Во еден претходен пост укажав дека потребата од постојаната "закрила" на „меѓународната заедница“ е можеби најубедливиот показател за кризата на лидерството во Република Македонија.
Откако нашите етно-партиски лидери почнаа предизборно да си ги „мерат“ со калашњикови и безбол палки, а „репресивната“ полиција спиеше или глумеше „мониторинг“, „меѓународната заедница“ повторно излезе со заеднички став за да ја пополни огромната дупка од политички авторитет.
И ЕУ, и САД, и Советот на Евопа, и ОБСЕ, и НАТО, и сите нивните амбасадори, денеска објавија предупредувачки пораки. Советот на Европа се закани со можни санкции кон нашата парламентарна делегација, а НАТО ни порача дека се оддалечуваме од членството.
Во еден друг пост, укажав дека „Ако полицијата и обвинителството итно не ги пронајдат осомничените и не ги изнесат пред надлежен суд, тогаш странските набљудувачи ќе изведат заклучок дека Македонија нема капацитет да се справи со предизборно насилство.“ И ЕУ испраќа слична порака: „Законот мора целосно да се спроведе и да се казнат сторителите на насилство или закани“, изјави Ерван Фуере амбасадор на ЕУ (A1). Најтрагично е тоа што додека државата ни гори, јавниот обвинител игра на свадба на друг континент.
Не помалку загрижувачки се и конспиративистичките интерпретации на некои наши колумнисти/ескаписти кои во секоја неспособност на лидерите гледаат „косовска“, „грчка“, или „српска агенда“. Убедливо најсмешни се „спинерските“ коментари на теоретичарот на конспирации Фрчковски дека „ДПА со серијава провоцирани предизборни инциденти прави голем ГРЕВ кон сопствениот народ и неговиот имиџ во регионов.“
Што сака да каже поранешниот министер за секакви работи (внатрешни и надворешни)? Дека предизборни инциденти не го нарушуваат имиџот на Република Македонија, туку само имиџот на етничките Албанци? Дека имиџот на етничките Албанци - граѓани на Република Македонија - нема ништо заедничко со имиџот на нашата држава?
Ваквата етно-националистичка тесноградост на нашиот уставотворец е уште еден симптом за кризата на лидерството и за тенденциозното редуцирање на „демосот“ во „етнос“.
Криза на лидерството
6/27/2006во 19:36
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)
Мојот список со блогови
-
-
Hello world! - Welcome to WordPress. This is your first post. Edit or delete it, then start writing!Пред 6 месеци
-
Чипирање - чипиани идиоти ... - Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош, к...Пред 4 години
-
Поддршката за СЈО не значи приврзаност кон идоли, туку кон идеали - Држава е збир од институции, а секоја институција е многу повеќе од збирот на поединците што работат во нив. Можеби авторитарните личности на кои им е стра...Пред 5 години
-
РЕШЕРИЕТО И ЖРЛБРТР- Во прилог е решението Ñ Ð¾ кое Ñ Ðµ Ð¿Ñ€Ð¾Ð³Ð»Ð°Ñ ÑƒÐ²Ð°Ð¼ за виновна за Ñ Ñ‚Ð¾Ñ€ÐµÐ½ прекршок и мојата жа...Пред 6 години
-
-
Изјава за BBC - Додека странските дипломати навистина можат да извршат влијание врз домашните политичари, не смее да се заборават неколку работи: прво, дека тие се водат п...Пред 14 години
-
Музика со леден швепс и со лимон - Некои бендови се осудени да прават одлична поп-музика, но никогаш да не станат суперѕвезди. Сепак, тоа не значи дека не свират супермузика, дека немаат су...Пред 16 години
-
-
-
-
-
-
>> <<
Text
Archive
Етикети
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Recent Post
Category
- веронаука (1)
- демократија (1)
- Европска конвенција за човекови права (1)
- Закон за лустрација (1)
- лустрација (1)
- Македонија (1)
- човекови права (3)
Архива на блогот
-
▼
2006
(466)
-
▼
јуни
(72)
- Предизборен хумор
- „Колективна распаљотка“?
- Соочи се со различноста (5)
- Како да гласате против сите
- Без коментар
- Автогол: „плукни залепи“
- Робови на лоши навики
- Homo Ludens (2)
- Дајте истрага!
- Полицијата и „репресијата“
- Сакам кажам - не знам речам?
- Криза на лидерството
- Homo Ludens (1)
- Соочи се со различноста (4)
- Германски автогол
- Хрватска напред, Македонија назад?
- Зошто Хрватска е пред нас?
- Стамен е стамен!
- Полициски автогол
- Блогосферата - непријател на мислата?
- Лет во место?
- Умно и „стварно“
- Некои чудни „човекови права“
- Министерски автогол
- Чепатна грешка
- Animal Liberation
- Килава Е-Влада
- Министер за напад?
- Корупциски скандал
- Феминистките и порнографијата
- Кој кого понижува?
- Ги боли ДИК за жените
- Откријте ги насилниците!
- Фудбалот и сексуалната експлоатација
- „Миротворци“
- Секој со секого?
- „Доста е“ од негативци!
- Полициска држава?
- Насловите сами зборуваат
- Светска брука!
- „Да се биде, или да не се биде човек“?
- Соочи се со различноста! (3)
- Anatema
- STOP за Гвантанамо!
- Анти-корупциски илузии
- Што и сторија на историјата?
- Колку сме - државјани? Колку сме - луѓе?
- За непоправливите оптимисти
- Кој тука пие нафта?
- Вестерн или мафијашки филм?
- Соочи се со различноста (2)
- „Не за педераси“?
- Ситни лаги за „крупни резултати“
- Хистерично слепило?
- Соочи се со различноста! (1)
- Губење политички кредибилитет
- Предизборни ЕУ-логии
- Кој ќе ја плати „сметката“?
- Резил на „Државникот“!
- МВР те тужи, МВР те суди?
- Nomen est omen?
- Дневен билтен
- МВР дезинформира
- Изјава на неделата
- Оаза на мирот и љубовта?
- Машките бастиони паѓаат!
- 50 најлажни ветувања?
- Wild Justice?
- Bodyfucking или mindfucking?
- Тоталитарен менталитет
- Одбрана со молчење?
- Трилема на денот
-
▼
јуни
(72)
Footer Widget 1
Footer Widget 3
Blogger Tricks
Blogger Themes
Catwidget4
Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.
Comments
topads
Footer Widget 2
Популарни објави
-
Еве, по осми пат имам прилика да учествувам на повеќепартиски парламентарни избори. На сите претходни избори имав дилеми дали да гласам и ...
-
Три години пред да дипломира се вработил како референт за извршување и правни работи во Јавно претпријатие. Во 2009 дипломирал и веднаш с...
-
(До Коља and Co. Unlimited) Значи така, темите што ги мигрираше ASN за етнонационализмот, граѓанскиот национализам, идентитетот, Македонија...
-
Експертскиот извештај нарачан од ЕК отвора повеќе прашања од јавен интерес во врска со постојната криза во Република Македонија: Кои се п...
-
Да се пофалам, си извадив чичка нов пасош. Вадењето нов документ за идентификација не би требало да остава никакви последици по личниот иден...
-
Барање за помилување на лицето Јован Вранишковски Почитуван Претседателу, Имајќи го предвид чл. 11 од Законот за помилување, според кој Прет...
-
Само што прочитав во текстот во „Време“ („Милениумска срамота“) дека крстот на Водно е висок 66 метри?!? Ти-ну, ни-ну, ти-ну, ни-ну...
-
И малите деца знаат дека акцијата на МВР против т.н. „криминално екстремистичка група“ е класичен спин кој треба да го сврти вниманието на ј...
-
(Изјава на Васил Зафирчев во „Теа модерна“) Дека филмот е моќен медиум, покажа и Васил Зафирчев чиј филм за Рацин секојдневно предизвикува к...
-
Точно за еден месец ќе одбележиме 60 години од Универзалната декларација за човекови права, усвоена на 10 декември 1948. Во првиот член од п...

Popular Posts this month

Popular Posts this week

3 коментари:
,
Веќе со години странците не' молат да се вразумиме. Станавме заложници на некои полуписмени политичарчиња и нивните вооружени банди на кои им се игра „партизани и германци“.
Јас искрено им се чудам на илјадниците луѓе кои одат по митинзи, мафтаат со знамиња, па и децата ги носат со нив... За што? Во кои идеолошки матрици си се напикале, и колку реална идеологија воопшто има во платформите/партиите, наспроти строгата полтронска хиерархија во самото членство која вертикално, речиси без исклучоци, завршува со еден човек - политички бог.
Се прашувам и кога конечно ќе почнат партиите да се демократизираат одвнатре, што преку хетерогеноста на идеите ќе биде бафер за омекнување на лудите постапки од секаков вид.
"строгата полтронска хиерархија во самото членство која вертикално, речиси без исклучоци, завршува со еден човек - политички бог."
Кога нема политичка мобилизација врз основа на идеи и вистински програми, авторитарниот принцип надвладува.
Се се сведува на овој против оној/онаа.
Објави коментар