Еве што признава за корупцијата во својата најнова колумна поранешниот министер на МВР и МНР (познатиот љубител на уметнички слики и расни коњи):
„Секоја и малку посилна партија ја зголемуваше, а не се бореше против.“
Погледнете како си го замислува намалувањето на корупцијата поранешниот министер на силната партија која досега ја зголемуваше корупцијата, а не се бореше против:
„Корупцијата ќе се намалува со отворање на општеството и процедурите во него кон меѓународен мек мониторинг.“
Против корупцијата мора да се избориме самите. „Меѓународниот мониторинг“ нема да се бори против корупцијата туку ќе набљудува колку сме самите способни да се бориме против неа.
Бугарија нема да биде примена во ЕУ ако не докаже дека има капацитет да се бори против корупцијата. При потпишувањето на договорот со ЕУ, на Албанија и беше јасно порачано дека прво што од неа се очекува се резултати во борбата против корупцијата.
Каде се нашите резултати од борбата против корупцијата?
Каде се откинатите глави од „октоподот“?
Без нив нема отпочнување преговори со ЕУ.
Мал мултимедијален водич за референците од стрипот „Стармен: Годините на
Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
-
Насловната страница на стрипот
„Стармен: Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
На 8 јануари, по повод роденденот на Дејвид Боуви (1946-2016) напиш...
Пред 1 година
4 коментари:
Само што прочитав дека нашиот јавен обвинител земал еден месец одмор, пред изборите, кога коруптивните зделки се одвиваат со светлосна брзина!!!
„Прчевски им рекол на вработените во обвинителството дека му е преку глава од се и сака да се одмори“ - известува „Време“.
Македонија во борбата против корупцијата оди назад, а не напред:
„Пред почетокот на парламентарните избори Прчевски требаше да се сретне и со членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата, а нерешени останаа и голем број иницијативи што антикорупционерите ги поднесоа до јавното обвинителство.“
Тоа што сосем погрешно го перципирал мониторингот и што не знае од каде да почне за да се справи со корупцијата, само покажува колку неспособни луѓе имаат одговорни функции, со кои буквално не знаат што да прават.
Ако некогаш развиеме силна и отворена економија, тоа ќе помогне и да се намалат трулите јаболка во државните гајби. Ајде да видиме сега по избори колку од сегашната власт ќе заврши во затвор и за што.
Линкот до колумната на Фрчкоски не работи, води кон некој друг напис...
Enjoyed a lot! »
Објави коментар