Дендрофилија значи љубов кон дрвјата.
Дендрофил е оној што ги сака дрвјата.
Според некои објаснувања, станува збор за невообичаена љубовна состојба во која „некоја личност е сексуално привлечена или заинтересирана за дрвја (веројатно поради нивниот фалички симболизам)“.
Може да значи и обожување на дрвјата како симболи на плодност.
На интернет можат да се најдат групи на луѓе кои сакаат дрвја и кои споделуваат фотографии на нивните омилени дрвја.
Типична дендрофилска фотографија.
Типичен дендрофилски филм.
Дали и дендрофилите се „ненормални“ и треба да се „лечат“? Дали треба да ги оставиме на раат затоа што не прават штета никому?
Познавате некој/а дендрофил/ка?
Дали би го/ја прифатиле ако посака јавно да го изрази својот сексуален идентитет?
Мал мултимедијален водич за референците од стрипот „Стармен: Годините на
Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
-
Насловната страница на стрипот
„Стармен: Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“
На 8 јануари, по повод роденденот на Дејвид Боуви (1946-2016) напиш...
Пред 1 година
23 коментари:
да не испробуваш терен, бидејќи ако не се лажам, еднаш изјави на блогов дека си дендрофил.
друго ми беше зборот- не разбирам каков секс се има со дрвата- додуша за мажите некако и сфаќам (некако!), но за жените стварно ја немам сликата...
доколку целиов пост е метафора за различните сексуални идентитети ан женерал, горниве муабети нека не се земаат во предвид.
Дискутабилно, навистина! Колку и да сакам да сум оупн манјдид во врска со ова, ми останува дилема: а што кога дендрофилот/ката ќе реши (и дали воопшто решава?, не сум баш информирана за ова) да ја практицира својата љубов или својата сексуалност? Може да се прошири контекстот и на зоофилијата: дали сексуалниот интеркорс меѓу човекот и животното е исто само еден аспект на различноста? Што со свесната согласност, взаемноста на желбата?
Еве, ставив и една уметничка фотографија пригодна за темата :)
- „Што со свесната согласност, взаемноста на желбата?“
: Дали сексуалните помагала имаат желба, и дали даваат свесна согласност да бидат користени при сексуалниот чин? (шала мала)
Но, кои се границите на сексуалната слобода?
Ако е слободно се што не е забрането, и ако никаде не е забрането да се има секс со дрвја, тогаш дендрофилијата, во принцип, е една од сексуалните можности што ни стојат на располагање.
Дајте противаргументи, ви се молам!
верувал или не го знам терминов одамна, ама не ми текнува од каде.
во принцип ништо не е забрането. освен ако не прави штета на некој друг човек (или животно). и тоа. на крај на краиштата, иако чудна, дендрофилијата веќе ако сериозно ја разгледуваме на некој начин е многу „почиста“ од некои други фетиши кои постојат.
дендрофил беше типот кој на дискусијата у точка се пожали за кермес, а исто бараше некој да се врзе за дрво ко ќе се сечат за проширување на булевар некој :)
Иронијата да е поголема, на чоекот му „откажа љубов“ дрвеното столче на кое седеше. :)
http://www.imdb.com/title/tt0228687/
а ова е плодот на љубовта дендрофилска..
http://www.imdb.com/title/tt0228687/
a тоа е плодот на љубовта дендрофилска
:)
Иронијата да е поголема, на чоекот му „откажа љубов“ дрвеното столче на кое седеше. :)
--------
веќе пет минути се церекам.. не не, ова е кРАЈЈЈЈЈ!!
:)))))))))))))))))
:))))))))))))))))))))
ако го имаш филмот, радо би се мењал... имам и јас сигурно нешто од филмови да понудам. :)
Ете, изгледа стариот добар Ѓепето е дендрофил.
Па тој не е нормален бе, па тој треба да се лечи, човече!
И да се забрани приказната!!!
пар ствари ме заинтересираа.
дали дендрофилијата се однесува само на сексуалната привлечност што дрвата ја будат кај дендрофилот, или според екстензивново тумачење, се однесува и на љубовта на родителот кон детето на пример( макар и да е од дрво)?
како се определува чистотата на фетишите, бидејќи глеам погоре, тоа е земено како еден вид проаргумент за дендрофилијата? и дали се мисли на чистотата како хигиена или во симболичка смисла (као ментална хигиена да речеме)?
дали дендрофилијата е араузал сама по себе( доволно ти е дрвото со кое го добиваш врвот на својата возбуда) или служи како стимулатор на даљни меѓуљудски секс?
океј е да е слободно се што не е забрането, а како се определува што е забрането? со кривичен законик? и кој определува? владеачката класа?
"океј е да е слободно се што не е забрането, а како се определува што е забрането? со кривичен законик?"
Да, се што не е забрането со кривичен или друг закон, е слободно.
Од правна гледна точка.
Дилемите околу „чистотата“ се морални дилеми, и за тоа предлагам едно читање на книгата „Санитарна енигма“ :)
Дендрофилијата не е сфатена исклучиво како стимулација за хетеро-секс, туку како автентичен сексуален или љубовен однос, кој може да подразбира и „стабилна“ и долготрајна врска со некое дрво.
Врска во која што љубовта цути! :)
Една дилема ме мачи - дали дендрофилот може да биде љубоморен, на пример, на некоја птица што изградила гнездо на дрвото?
а зошто ми го прескокна првото прашање?
и последното- кој определува што е забрането, макар и од правна гледна точка? треба да стои одредена аргументација зад она во КЗ, нели? извира ли таа од моралните стојалишта на општеството, тоест неговите елити?
чистотата на фетишите не беше спомената како морална дилема, туку како аргумент во полза на дендрофилијата - еве да шпекулирам дека од тој аспект, golden shower веројатно ќе се смета за повалкан фетиш...
зашто дендрофилот да биде љубоморен на птицата што свила гнездо (освен ако меѓу птицата и дрвото не се развие афера,макар да грото птици свиваат гнезда, тоест се удомуваат при создавање семејства). Сенким дрвото треба да е љубоморно рецимо на цимерот на дендрофилот?
сексуалните можности, и со луѓе, и со дрва и со камења се едно, стабилните и долготрајни врски во кои цути љубовта се друго. или?
впрочем, како што рече и самиот, кои се границите на сексуалната слобода?
Ана... Границите на сексуалната слобода допираат до оној степен до каде задоволувањето на нашето либидо не нанесува штета врз нечиј субјективен телесно-душевен-сексуален интегритет.
У случајов, дрвото de facto е промискуитетно. Тешко е да се поврзе неговото промискуитетно однесување со волјата (?!) која евентуално дрвото би ја имало, а која (повторно) евентуално не може да ја искаже. А како тоа ќе влијае врз дендрофилот и воопшто врз нивниот однос? Зависи од карактерот на дендрофилот.
Мене дендрофилијата ми е на некој начин поврзана со целата теза околу Gea - организмот на кој ние живееме...
И повторно - ништо човечко не ми е туѓо!
А што ако си моногамен дендрофил, одиш на пат и гледаш едно дрво во предизвикувачка поза? :)
јеби га, привремено го прекинуваш патувањето и се качуваш на дрвото :)
кој треш...сеа ми е криво што не отидов на макс љубов моја...
едвај чекам соочи се со различноста други део!
"јеби га, привремено го прекинуваш патувањето и се качуваш на дрвото :)"
од ова заклучувам дека не си "за озбилно" со ниедно дрво - или не си моногамен.
Види, можам да набројам барем десет причини зошто моногамната врска со едно дрво е подобра од моногамната врска со маж/жена.
Ама, какви се овие инсистирања за моногамност во пост насловен „Соочи се со различноста“? :)
и моногамноста може да се смета за различност :)
и моногамноста може да се смета за различност, ама многу еднолична и досадна :)
дали е кривично дело ако истепам 2 педери, под основа дека правеле лоша слика за децата, со тоа што се држеле за рака или се лапале во јавност?
Објави коментар