопјаните знаат да бидат многу опасни:
„Случаите со полициската бруталност се многу интересни и за членовите на Хелсиншкиот комитет. Оттаму велат дека најдобар пример како функционира оваа проблематика е минатогодишниот случај кога бившата претседателка на Хелсиншки, Мирјана Најчевска, пред свои очи видела како петмина „алфи“ брутално претепуваат скопјанец на улица.
„Кога баравме објаснување, од МВР ни рекоа дека тоа што го видела Најчевска не било така, туку дека петтемина „алфи“ биле нападнати и тепани од човекот“, вели актуелниот претседател Исо Руси.“ (Осумдесетина полицајци пред отказ поради претепување граѓани)
Чувај боже од Скопјани, ако еден Скопјанец може дури петмина алфи да истепа! И дај нема смисла, не се јавувајте веќе на бесплатниот телефон 0800-11-333 да пријавувате полициско насилство. Тоа е бесплатен број за пријавување на насилство врз полицијата од страна на граѓаните.
Да се надеваме дека новите казни од 600 до 900 евра за омаловажување на полициски службеник, ќе придонесат за намалување на насилството врз полицијата, особено врз кутрите, нежни и беспомошни „Алфи“.
Први што треба да добијат глоба се новинарите што неоправдано ги омаловажуваат полицајците претставувајќи ги како насилници, врз основа на сомнителни искази на некакви си „активисти за човекови права“: „Нивното искуство кажува на солидарност меѓу полициските колеги, кои откако ќе претепаат некого, веднаш одат со стандардни финти дека биле нападнати и дека тие само се бранеле.“
Покрај глобата, за активистите на човекови права што ја „кодошат“ полицијата треба да се определи и педагошка мерка - притвор, за да можат и сами да се уверат колку нашите полицајци се нежни и беспомошни во вршењето на службата.
во 06:45 3 коментари
„мала Македонија“
6/03/2007„Шврки“ слоган?
6/02/2007Инспирисан од „шврки“ атмосферата во Холивуд синоќа, ми текна нешто што може да се искористи како слоган на сексуалните работнички/работници:
„Бадијала седи, бадијала не работи!“
во 12:03 2 коментари
Швркнат предлог за „queer“
6/01/2007Денеска имавме необична дискусија во „Точка“, во мошне чуден состав од фрикови. Врти-сучи, пак почнавме да муабетиме како треба да се преведе „queer“ на македонски. Поводот беше „настраниот“ пост на Сатаниел.
Во ексцентричен занес на „помрчување“ на умот предложив „мањак“, што на некои им изгледаше смешно и комично како и пежоративното „педерче“ и бугарското „обратен“. Сепак, тетеравејќи се накај дома сфатив дека „мањак“ е исто толку неприфатлив колку и традиционалниот „настранлија“. Еве што понатаму се „изроди“ од моите изопачени идеи:
Ако едно од значењата на „queer“ e „благо пореметен“ (како што забележува femgerila), и ако коренот му сугерира „извртување“ и „скренување“, тогаш зошто да не пробаме со „швркнат/а“?
Еве неколку контексти, „пејстирани“ од „Google“:
„секоја песна е различна, а сепак на ист начин швркната“; „Се бара пореметено швркната чоек“; толку е швркнат што не можеш да не се смееш“; „Швркната една, торта ми донесе, еј!“; „само да не се избаци некој швркнат ко од Лост“; „Да бе, стварно швркната епизода.“; „Тушот беше швркнат на ладно. Сите три пешкира беа паднати на земја...“; „Беше полу висок, најмалце беше восок, па џвркнат, шо му иде швркнат али у форма на будалетинка...“, „Покрај него има цела палета на луди ликови, од луд научник, поп-сериски убиец, швркнат ловец на вампири сл.“; „има швркнат концепт“; „ не си педер се додека не ти го швркнат а за швркање швркај све што ќе ти дојди пред патот немај милост денес е опасно време ако не ебаш ќе те ебат.“
Размислував и за варијантата „чвркнат“ („Стварно беше чвркната сто на саат“), ама по консултација со експерти, сфатив дека „швркнат“ е пооткачен термин. Остај друго, туку и во речникот на Зозе Мурговски зборот „шврка“ има вакво значење: „за жена, често менува сексуални партнери“ - стр. 919 (ако не ме излажаа преку телефон).
Најпосле, ако може да има „швркнат концепт“, зошто да нема „швркната теорија“?
Што мислите бе, швркнати?
Удрете по тутунската мафија!
Наместо законот да ги штити граѓаните, неспроведувањето на законот ја штити тутунската мафија, која слободно рекламира цигари.
Пошто Груевски е за економија, и поддржува добри идеи, еве му уште една идеја како да го наполни буџетот.
Нека издаде веднаш налог до пазарната инспекција за поведување прекршочни постапки за рекламирање на цигари.
Само низ центарот на Скопје вчера забележав стотици реклами.
Ако просечна казна е околу 3.000 евра, тогаш координирана акција низ цела Македонија со поднесени 1.000 прекршочни пријави би можела да исходува со полнење на буџетот од 3 милиони евра.
Ете пари за борба против зависноста од никотин и други дроги.
Затоа, пријавете рекламирање на цигари на 3220547!
во 09:10 3 коментари
Мојот список со блогови
-
Чипирање - чипиани идиоти ... - Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош, к...Пред 3 години
-
Поддршката за СЈО не значи приврзаност кон идоли, туку кон идеали - Држава е збир од институции, а секоја институција е многу повеќе од збирот на поединците што работат во нив. Можеби авторитарните личности на кои им е стра...Пред 5 години
-
РЕШЕРИЕТО И ЖРЛБРТР- Во прилог е решението Ñ Ð¾ кое Ñ Ðµ Ð¿Ñ€Ð¾Ð³Ð»Ð°Ñ ÑƒÐ²Ð°Ð¼ за виновна за Ñ Ñ‚Ð¾Ñ€ÐµÐ½ прекршок и мојата жа...Пред 5 години
-
-
-
Изјава за BBC - Додека странските дипломати навистина можат да извршат влијание врз домашните политичари, не смее да се заборават неколку работи: прво, дека тие се водат п...Пред 13 години
-
Музика со леден швепс и со лимон - Некои бендови се осудени да прават одлична поп-музика, но никогаш да не станат суперѕвезди. Сепак, тоа не значи дека не свират супермузика, дека немаат су...Пред 15 години
-
-
-
-
-
-
-
>> <<
Text
Archive
Етикети
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Recent Post
Category
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Архива на блогот
-
▼
2007
(327)
-
▼
јуни
(40)
- Бане го виде Тито
- Тиранија на мнозинството над малцинството
- Кој пие нафта?
- Македонски секс
- Итар Пејо, Насрадин Оџа и Батко Ѓорѓија
- Лузерска стратегија – лузерска политика
- Македонската ксенофобија го повампирува „бугаризмот“
- Трагикомедија: Латас против Љубчо
- Дискриминација, ароганција, игноранција
- Еутаназија
- Урбанизацијата е виновна за криминалот со дрогата?
- ВОЈНАТА ВО ИРАК – ПРЕКУ ОЧИТЕ НА ФОТОГРАФИТЕ
- Малечки маченца
- „Пречистен“ текст од Кривичен законик
- Дедал: „2.300 чекори рикверц?“
- Кочо Рацин: мистеријата на смртта
- Транзициска бајка
- Мало фајде од „Големо уво“
- Правдата е бавна или недостижна?
- Имаме ли правична застапеност?
- Македонската полиција: чиј „сервис“?
- „Бадентерови“ државни симболи?
- Садистичка администрација – мазохистички граѓани
- Културна револуција
- Сe што сте сакале да знаете за сексот...
- Македонски секс
- Црнила - од Коле Чашуле
- Нарачано новинарство и изгубена доверба
- „секси“ колумна во „Форум“
- Зарем и Б.Ц. (бившиот црвен) за FYROM?
- МПЦ – слуга на државата?
- Говор на омраза – „Парадокс, ама вистина!“
- Културен шок за Латас!
- Историска амнезија или вешта манипулација?
- Кутрата полиција
- „мала Македонија“
- „Шврки“ слоган?
- Швркнат предлог за „queer“
- Удрете по тутунската мафија!
- Клупите во Вардар
-
▼
јуни
(40)
Footer Widget 1
Footer Widget 3
Blogger Tricks
Blogger Themes
Catwidget4
Comments
topads
Footer Widget 2
Популарни објави
-
Еве, по осми пат имам прилика да учествувам на повеќепартиски парламентарни избори. На сите претходни избори имав дилеми дали да гласам и ...
-
Експертскиот извештај нарачан од ЕК отвора повеќе прашања од јавен интерес во врска со постојната криза во Република Македонија: Кои се п...
-
Демократијата изгуби на конкурс , вклучително и на конкурсот на Министерството за култура. Еве што изјавува еден од одлучувачите: „ Дали...
-
Со статијата ФИРОМ за НАТО , и „Вест“ се вклучува во про-грчката кампања во Македонија за популаризирање на грчката измислица „FYROM“ , нам...
-
Што е финтава? Демек, ако сакаме у НАТО, мора да си го смениме името: „Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ Нимиц посочува дека желб...
-
(Изјава на Васил Зафирчев во „Теа модерна“) Дека филмот е моќен медиум, покажа и Васил Зафирчев чиј филм за Рацин секојдневно предизвикува к...
-
Три години пред да дипломира се вработил како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие. Во 2009 дипломирал и веднаш с...
-
Однапред се извинувам што повторно им одземам време на моите читатели со цитати од колумнистот Венко Андоновски, ама овојпат станува збор за...
-
Да се пофалам, си извадив чичка нов пасош. Вадењето нов документ за идентификација не би требало да остава никакви последици по личниот иден...
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
Популарни објави
-
Еве, по осми пат имам прилика да учествувам на повеќепартиски парламентарни избори. На сите претходни избори имав дилеми дали да гласам и ...
-
Експертскиот извештај нарачан од ЕК отвора повеќе прашања од јавен интерес во врска со постојната криза во Република Македонија: Кои се п...
-
Демократијата изгуби на конкурс , вклучително и на конкурсот на Министерството за култура. Еве што изјавува еден од одлучувачите: „ Дали...
-
Со статијата ФИРОМ за НАТО , и „Вест“ се вклучува во про-грчката кампања во Македонија за популаризирање на грчката измислица „FYROM“ , нам...
-
Што е финтава? Демек, ако сакаме у НАТО, мора да си го смениме името: „Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ Нимиц посочува дека желб...
-
(Изјава на Васил Зафирчев во „Теа модерна“) Дека филмот е моќен медиум, покажа и Васил Зафирчев чиј филм за Рацин секојдневно предизвикува к...
-
Три години пред да дипломира се вработил како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие. Во 2009 дипломирал и веднаш с...
-
Однапред се извинувам што повторно им одземам време на моите читатели со цитати од колумнистот Венко Андоновски, ама овојпат станува збор за...
-
Да се пофалам, си извадив чичка нов пасош. Вадењето нов документ за идентификација не би требало да остава никакви последици по личниот иден...
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
Popular Posts this month
-
Еве, по осми пат имам прилика да учествувам на повеќепартиски парламентарни избори. На сите претходни избори имав дилеми дали да гласам и ...
-
Експертскиот извештај нарачан од ЕК отвора повеќе прашања од јавен интерес во врска со постојната криза во Република Македонија: Кои се п...
-
Демократијата изгуби на конкурс , вклучително и на конкурсот на Министерството за култура. Еве што изјавува еден од одлучувачите: „ Дали...
-
Со статијата ФИРОМ за НАТО , и „Вест“ се вклучува во про-грчката кампања во Македонија за популаризирање на грчката измислица „FYROM“ , нам...
-
Што е финтава? Демек, ако сакаме у НАТО, мора да си го смениме името: „Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ Нимиц посочува дека желб...
-
(Изјава на Васил Зафирчев во „Теа модерна“) Дека филмот е моќен медиум, покажа и Васил Зафирчев чиј филм за Рацин секојдневно предизвикува к...
-
Три години пред да дипломира се вработил како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие. Во 2009 дипломирал и веднаш с...
-
Однапред се извинувам што повторно им одземам време на моите читатели со цитати од колумнистот Венко Андоновски, ама овојпат станува збор за...
-
Да се пофалам, си извадив чичка нов пасош. Вадењето нов документ за идентификација не би требало да остава никакви последици по личниот иден...
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
Popular Posts this week
-
Еве, по осми пат имам прилика да учествувам на повеќепартиски парламентарни избори. На сите претходни избори имав дилеми дали да гласам и ...
-
Експертскиот извештај нарачан од ЕК отвора повеќе прашања од јавен интерес во врска со постојната криза во Република Македонија: Кои се п...
-
Демократијата изгуби на конкурс , вклучително и на конкурсот на Министерството за култура. Еве што изјавува еден од одлучувачите: „ Дали...
-
Со статијата ФИРОМ за НАТО , и „Вест“ се вклучува во про-грчката кампања во Македонија за популаризирање на грчката измислица „FYROM“ , нам...
-
Што е финтава? Демек, ако сакаме у НАТО, мора да си го смениме името: „Во интервју за грчкиот весник „Катимерини“ Нимиц посочува дека желб...
-
(Изјава на Васил Зафирчев во „Теа модерна“) Дека филмот е моќен медиум, покажа и Васил Зафирчев чиј филм за Рацин секојдневно предизвикува к...
-
Три години пред да дипломира се вработил како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие. Во 2009 дипломирал и веднаш с...
-
Однапред се извинувам што повторно им одземам време на моите читатели со цитати од колумнистот Венко Андоновски, ама овојпат станува збор за...
-
Да се пофалам, си извадив чичка нов пасош. Вадењето нов документ за идентификација не би требало да остава никакви последици по личниот иден...
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...