Еве што прочитав во написот „Маниjак напаѓа жени во лифтови“:
„Кога сосетката ја отворила вратата за да влезе во зградата, и манијакот ја искористил шансата, па влегол со неа. Дишел тешко, не ја кревал главата и изгледал сомнително, но сосетката не можела да претпостави што ја чека“, велат станарите. Кога видел дека жената оди на петтиот кат, манијакот го притиснал копчето за едно од погорните катови. На третиот се обидел да ги испразни своите фрустрации, но се изненадил кога жената почнала да вреска. Соседите веднаш притрчале напомош, по што манијакот ја отворил вратата од лифтот и избегал по скалите. Додека бегал, луѓето го удирале по главата и телото. Едвај спасил жива глава.“
Жити се, а на кој начин тоа „се обидел да ги испразни своите фрустрации“? Или, тоа не е за во весници пошто е „жива срамота“?
Без овие важни детали, почна да се буди скептикот во мене и да си поставува вакви прашања: Што ако жената претходно го читала блогот на Би, па добила напад на ирационална параноја? Што ако дечкото дишел тешко затоа што претходно изгубил баскет од Вуна, па брзал да го фати лифтот? Како тоа изгледал сомнително - имал брадичка ко Анти, пирсинг на увото, или носел маичка со Мерилин Менсон? А што ако бил несреќна жртва на синдромот „Удри јако по манијакот!“?
Пардон, пардон - дури откако го прочитав текстот сосем случајно видов дека под фотографијата (дел од ходник пред два лифта - каква илустрација за закана!) е испечатено следново: „Напад: Манијакот најпрво ги соблекол панталоните, а откако жената почнала да вреска, ја фатил за гушата, обидувајќи се да ја задави“.
И пак не ми е јасно за што всушност станува збор - за обид за силување, за задоволување полови страсти пред друг, или пак за обид за убиство?
Или тоа за новинарот воопшто не било битно, најбитно е дека насилникот бил „манијак“ и дека „Едвај спасил жива глава“.
Сакате наравоучение?
Додека новинарите фабрикуваат вести за „манијаци“, на луѓето им е преку глава од „ефикасната“ полиција и „независното“ судство и почнуваат да ја земаат правдата во сопствените раце.
Wild Justice?
6/03/2006во 20:34
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Мојот список со блогови
-
-
Hello world! - Welcome to WordPress. This is your first post. Edit or delete it, then start writing!Пред 6 месеци
-
Чипирање - чипиани идиоти ... - Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош, к...Пред 4 години
-
Поддршката за СЈО не значи приврзаност кон идоли, туку кон идеали - Држава е збир од институции, а секоја институција е многу повеќе од збирот на поединците што работат во нив. Можеби авторитарните личности на кои им е стра...Пред 5 години
-
РЕШЕРИЕТО И ЖРЛБРТР- Во прилог е решението Ñ Ð¾ кое Ñ Ðµ Ð¿Ñ€Ð¾Ð³Ð»Ð°Ñ ÑƒÐ²Ð°Ð¼ за виновна за Ñ Ñ‚Ð¾Ñ€ÐµÐ½ прекршок и мојата жа...Пред 6 години
-
-
Изјава за BBC - Додека странските дипломати навистина можат да извршат влијание врз домашните политичари, не смее да се заборават неколку работи: прво, дека тие се водат п...Пред 14 години
-
Музика со леден швепс и со лимон - Некои бендови се осудени да прават одлична поп-музика, но никогаш да не станат суперѕвезди. Сепак, тоа не значи дека не свират супермузика, дека немаат су...Пред 16 години
-
-
-
-
-
-
>> <<
Text
Archive
Етикети
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Recent Post
Category
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Архива на блогот
-
▼
2006
(466)
-
▼
јуни
(72)
- Предизборен хумор
- „Колективна распаљотка“?
- Соочи се со различноста (5)
- Како да гласате против сите
- Без коментар
- Автогол: „плукни залепи“
- Робови на лоши навики
- Homo Ludens (2)
- Дајте истрага!
- Полицијата и „репресијата“
- Сакам кажам - не знам речам?
- Криза на лидерството
- Homo Ludens (1)
- Соочи се со различноста (4)
- Германски автогол
- Хрватска напред, Македонија назад?
- Зошто Хрватска е пред нас?
- Стамен е стамен!
- Полициски автогол
- Блогосферата - непријател на мислата?
- Лет во место?
- Умно и „стварно“
- Некои чудни „човекови права“
- Министерски автогол
- Чепатна грешка
- Animal Liberation
- Килава Е-Влада
- Министер за напад?
- Корупциски скандал
- Феминистките и порнографијата
- Кој кого понижува?
- Ги боли ДИК за жените
- Откријте ги насилниците!
- Фудбалот и сексуалната експлоатација
- „Миротворци“
- Секој со секого?
- „Доста е“ од негативци!
- Полициска држава?
- Насловите сами зборуваат
- Светска брука!
- „Да се биде, или да не се биде човек“?
- Соочи се со различноста! (3)
- Anatema
- STOP за Гвантанамо!
- Анти-корупциски илузии
- Што и сторија на историјата?
- Колку сме - државјани? Колку сме - луѓе?
- За непоправливите оптимисти
- Кој тука пие нафта?
- Вестерн или мафијашки филм?
- Соочи се со различноста (2)
- „Не за педераси“?
- Ситни лаги за „крупни резултати“
- Хистерично слепило?
- Соочи се со различноста! (1)
- Губење политички кредибилитет
- Предизборни ЕУ-логии
- Кој ќе ја плати „сметката“?
- Резил на „Државникот“!
- МВР те тужи, МВР те суди?
- Nomen est omen?
- Дневен билтен
- МВР дезинформира
- Изјава на неделата
- Оаза на мирот и љубовта?
- Машките бастиони паѓаат!
- 50 најлажни ветувања?
- Wild Justice?
- Bodyfucking или mindfucking?
- Тоталитарен менталитет
- Одбрана со молчење?
- Трилема на денот
-
▼
јуни
(72)
Footer Widget 1
Footer Widget 3
Blogger Tricks
Blogger Themes
Catwidget4
Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.
Comments
topads
Footer Widget 2
Популарни објави
-
Еве, по осми пат имам прилика да учествувам на повеќепартиски парламентарни избори. На сите претходни избори имав дилеми дали да гласам и ...
-
Три години пред да дипломира се вработил како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие. Во 2009 дипломирал и веднаш с...
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
-
Експертскиот извештај нарачан од ЕК отвора повеќе прашања од јавен интерес во врска со постојната криза во Република Македонија: Кои се п...
-
Да се пофалам, си извадив чичка нов пасош. Вадењето нов документ за идентификација не би требало да остава никакви последици по личниот иден...
-
Барање за помилување на лицето Јован Вранишковски Почитуван Претседателу, Имајќи го предвид чл. 11 од Законот за помилување, според кој Прет...
-
Само што прочитав во текстот во „Време“ („Милениумска срамота“) дека крстот на Водно е висок 66 метри?!? Ти-ну, ни-ну, ти-ну, ни-ну...
-
И малите деца знаат дека акцијата на МВР против т.н. „криминално екстремистичка група“ е класичен спин кој треба да го сврти вниманието на ј...
-
Прочитајте што вели Милчо Манчевски: „Кога бев мал сакав да станам филмски режисер. Арно ама, немав врски за да ме примат на филмската ака...
-
Точно за еден месец ќе одбележиме 60 години од Универзалната декларација за човекови права, усвоена на 10 декември 1948. Во првиот член од п...

Popular Posts this month

Popular Posts this week

6 коментари:
не те сфатив баш што сакаш да поентираш со последниот заклучок за земањето на правдата во свои раце, но не е ни битно. она што е битно е дека текстов (во кој има недоквакани термини, да) е доволно да послужи само како информација за жител(К)ите на околниот комшилук, и веќе е оправдано што е објавен.
впрочем, ако барем еднаш (или твој близок/блиска)си имал вакво или слично лошо искуство, се сомневам дека ќе се запрашуваше за мотивите и интенцијата на дотичниот околу тоа кое кривично дело сакал да го изврши, и се сомневам дека ќе се подбиваше со можната параноја на жената на начинот на кој тоа го правиш.Уствари, најверојатно и сам ќе си го забркал по скали.
Dirty shame, што да ти кажам...
Можеби стварно не бев најјасен.
Тука најверојатно имало некаков облик на насилство врз жените.
Меѓутоа, една работа е егзибиционизам (како што сугерира новинарот за другите случаи со „манијакот“) а сосема друга работа е фаќање за гуша и обид за давење - тоа е обид за убиство, и второстепено е дали нападот бил со сексуални намери.
Намерата на постот беше да предочам како новинарите манипулираат со случаи каде што има сомневања за сексуално насилство.
Нејасно е, на пример, зошто нема информации дали е поднесена некаква кривична пријава, и за какво дело?
Без таква информација, написот е обид да се манипулира со стереотипот за „манијакот“ и со реалните стравови за безбедноста на жените.
да, не беше најјасен,а фасцинантно, вообичаено си кристално јасен.
и пак не си јасен. да, недостига информација за кривична пријава, но што ќе смени тоа? на пример, ако пријавата е поднесена за обид за убиство, ќе сметаме дека не се работи за манијак?
патем,и силувањето се врши со употреба на сила или закана за напад врз животот и телото на друг-и ќе си дозволам и јас сарказам- да не требало жената уствари за потпочека да види дали давењето за гуша е sui generis или во сврха за "виша кауза"- да знае точно за што да тужи кога ќе излезат сите од лифтот?
те обожавам заради размислувањето outside the box. Не ме разочарувај со анализиве од "стаклено звоно".
Кога сосетката ја отворила вратата за да влезе во зградата, и манијакот ја искористил шансата, па влегол со неа. Дишел тешко, не ја кревал главата и изгледал сомнително...
----------
мене ми се деси ова:
идам едно сабајле накај афтобуска, и глеам две деца, основци, и им пријдов да видам да не случајно имаат сликици за менување.
пошто носев црна маица, маскирни панталони, ланец, бев видно разбушавен и репот ми се мафташе од страни.. и кога сето тоа ќе се додаде на моите 195 цм и 110 кг, се добива малку неконвенционална слика..
и децава, само што ги прашав да не имаат дупликати сликички за мењање, панично рекоа не, и фатија џомката. тука баба една се разгроперета „срамота, ги краде децата“ и сл.
е сеа - ја имав желба само да се сменам со дупликати. што ќе беше да почнеа да ме маваат со камења, да викнеа родители, и ја да киднев..
„педофил се обидувал да намами мали деца на сексуален однос сред бел ден, залажувајќи ги со сликици“
ја бар така го доживеав постот на жаре..
а да, и ако ме мавнеа со камења, и јас им вратев, одозгора ќе пишуеше „ги нападнал децата“
Да разјасниме уште малку.
„(archaic) A maniac is a person who exhibits the behaviour known as mania,
(slang) A person who acts in a wild or harmful manner.
Maniac can also refer to the disorganized offender classification of serial killer."
- Wikipedia.
Во постот се обидов да ја проблематизирам употребата на изразот „манијак“, контроверзен поим од нашата „народна психологија“.
Значи, ако исклучиме дека осомничениот напаѓач е опишан како сериски убиец, и како човек што пројавува манија (во медицинска смисла), останува да ја разгледаме „сленговската“ употреба.
Тука започнуваат проблемите.
Од правна гледна точка, ептен е битно да се прават разлики дали станува збор за егзибиционизам (новинарот зборува и за такви „манијаци“ во текстот), дали станува збор за обид за силување, или дали станува збор за обид за убиство.
Сметам дека во ниеден случај новинарот не би требало да го употреби изразот „манијак“ (иако со тој термин покрај егзибиционистите и сексуалните напаѓачи народот ги стигматизира и воајерите, фротиристите, телефонските вознемирувачи итн.)
Новинарот требало да собере информации за каков вид престап станува збор, дали жртвата има намера да поднесе кривична пријава (и за што), и какви чекори презела полицијата.
Ништо од тоа нема.
Нема ни информација за страдањето на жртвата, ни за проблемите со насилството врз жените.
Од живописниот опис „Додека бегал, луѓето го удирале по главата и телото. Едвај спасил жива глава.“ се добива впечаток дека „манијакот“ е жртвата на „дивата правда“, а не осомничен за убиство (силување, или егзибиционизам).
Не знам што навистина се случило, бев само испровоциран од начинот на претставувањето кој воопшто не е коректен.
Објави коментар