Неколку контроверзни изјави:
- „Го сакам фудбалот, но не толку колку што ја презирам сексуалната експлоатација!“ (Јенс Орбак, министер за родова еднаквост на Шведска)
- „Жените стануваат стока на пазарот, чија цена е помала дури и од цената на еден билет за фудбалски натпревар“ - (Агостино Марчето, ватиканки бискуп).
- „Купувањето на секс не е спорт: Кажи не на проституцијата на жените за време на Светскиот куп во фудбал во 2006“ (петиција на „Коалицијата против трговијата со жени“).
Можна ли е ефективна борба против трговијата со жени заради сексуална експлоатација во услови кога купувањето и продавањето фудбалери се смета за „нормална“ работа?
Мал мултимедијален водич за референците од стрипот „Стармен: Годините на
Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
-
Насловната страница на стрипот
„Стармен: Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
На 8 јануари, по повод роденденот на Дејвид Боуви (1946-2016) напиш...
Пред 1 година
12 коментари:
Немој само да ми кажеш дека изедначуваш фудбалерски трансфери со трговија со жени...
Во услови кога јавноста има впечаток дека фудбалерите се „продаваат“ и „купуваат“ (и тоа за високи суми пари), многу е тешко да се работи на превенција на трговија со луѓе.
Еве на што укажав во постот „Интерактивни спортови?“:
„Продажбата на спортски услуги кај нас е легална, а продажбата на сексуални услуги е илегална. Една од можните стратегии за „легализирање“ на сексуалните услуги и истите да се промовираат како спортски услуги.“
Се сомневам во успешноста на анти-трафикинг кампањата со слоганот „Купувањето на секс не е спорт“, кога јавноста го перципира купувањето луѓе како составен дел од спортот.
Згора на тоа, кампањата на „Коалицијата против трговијата со жени“ не е насочена ниту кон трговијата со жени, ниту кон принудната проституција или експлоатацијата на проституцијата, туку кон проституцијата.
Зошто некој би плаќал за нешто кое може бесплатно да го добие? Денес барем женските се лесни, нема потреба од ваков вид на трговии..
Verojatno zatoa sho i mashkite se lesni i glupi, pa lesno e da im izvlechesh pari...
која е таа јавност и која е таа перцепција што ги смета фудбалските транфери како составен дел од спортот? еве јас на пр. а и сите кои ги познавам воопшто не мислиме така...
ама еве друга перцепција- проституцијата речиси секогаш се поистоветува со трговијата со жени и со нивната сексуална експлоатација.
еве ти и трета перцепција- фудбалерот има договор со својот менаџер кој му ја менаџира кариерата и трансферите соодветно, со две примарни цели- парите(многуте пари) и спортското докажување. Проститутката (онаа која е во таа професија доброволно, иако и тоа ми е дискутабилно) има (се сомневам за писмена форма) договор со својот макро со цел пари, и , не верувам, сексуалното докажување (подем во кариерата и сл.).
Понатаму се перцепциите- секоја проститука од горниов случај би ја променила својата професија за понаква, истоветно платена. Секој фудбалер не би го сторил истото.
И уште нешто - проституцијата како вносен бизнис и доведува до потребата од вработени, следствено и нивно илегално внесување во бизнисот и трговија со истите. Аналогијата со спортот, фудбалот и третирањето на фудбалерите како стока за продавање не е таа.
Начелно не сум противник на (регулираната) проституција. Ама сум противник на вакви (за мене) неумесни споредби.
Фудбалот одамна не е само спорт туку, пред се, голем бизнис.
Сексуалната работа, пред се, е бизнис, а споредбата со спортот беше наменета да ни помогне да ги согледаме нашите двојни стандарди.
Дебатите се вртат главно околу тоа што прави поголема штета: криминализацијата на проституцијата или регулирањето на сексуалната работа?
Според мене, ваквите кампањи против трговијата со жени, кои не ја таргетираат ниту трговијата ниту принудната проституција, прават голема штета затоа што ги зацврстуваат негативните стереотипи дека проституцијата, принудната проституција, и трговијата со жени се едно те исто.
И? Кои се сега нашите двојни стандарди? Она што го осудуваме кај трговијата со жени*, го толерираме и сметаме дека е сосема оправдано кај трговијата со фудбалери?
*интересно ми е што е трговија со жени , а не со проститутки - исто како што е трансфер на фудбалери, а не на мажи...
Не иронизирам , напросто прашувам.
Трговијата со луѓе може да се врши и заради многу други нешта (принудна работа, принудни услуги, ропство или пракси слични на ропство, слугување или вадење на органи), не само заради сексуална експлоатација.
Според сегашните дефиниции на трговијата со луѓе, согласноста на жртвата е ирелевантна, кога имаме „давање или примање на пари или корист, заради постигнување на согласност на некое лице кое има контрола над друго лице, заради потребите на експлоатација“ (извадок од Протоколот од Палермо)
Со тоа, практично, не само на принудените проститутки, туку и на слободните сексуални работнички им се оневозможува да бидат „трансферирани“ од еден менаџер на друг.
Хипотетички, тврдам дека и во случај на „трансферираните“ фудбалери станува збор за трговија со луѓе заради експлоатација, и покрај тоа што земаат толкави суми пари.
Не мислам дека фудбалерите се „греотички“, како што не мислам ни дека најголемиот број број од жртвите на трговијата со жени не се жртви.
Моето мислење е дека она што ги прави жртви не е самата трговија, туку другите облици на прекршување на човековите права (лишувањето од слобода, мачењето, засновањето ропски однос, принудувањето на проституција, силувањето, тепањето, одземањето документи, итн.)
Се извинувам ако забегав малку во подробности. :)
Пред се’, мислам дека треба да бидеме политички коректни и да говориме за комерцијални сексуални работнички/работници, а не проститутки (имено, конотацијата на зборот проститутка е премногу библиска).
Мене пред се’ не ми е јасно зошто ги поистоветувате трговијата со луѓе (што меѓу другото вклучува и трговија со жени) со комерцијалниот секс. Тоа си е право на избор.
А сеа... експлоатација. Па експлоатацијата доаѓа сама по себе, нели во светот владее феудален капитализам? И не се само жените. Што правиме со мажите, комерцијални сексуални работници? Не знам каде, но јавија дека и побарувачката на машка сила исто така пораснала со светсково првенство у Германија...
"не ми е јасно зошто ги поистоветувате трговијата со луѓе (што меѓу другото вклучува и трговија со жени) со комерцијалниот секс"
- напротив, се обидувам во постов и коментариве да укажам дека некој друг ги поистоветува („Коалицијата против трговијата со жени“).
Инсистирам на разлики „жртви на трговија со луѓе“, „жртви на принудна проституција“, и „слободни сексуални работнички/работници“.
Prostitucija ili Konstitucija za- stav ili u stav, fudbaleri koj ke im plati poveke tamu igraat gi boli za klubot za klubskite boi Juve u druga liga i site magla ke igraat za pari drugde, oni od Vardar a i site mak klubovi igraat za da se prodadat u stranstvo i niv gi boli za Vardar menjavaat dresovi ko prostitutka .... znaci prostitucija e koga ti plakaat za da zazemes stav seksualen, politicki, sportski pari za-stav iako ne sakas da imas takov stav seksualen , politicki , sportski, e toa kaj navivacite go nema nikoj ne zema pari za da naviva za onie za koi ne mu se naviva a i nikoj ne plaka za toa znaci nema navivacka prostitucija ......
That's a great story. Waiting for more. » »
Објави коментар