Извадок од месечниот извештај за месец мај, на Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија, од делот во кој се критикува текстот на последниот Предлог на закон за полиција (од март 2006 година) :
„Можната тортура се спомнува во став 4 од чл. 79 од законот во една реченица: забранета е употреба на средства за присилба заради изнудување на признание или изјава. Нема механизам за жалба, нема контрола, нема процедура, посебна истрага, или било која друга активност која би соодветствувала на стандардите на Советот на Европа според кои: полицијата има обврска да направи најмногу што може за да запре вакво однесување.
Наспроти стандардите, не е предвидена обврска за пружање помош на повредено лице спрема кое е применета присила. Според законот самиот полицаец утврдува дали е тоа неопходно и дали тоа го дозволуваат околностите. Дали во практика тоа значи дека доколку е студено полицијата нема да му помогне на повредениот кој паднал во река и се дави?“
Покрај отсуството на механизми за заштита од тортура, меѓу другото, Хелсиншкиот комитет укажува и на отсуството на ефикасни механизми за контрола на полицијата, на нееднаквоста на граѓаните и полицајците во случај на прекршување на законот, на нетранспарентноста на полицијата („граѓаните не можат да добијат информација за тоа: како, со кој акт и со кои овластувања и под чија надлежност делува специјалната единица Алфи“), како и на практиката на безразложно легитимирање и евидентирање „...ако се однесуваш на начин кој кај некој полицаец ќе предизвика сомневање дека би можел да сториш прекршок“.
Ќе вети ли пред избори некоја од партиите дека ваков небулозен закон нема да биде донесен?
Мал мултимедијален водич за референците од стрипот „Стармен: Годините на
Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
-
Насловната страница на стрипот
„Стармен: Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
На 8 јануари, по повод роденденот на Дејвид Боуви (1946-2016) напиш...
Пред 1 година
2 коментари:
„Јован Стојановски во вторникот попладнето беше приведен од својот дом и однесен на отслужување на шестмесечната казна затвор во Шутка. Само да потсетиме дека Јован Стојановски е човекот којшто беше обвинет за напад врз Спасе Шуплиновски за време на промоцијата на здружението на граѓани РАДКО...“
http://www.tribune.eu.com/articles/1887.html
Very nice site! Zocor and diabetes contact internet lens order
Објави коментар