Кога „стварноста“ во социјализмот беше лево, младиот Бранислав Саркањац беше надежен идеолог на левицата.
Саркањац порасна, левичарските илузии се распрснаа како меур од сапуница, и сега разочараниот левичар е советник на најголемата десничарска партија. Неочекувано стана идеолог на конзервативизмот кој „не ја мириса многу идеологијата“.
Во најновата колумна, Саркањац тврди дека „Стварноста денес е десно“. Како и многу други разочарани хегеловци, тој денес смета дека „се што е стварно е и умно“.
Ако утре „стварноста“ случајно се помести накај центарот, и Саркањац умно ќе се помести накај центарот. Ако пак „стварноста“ се врати на лево, умниот Саркањац пак ќе стане левичар, оти „стварноста“ тогаш ќе биде лево.
Наравоучение: Бидете умни, бидете со „стварноста“.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
6 коментари:
прагматично :)
Него, те додадов на блогрол, можеш и ти, ако сакаш.
прагматично или опортуно? :)
Еден афоризам вели-
„ Се боревме со ветерниците, додека не почнавме да се вртиме како што дува ветерот“.
Сончоглед - философија...
Затоа и се едно од најпознатите дела
;)
камелеони и сончогледи - ем умни ем со „стварноста“ - полна капа, вртикапа.
This is very interesting site... » »
Објави коментар