Ова веќе станува неподносливо безобразно:
„Пари за невладините организации: За синдикатот два, за борците 1,2 милиони денари“ - „Тоа што распределбата годинава се поклопува со изборната кампања е сосема случајно, објаснуваат од Владата.“
Ова смрди на купување гласови пред избори со буџетски пари:
„ССМ до крајот на месецов треба да одлучи дали и која програма од политичките партии ќе ја поддржи за овие парламентарни избори.“
Ова базди на корупција:
„- Освен оваа директна помош од буџетот, Владата му плаќа и кирија на Муратовски, а добива тешки милиони и преку јавните претпријатија. Од 15 ката во зградата на ССМ, Синдикатот држи само 4, а за останатите 11 ката Владата му плаќа кирија, бидејќи наместо државните институции како Уставен суд, Обвинителството, Фондот за пензиско да ги стави во свои простории, тие се кај Муратовски и му помагаат со кирии - вели Дојчин Цветановски од КСС.“
Иронијата да е поголема, еве што пишува во Програмата на ССМ:
„Сојузот на синдикатите мора да биде во првите редови во борба против корупцијата во рамките на своето место што го има во општеството.“ (РЕЗОЛУЦИЈА против корупцијата и борбата за нејзино сузбивање).
Иронијата да е уште поголема, ССМ воопшто не е регистриран како здружение на граѓани.
Потсетувам на реакцијата на Хелсиншкиот комитет кога Владата во 2003 год. му додели на ССМ четвртина од буџетските средства наменети за здруженијата на граѓани:
„Ваквата одлука на Владата е без преседан затоа што ССМ не е организација регистрирана според Законот за здруженијата на граѓани и фондации - синдикатите кај нас се регистрираат врз основа на Законот за работни односи и се запишуваат во посебен регистар кој го води органот на државната управа надлежен за работите на трудот, додека здруженијата на граѓани се запишуваат во регистар што го води основниот суд на чие подрачје се наоѓа нивното седиште.“
Која Влада не би посакала ваков „независен, рамноправен и признат партнер во социјалниот дијалог“?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
0 коментари:
Објави коментар