Едно сениште кружи над Македонија - сеништето на хомосексуалноста. Сите сили на конзервативната Македонија стапија во свет сојуз за да го егзорцираат ова сениште: Македонската православна црква, Исламската верска заедница, етно-националистичките политички партии, дури и поранешниот Претседател на Република Македонија.
За жал, наместо во борба против хомофобијата и културното обезвреднување на сексуалната различност, и некои наши „интелектуалци“ тргнаа во отворен поход против „геј заканата“.
Дали Владиката Методиј Златанов, во својот текст „Не прифаќам различности, туку личности“ ги прифаќа како личности само хетеросексуалците?
Еве што изјавува нашиот ценет професор Ферид Мухиќ во една своја колумна објавена во „Црногорски Монитор“, во која хомосексуалните врски ги прогласува за ненормални, споредувајќи ги со инцестуозните врски:
„Правете што ќе посакате, но не оспорувајте ја автентичноста на чувствата на сите оние мажи и жени на кои им е гнасна и самата помисла за сексуален однос со личности од ист пол!“
Неговиот асистент Ристо Солунчев, во текстот „Кој е овде, впрочем, хомосексуалец?“ ја опишуваше хомосексуалноста како „психолошко нарушување и тип на психичка болест“, како „последица на еректилна дисфункција“, како „знак на декаденцијата на една цивилизација“, а за лезбејството го кажа следново:
„Денес лезбејството, како женски хомосексуализам, е интересен феномен, затоа што е нужно поврзан со феминизмот (поинтелигентните и поженствените феминистки се евентуално бисексуалки), којшто се јавува затоа што машкоста - како принцип - е дебалансирана и не може да најде начин како префинето да го допре другиот пол, туку го фрустрира со својата духовна импотенција.“
Дали Филозофскиот факултет има разработено посебни методи за препознавање на „декадентните“ и „первертирани“ феминистки, и за разграничување на бисексуалките и лезбејките? Како ли се нарекува таму феминистичката философија: „декадентна“ и „первертирана“ философија на неинтелигентни и неженствени лезбејки (или, евентуално, на „поинтелигентни и поженствени“ бисексуалки)?!?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
7 коментари:
е жаре, жаре,
денес, обидувајќи се у полемика со една екипа од младите талентовани политиколози да спорам за хомосексуалноста, се дојде до следните заклучоци:
1. ја сум педер
2. педерите се неприродни
3. перелакот најдобро се лечел во манастир, следствено, ја кај отецот :)
мислам, тотални шупаци. „болест, неприродност, декаденција“, со сиот атеизам собран у мене, се крстам, наопачки и тоа..
уште не сфаќам, што им пречи?
„Тешкото“ на нас, пеер! Дефинитивно сме за во манастир, ама на МКЦ! Ќе се лечиме според методите на отецот Вилхејм Рајх опишани во „Функција на оргазмот“, а главен терапевт ќе ни биде прекрасната комунистка Милена Дравиќ од WR на Душан Макавеев!
Што им пречи? Некои си ја имаат мувата на капата, некои уште мислат дека од мастурбирање се суши мозок, а некои уживаат да откриваат насекаде „ненормални“, да ги понижуваат и да ги прогласуваат за помалку луѓе, или не-луѓе.
а опишуваше хомосексуалноста како „психолошко нарушување и тип на психичка болест“, како „последица на еректилна дисфункција“, како „знак на декаденцијата на една цивилизација“, а за лезбејството го кажа следново...
itn
*vomit*
može li da poveruva poinaku
?
ne može da se ubedi sebe na drugo. no..da iskoristam eden termin"impuls"
do impulsot e
tuku
homofobijata vo makedonija... ima nešto vo vrska so nejze... treba da se vovede standard vo vrska so takvi izjavi... odredeni sankcii, kao koga im se diga sreden prs:D na stoki u soobrakjaj..bar toa... ti teknuva? kako "nigger" momentot. ili, za srekja, u zadnje vreme ovde "šiptar".
pred edna nedela si densav so kočo:D
:D:D:D:D:D:D:D:D:D
Јас за разлика од Шепард на негови години го држев ставот кој ти Жарко го опишуваш. Имав среќа да заминам од нашето општество на воспоставени норми и за многу кратко време соочувајќи се so едно многу по отворено општество го сменив мислењето. Тогаш донесов заклучок дека е само работа на искуство, осознавање, информирање и спремност за интелектуална и човекова отвореност. Сеуште го држам тој став - но она што ми става сопка се луѓето како Мухиќ. Се обидувам но никако неможам да сватам како може еден интелектуалец, каде каде информиран и отворен во многу други погледи да држи еден таков став. И секогаш кога ќе се судрам со него и нему сличните се прашувам дали можеби јас грешам. Но неможам да ја прифатам таа дилема гледајќи ги луѓето околу мене со такви сексуални преференци (она определби ми корне очи) чии морални/етички и човечки вредности се на многу повисоко ниво од на оние кои си даваат за право да судат. МОжда треба да идам во манастир па да разберам, што знаете. А може и до капитализмот е.
аааааааа Жаре, си кречел овде глеам. Нови теписони, завеси плафон... убо богами
„Сите сили на конзервативната Македонија стапија во свет сојуз за да го егзорцираат ова сениште: Македонската православна црква, Исламската верска заедница, етно-националистичките политички партии, дури и поранешниот Претседател на Република Македонија“, што и не е толку страшно. Нели конзервативци се, тоа им е работа:)
Проблемот е што и fucking левичарите го мислат истото (барем се декларираат за левица), дека им се гади од хомосексуалци, дека тоа е болест што треба да се лечи и слично. А тоа што им даваат поддршка е само за да добијат гласови на избори, а менталниот склоп може им е бетер од fucking конзервативците!
Е, да, со терминологијата е вистински хаос. Во законот за работни односи, на пример, забранета е и дискриминација врз основа на „половата насоченост“ - израз кој го претпочита Центарот за граѓански и човекови права (Массо претпочитаат “сексуална ориентација“).
Мене ми пречи употребата на „полов“ за се и сешто. На пример, се употребува полов идентитет во смисла на идентитет за биолошкиот пол (машко, женско); се употребува полов идентитет и во смисла на идентитет за социјалниот род (маж, жена); се употребува полов идентитет и во смисла на сексуален идентитет (хетеросексуалец, хомосексуалец, бисексуалец...).
Никаде го нема зборот „сексуален“ во нашите закони - секаде стои „полов“.
Какви се тие „полово преносливи инфекции“ - што се пренесуваат од машко на женско, од маж на жена, или преку секс?
Отсуството на зборот „сексуалност“ во нашиот правен дискурс и обидот таа да се редуцира на „половост“ е симптом дека сексуалноста е сеуште табу - а конзервативците милуваат табуа.
Дискриминацијата е најчесто тивка, и невидлива, поддржана од извесни социјални табуа и негативни стереотипи.
Затоа, вистинска реткост е да се испровоцираат „интелектуалците“, за да видиме каква „одвратност“ негуваат во душата и умот.
Објави коментар