Земјите членки на Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП) имаат обврска да не вршат тортура, но и должност да спречат тортура. Значи, согласно ЕКЧП, Република Македонија има обврска да обезбеди ефикасна, успешна и непристрасна истрага во однос на било која суштинска информација што дава сомнеж дека била извршена тортура или нечовечки или деградирачки третман на нејзината територија.
Еве што е наведено во тужбата на Калед Ел-Масри до Џорџ Тенет, за тоа што му се случувало на македонска територија пред да биде качен во авионот:
„..he was beaten severely from all sides with fists and what felt like a thick stick. His clothes were sliced from his body with scissors or a knife, leaving him in his underwear. He was told to remove his underwear and he refused. He was beaten again, and his underwear was forcibly removed. He heard the sound of pictures being taken. He was thrown to the floor. His hands were pulled back and a boot was placed on his back. He then felt a firm object being forced into his anus.“
Покрената ли е истрага во Република Македонија по тврдењето за тортура, нечовечки или деградирачки третман од страна на Ел-Масри кое наводно се случило на наша територија? Според „Утрински“, нема истрага: -„"Истрага нема да има, бидејќи случајот е чист", вели шефот на кабинетот на министерот Михајловски, Горан Павловски.“
Ако сеуште не е покрената истрага, тогаш е очебијно дека нашата држава го има прекршено чл. 3 од ЕКЧП затоа што го игнорира тврдењето за тортура на Ел-Масри. Пеналите за отсуство на ефикасна, успешна и непристрасна истрага за случајот „Ел-Масри“ ќе ги плаќаме сите ние.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
3 коментари:
Борјан на Еврозум денес имаше интервју со претседателот на анкетната комисија на ЕУ која го испитува случајот Ел Масри (и други случаи ширум Европа, поврзани со повреди на човекови права во рамки на борбата против тероризмот).
Јас нема да шпекулирам дали сме или не сме работеле со ЦИА на спроведувањето на Ел Масри. Ќе кажам само ова: Борјан имаше интересна поента кога постави прашање до гостинот дали незавршената, некомплетната истрага, истрага која нема да ги даде одговорите дали е во право Ел Масри или македонската влада, значи дали таа недореченост ќе остави темна дамка врз угледот на Македонија?
Заради опасноста да не сме криви, а сепак тоа да остане недокажано, треба на сите да ни е во интерес истрагата на анкетната комисија на ЕУ да заврши до крај и да се расветли случајот. Па дури и да сме криви, никој не смее да остане надвор од законот.
Убаво велиш, го гледав Борјан на емисијата, ама она што се замати е дека Македонија има многу јасна обврска да соработува со COE, обврска која произлегува токму од ЕКЧП, а досега државата се правеше „на тошо“ кога ги испраќаа прашањата дали имало или немало случаи ко „Ел Масри“.
Ако полицијата може да лиши од слобода кого ќе посака, да го држи преку 20 дена без да го изнесе пред судија (кој единствен може да одлучи за лишување од слобода), и после цела држава да се праи „никому ништо“, од тоа поголем доказ дека сме полициска држава во која не се почитуваат човековите права нема.
Ако „Ел Масри“ бил „терорист“ или прекршител на законот, каде се обвинувањата? Во отсуство на конкретни обвинувања, мора да има истрага кој ја заебал работата заради произволното апсење, и виновниците да си се најдат онаму каде што им е местото - зад решетки заради противправно лишување од слобода и повреда на забраната за тортура (или нечовечко или понижувачко однесување) - за тоа треба да си одлучи судот.
Без истрага, испаѓа не само дека Уставот и законот не важат за сите, туку и дека ЕКЧП не важи на овие простори - следствено, чао ЕУ, се гледаме следниот век.
You have an outstanding good and well structured site. I enjoyed browsing through it hp projector bulbs Costanza answering machine song meridia Joe's ford gt Pharmacia bextra
Објави коментар