Веројатно ви е позната фројдовската метафора за свеста како врвот од сантата мраз кој ѕирка над површината на водата, под која лежи најголемиот дел од сантата – несвесното.
Ми текна на таа метафора откако ја прочитав новата колумна на Боцевски, во која се залага за градење нови институции за „менаџирање на минатото“, и во која констатира:
„...дури и ние родени во седумдесеттите и осумдесеттите години на минатиот век се уште живееме во земја со фингирана историја, фингиран идентитет и фингирани величини, па нашиот пат низ животот, за жал, многу повеќе го определуваат контактите со овие рецидиви од тоталитарното минато, отколку нашиот ум и труд.“
Предлогот за проширена собраниска комисија за расчистување со минатото (со тригодишен мандат) е интересен, меѓу другото, затоа што ќе и овозможи на сегашната гарнитура да се занимава со сегашноста и иднината, истовремено создавајќи документирана основа после која ќе може да се покрене собраниска и јавна дебата за „црните дамки од историјата“. Инаку, ако се зафати ведна со „жешките костени“ од минатото – новата влада може да заврши како „Титаник“ – а повратниот удар на „несвесното“ може да предизвика разорни последици и во нашиот колективен политички ум.
Се согласувам со Боцевски дека „Во овие услови на „замрзната слобода“ невозможно е да се раскрилат креативните енергии на индивидуите во Македонија во сферата на економијата, уметноста, науката, политиката, па дури и стилот на животот.“
Мојата прогноза е дека де-фингирањето на историјата, идентитетот, „величините“ и „авторитетите“ ќе се случи прво на блоговите. Блоговите веќе даваат голем придонес во одмрзнување на креативната слобода, честопати фузирајќи креативни индивидуални енергии во плодотворна критичка расправа.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
3 коментари:
Наивно е верувањето на Боцевски дека Собраниска комисија со мандат од три години ќе успее да ја препорчита, менаџира или лустрира историјата во деценииве наназад. Уште понаивно делува вториот дел за создавање на Центар или фондација кој би ја продолжил раобтата. Институции кои се бават со историска наука имаме, а имаме и кадри кои не го знаат времето кое би го лустрирале. Поарно е да ги прочистиме институциите место да создаваме нови институти за лустрирање на старите.
Тука станува збор пред се за политички процес. Научните институти, МАНУ, историчарите, тие треба да си го расчистат својот двор. А политичарите својот.
Ех, а зошто претходната гарнитура (од која Боцевски беше Дел) не најде сили да расчистува со минатото, туку дури и обратно, да го заматува. На изложбата за сите македонски влади од 1944 во холот на Владата што тие ја поставија и седеше таму со години беше изоставен цел панел за 2001 година и Владата која беше формирана тогаш.
Објави коментар