Ако 90% од се е ѓубре (според Стерџеновиот закон), тогаш навистина не ми е јасно што се настрвиле некои мислители да ја критикуваат токму блогосферата:
"Right now, and for the foreseeable future, the blogosphere is the friend of information but the enemy of thought." (Alan Jacobs, "Goodbye, Blog").
Претпоставувам дека вакви лажни генерализации имало и од некои поклоници на „ресавските школи“ после биг-бенгот на Гутенберговата галаксија.
Блогосферата, сама по себе, не може да биде сметана за „непријател на мислата“ само поради бројноста на арогантните, игнорантните и тврдоглавите коментатори и блогери.
Зад дел од ваквите критики можеби стојат нереалните очекувања дека мислата поскоро ќе блеска во коментарите, отколку во постовите, или дека мнозинството блогери ќе почнат да мислат со своја глава наместо само да линкуваат до туѓи мисли.
Сепак, да се прогласи блогосферата за непријател на мислата, е слично како да се прогласи Гутенберговата галаксија за непријател на духовноста и калиграфијата.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
0 коментари:
Објави коментар