Дали нашите судии судат според Уставот и законите?
Или пак судат самоволно, по сопствен ќеф?
Еве што известува Време за сослушувањето на еден од клучните сведоци во случајот „Југ“:
„Тој на судењето беше опоменат за недолично однесување бидејќи на Судот му се доближи џвакајќи мастика, по што му беше наредено да најде канта за отпадоци и да ја фрли мастиката.“
Дали некаде во Уставот и нашите закони пишува дека е забрането џвакање мастика? Меѓутоа, во Уставот убаво си пишува дека „Во Република Македонија слободно е се што со Уставот и закон не е забрането“.
Ако ниту во законите нема таква забранувачка одредба, ако ниту во судницата нема закачено „куќен ред“ во кој експлицитно се забранува џвакање мастика од страна на сите присутни, тогаш станува збор за самоволно ограничување на слободата од страна на судијата.
Што има недолично во џвакањето мастики?
Гордо си џвакам мастики секојдневно, во различни ситуации.
Од каде Судот има надлежност да и се заканува на мојата лична слобода со тоа што ќе изрекува самоволни и сосем бесмислени забрани, спротивни на Уставот и законите?
Џвакањето мастики насекаде е израз на мојата лична слобода.
Забраната за џвакање мастики е израз на тоталитарен менталитет.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
6 коментари:
абе жар, недај боже да си имаш долга коса и да се појавиш пред суд така неуреден, или можеби небричен или поднкикната, па на суво да мора пред судијата да се бричиш...тоа би било супер, пред влез во судница да има жилетче и водичка да се подуредат луѓето по аршин на судијата-стилист
а бркање од предавања и кратење оценки ради мастика или куси панталони или што и да е? и сето тоа во согласност со „етичкиот кодекс“, во кој покрај другото, НЕ е наведено „забрането џвакање мастики“ или „забрането носење кратки панталоно“..
но, пишува на пример „забрането присилно продавање учебници“ и сл..
Па забрането влегување во универзитетска библиотека по бермуди
(чуварот: - да беше женско, може:))...
Проблемот лежи во тоа што никој не знае дека треба да си го прочита уставот, и тогаш ќе знае дека може во своја одбрана да каже: "Дали некаде во Уставот и нашите закони пишува дека е забрането џвакање мастика? Меѓутоа, во Уставот убаво си пишува дека „Во Република Македонија слободно е се што со Уставот и закон не е забрането“."
Wonderful and informative web site. I used information from that site its great. Danger adult ritalin cheap ps2 video capture cards telephone headset symptoms of withdrawal from vicodin Dangers of vicodin on vicodin alcohol consignment designer handbag louis vuitton Blackberry thumb photo spyware Land rover defender double cab pick ups wheel m&s systems cleaner oreck rating vacuum
You have an outstanding good and well structured site. I enjoyed browsing through it Large penis in art show Predict keno numbers Construction loans owner builder Email marketing firm search engine submission Anime girl dress up game Where can i buy viagra online Ge smarthome surveillance When did nelson mandela and winnie divorce Canon rebel sepia digital camera computer based video surveillance Download crack cybersitter Meta car alarm
Објави коментар