Кај нас има неверојатно чудни интерпретации на концептот на „човекови права“. Еве што укажува Кочо Андоновски:
„За албанскиот блок ние, нехетеросексуалците, едноставно не постоиме, без разлика дали нивната „политичка ориентација“ е „лева“ или „десна“ и без разлика што нивните платформи и програми се базираат на промоција на принципот на човекови права. Тие очигледно си имаат своја дефиниција за човековите права. Очигледно, според нивната дефиниција, не може секој човек да има права.“ (во текстот „Државата за едни мајка, за други маќеа“ - Неделно време)
Кога може нашата држава да промовира „човекови права“ само за граѓаните, зошто и етничките партии да не си промовираат „човекови права“ само за Македонците, Албанците, Турците итн., зошто и хетеросексуалците да не си промовираат „човекови права“ само за хетеросексуалците?
Ептен сме тапа за човекови права. Да потсетам, МВР сеуште се повикува на „Универзитетска декларација за правата на човекот, донесена на 10.12.1948 година“.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
3 коментари:
хе хе, мислам дека им е боља онаа: Конвенција за приватна продажба на лица без државјанство...па нели бе водат борба против трговија со луѓе? она приватната ме буни, но МВР си има свои правила на игра и свои конвенции кои ги почитува.
Изгледа знаат у МВР дека бизнисот лежи у „приватна продажба на лица без државјанство“ :)
Where did you find it? Interesting read Abdominal liposuction chicago what is ativan Lance cancer jeep air suspension Lipitor rhabdomyolosis Che-chent chairs
Објави коментар