Да не прочитав у весник, немаше да знам дека сум ти бил „латентен хомосексуалец“. Над мојот текст „Со љубов против омразата и насилството“ објавен во „Неделно Време“ стои уреднички наднаслов „ХОМОСЕКСУАЛЦИТЕ КОНТРА МПЦ“.
Сега знам што да очекувам за следниот пат кога ќе пишувам за правата на зависниците од дрога, за правата на сексуалните работнички, за правата на жените, за правата на затворениците, за првата на болните во психијатриските установи...
Еве и дел од коментарите на читателите:
„...за тие изроди треба само куршум (или депортација во некоја исламска земја)“ (Јас, Македонец)
„... навистина би било убаво еден ден некој да ти бркне во дебелото црево за прилично добар хонорар.“ (никој и ништо)
„па добро бе педери, нормално ли е или природно што се ебете? погледајте во природата, ниту мајмуните не го прават тоа. да ви дадат право на брак, утре ќе побараат педофилите, некрофилите, итн... скријте се во некое дувло и доста за тоа.“ (робинхуд)
За жал, слично размислуваат и некои наши универзитетски кадри и познати јавни личности кои отворено шират хомофобија во своите училници и при јавните настапи.
Ако промовираш насилство, можеш да добиеш и место во парламентот.
Ако промовираш поинаква љубов, можеш да очекуваш куршум, ќотек или депортација.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
16 коментари:
јас, на дискусија меѓу група идни политолози, бев оквалификуван како:
- педер
- дебил
- болен
- за стрелање
- за затвор
- за прогон
само поради тоа што искажав неколку ставови, блиски до твоите.
у план ми е да напраам анкета меѓу идните политолози со прашања на кои се одговара со „за“, „против“ или „воздржан“ и опционално образложување..
1. воведување смртна казна
2. одржување геј парада
3. легализација на лесни дроги
4. легализација на проституција
5. брак со припадни(ч)к(а) на друга етничка заедница
од досега заклученото сигурен сум дека 1. ќе биде усвоено со 2/3 мнозинство, а све останато отфрлено..
*од досега ВИДЕНОТО и ЧУЕНОТО
Оваа дебата е многу нова кај нас. За очекување е дека како што ќе врви времето, сè поголем број луѓе ќе можат да толерираат различности во сексуалната ориентиација.
Да ги цитирам мајка ми и нејзините пријателки:
„Немој да ми ги браниш тие дегенерици! За нив само бесилка и тоа на плоштад... Туку, и ти да не си педер? Кажи, ако си, да ти го тражиме чарето!“
;)
Јас не знам од кај им е податокот дека ниту мајмуните не го прават тоа. Од она што сум на гледал на Dicovery, National Geographic Chanel и други документарки за животни (а многу сум изгледал затоа што ги обожавам животните)кај сите животински видови е забележана хомосексуалноста. Дури има цели документарки за хомосексуланоста кај животните која секако не се третира како болест која треба да се лечи. Па сега нека видат коментаториве на текстот на Жаре малку во природата и што се е природно.
Баждарџијата е у право за мајмуните и останатите животински видови. Во книгата „Сексуална врска“ - парење на див начин, има цело поглавје од 35 страни за „содомитските“ практики кај животните. Кога се зборува за педерастија се спомнуваат гуштерите, рибите, змиите, индиските слонови...
Еве уште еден мошне загрижувачки хомофобичен бисер од некоја „загрижена мајка“:
„smetam deka za ovie bolni gnasni umovi od pederi i lezbijki ne treba da se diskutira i voopsto da ne im se dava moznost da se pisuva za niv i da se komentira dali imaat pravo ili ne po javnite mediumi.Crkvata e vo pravo. Od takvite bolni strukturi se unisti Sodom i Gomor, a kako sto trgnalo ke se unisti i svetov. Ovie gnasi sto licat na lugje se duhoven i opstestven raspad i vodat samo kon propast. Treba da se sprecat da ne im se dade moznost voopsto da im tekne da gi pravat tie gnasotii. Tie se vo sojuz so satanata i se soglasuvaat so nego i ako ne se vratat na praviot pat gi ocekuva isto sto i satanata da bidat unisteni zasekogas. Ne se za opravduvanje po nieden osnov i tocka.“
колку фрустрирачки е сето тоа..
Мене не ми е јасно од каде толкава омраза и згрозување од хомосексуалноста. Станува збор за ЉУБОВ кон сопствениот пол која не штети никому. Хомосексуалците не наведуваат други лица да бидат како нив, туку сакаат да бидат и во јавност тоа што се без некој да покажува со прст на нив.
Се молчи за педофилијата која е грозоморна, а се напаѓаат хомосексуалците. Се наоѓа оправдување за секакви криминални дејствија и малициозни постапки, ама им сметаат хомосексуалците.
Дали со нивното напаѓање сакаат да прикријат некои општествени и психолошки девијации, истакнувајќи дека хомосексуалноста е болест и против верата?!
Природност и хомосексуалност, напис што содржи и експлицитни фотографии од животни-хомосексуалци и хомосексуалки.
This is very interesting site...
»
best regards, nice info G msn com1cl91enus7 q www sportsbook com2f 2005 nomad 3280 travel trailers
That's a great story. Waiting for more. Alarm car car manual security Short run screen digital printing Cisco catalyst 1700 Asian dick white hoe Buy whole sale ink cartridges Electric face lift at home who invented the motor driven vacuum cleaner how do kindergarteners use overhead projectors Aqua tech filter parts Inspirion 5150 to hook up to a projector Alabama mesotherapy cheap tv projectors
Best regards from NY! Ebony big tits galleries lexus Accutane+cause+hair+loss Fuerteventura webcam 1949 gmc What drugs cause erectile dysfunction punk and hardcore http://www.bmwx39.info/Vwrabbitswicthbladekit.html Worlds thickest penis false internet advertising wheelchairs rosacea acid alkaline adult erotic text stories
I have been looking for sites like this for a long time. Thank you! » » »
Објави коментар